Колку ми е мака што Амар не победи. Иако знаев дека ќе победи Орце, најмногу поради неизлезеноста на неопределените. Ама не ги можам вмроовциве со ова нивно перчење кој ќе ги трпи. Ми се повраќа. Секогаш биле такви и такви ќе оатанат безобразни, хулигани, невоспитани. Колку се обидуваа да го оцрнат Амар, многу ниски удари. Уште да загреел столче да завршел факс. Какво надмено однесување
Кичево и Брвеница браво. Вечерва полно срце. Е тие две се причина за славење дефинитивно. Максим во Куманово победил со 18% Еее, за илјада гласа разлика, ни вмро ни знам не ќе му беа доволни. За повеќе типс енд трикс како се руши репутација за година дена, обратете му се. Само не знам шо победа слави тој Кочани. Сакам да пишам нешто ама не знам како да опишам што мислам и чувствувам. Ко ќе речеле газат преку лешеви за да успеат, еве на што мислеле. Којзнае која пара е фрлена на ромите таму. И Чешиново - Облешево влегува тука. Валандово и Пробиштип се меѓу најголемите губитници на избориве. Дефиниција за необјективно гласање. Посебно Валандово. Ама тоа е. Валандово денес беше главна тема за сите тортури што се правеле таму. Од прв круг Габи за Битола уште ја немам преболено. И така.
Баш ми е чудно некако со толку мала излезност и гласови. Математички испаѓа дека го гласале само ботовите,администрацијата и пензионерите во Скопје. Не сум сигурен ама или изгубиле доста гласови и доверба и тие од граѓаните на Скопје. На кампања со истурени милиони евра и 100% пропаганда на сите национални телевизии + веројатно сите социјални мрежи наспроти овие со неколку илјади евра...требаше да е можда соодносот 5 : 1 во најмала рака. Ама мислам нормален човек не би паднал на главна кампања дека ќе се чисти ѓубрето. Тоа е нешто што се платени 24/7 да го прават. Граѓаните на Скопје тие што бојкотираа сами си дадоа жолт картон.
Мило ми е за Кичево, ама истото можеби можеше и во Струга да се постигне. За иронијата да е поголема, тие што го поддржаа струшкиот победник (читај ВМРО) отидени се да слават во Кичево, наместо да кренат македонско знаме низ орлите и да слават во својот град. Дволично и мизерно е, мандатите и животот им се во Струга, немаат ништо од таа победа. И да не се разбереме погрешно, немам ништо против албанците, баш напротив, ми се нашле многу повеќе од наши во разни ситуации. Имам против победникот, пошо голем дел од проблемите што ги имаме во Струга (на пр. недостатокот на вода) е за негов личен интерес (има куп, и гради уште нови згради, и со тоа уште толку ја загрозува и онака застарената водна мрежа). Ама вмр-овциве и магаре да ставеа, за магаре ќе гласаа.
Орце е доказ дека невоспитано арогантно копито ниедна диплома не го оправа. И прашање е колку му е легитимна дипломата. Амар ќе ги доземи преостанатите испити без проблем, ама копитото ќе остани копито до крај. Нека си се сврти прво кон своето членство па после да бара дипломи од други. Амар изваде 60к+ илјади гласови со цензури и со црни кампањи против него, ко трета опција, тоа е сепак доказ дека вреди и дека живее надеж во народот. Стаорецов победи најмногу ради неизлезеноста (баш она што го кажувавме, ако не излезиш да гласаш автоматски го поддржуваш него), нема многу гласови ко за победник на ниво на Скопје.
Пишав погоре победи македонец дека беше кандидат од вмро. И гласаа за нив и сдс и левица. Да беше кандидат од сдс или левица вмро нема да го гласаше. Како Мојсоска во Струга. Ме интересира дали Мојсоска имаше шанси во Струга?
И гледај, Амар победи во Центар и Карпош. Орце разлика има направено во Чаир (3000), Шуто Оризари (2000) и Сарај (3000). Значи 1/4 од разликата ја направил коалициониот партнер
И јас се мислам да го направам истото. Инаку Орце нека почни прво да дели совети за дипломи во своите партиски редови, после на другите. НОВИОТ ШЕФ НА МАКЕДОНСКАТА ТАЈНА СЛУЖБА ХРИСТОВСКИ ИМА ФАЛСИФИКАТ ДИПЛОМА ЗА АНГЛИСКИ ЈАЗИК ИЗДАДЕНА ВО НЕПОСТОЕЧКО ШКОЛО ВО ПЛОВДИВ, ОБЈАВИ БУГАРСКИ „ФАКТОР“
Верувај не можеше. Среќен сум за Кичево ама ова е 4 годишен договор тоа го знаат и Македонците кои го пратат западниот дел од Мкд. Влен имаше приоритет: Чаир,Тетово,Струга.. таму имаат највеќе капитал. Кичево едноставно тие го дадоа за возврат на гласовите на ВМРО во останатите 3 места што ги спомнав. На сите 3 места урбаната мафија на Влен е на највисоко ниво. Сега ќе се цврсти. А Кичево за 4 год ќе го земат пак ако не се направи некој пазар. Едноставно и математички имаат повеќе население таму.
Добро Амар можда зел нешто во Чаир не пратам детално ама испадна дека повеќе гледачи имаа на завршниот митинг отколку гласови во Скопје. How
Не фаворизирам никој, пошто немам корист. Ама, ако рационално гледаме за Скопје со толку мала излезност и со такви гласови на против кандидатот ја не би сметала ова за апсолутна победа.
Ако ја поддржеа ВМРО и СДСМ можеби ќе имаше шанса бар за втор круг. Интересно е што во албанските села другиот кандидат имаше многу повеќе гласови отколку овој што победи. Затоа реков можеби. Реално не знам како стоиме процентуално македонци наспроти албанци заради преголемата дијаспора, ама некако мислам дека побројни сме, барем тие што сме тука.
Тоа јас го велам, ако во прашање е конечно враќање на Кичево, ако е изводливо, немаше да играат на мултиетничката карта - кандидат во мешан брак, ниту пак да молат кај беса за гласови. Ова e привремено, колку да се залаже членството на вмро и да се претстави некаков успех во досегашниот мандат кој е беден и очаен.
Амар во Чаир имаше околу 2500 гласа (значи и за него гласале од сите националности), Орце околу 5000. Изненадувачки е победата во Центар и во Карпош за Амар.
Процентуално во Струга мислам ако е нож до коска Македонец против Албанец секогаш одлучуваат Лабуништа и Октиси како поголеми села. Ама авионите играат секогаш кога не е сигурна победата. Нивните доаѓаат,нашите не. Тука е разликата.