Форумџика на годината

Локални избори 2025

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DS10, 29 мај 2025.

?

За кандидат на која политичка партија ќе гласате?

  1. ВМРО-ДПМНЕ

    50 глас(а)
    16,4%
  2. СДСМ

    21 глас(а)
    6,9%
  3. ДУИ

    2 глас(а)
    0,7%
  4. Влен

    1 глас(а)
    0,3%
  5. Алијанса на Таравари

    0 глас(а)
    0,0%
  6. Левица

    80 глас(а)
    26,2%
  7. ЗНАМ

    6 глас(а)
    2,0%
  8. Независен кандидат

    21 глас(а)
    6,9%
  9. Друг

    3 глас(а)
    1,0%
  10. Ќе го направам неважечко

    42 глас(а)
    13,8%
  11. Нема да гласам

    79 глас(а)
    25,9%
  1. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    2.183
    Имаме една не толку блиска роднина за вемеро е многу. Ја прашвме зашто трча по партијата, башка и сликана секаде до крадоначлникот.
    Абе знаеш како утре за децата си гледам да можат да ги пикнам некаде.

    Може и ќе ги пикне ако не изумрат децата од воздухот или недајбоже фатат слепо црево, а у клиника да ги дијагностицираат со нервозно црево и да им пишат нолплаза.

    Ве ме рооо ве ме рооо ти си наша судбинаа.
     
    На sparklie, Amelia, sino.o.oka и 10 други им се допаѓа ова.
  2. vlado_45

    vlado_45 Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2024
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Машки
    Југослав Спасиќ

    Честитам на довербата која му е дадена од поголемиот број гласачи на локалните избори на кандидатот на коалицијата ВМРО, ЗНАМ, ДПСМ и ВЛЕН г-дин Максим Димитриевски, за градоначалник на Општина Куманово.
    Огромна почит до сите 33.567 граѓани што гласаа.
    Неизмерно им благодарам на сите 15.461 кои гласаа интелигентно, храбро и достоинствено.
    Жал ми е за сите 60.465 кои не гласаа (од неприсутност, неодговорност, апатичност и кукавичлук).
    Оваа поддршка од 15.461 граѓани кои препознаа во ДИРО и РЕД за Куманово искрена желба за подобро, поубаво, похумано Куманово - Град достоен за сите негови жители, ни дава обврска да продолжиме да се бориме и придонесуваме за да се оствари оваа надеж, право и потреба.
    Без оглед на изборниот резултат, кој умее да чита помеѓу редовите, време е да има РЕД за Куманово!
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mendelez

    Mendelez Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    199
    Во секоја една држава дури и во САД тие одлучуваат зошто ги има најмногу. :D
     
    На Amelia и Biljarkata им се допаѓа ова.
  4. Darko90

    Darko90 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    3.941
    Пол:
    Машки

    Во оваа држава, одамна нема причини за славење, кога станува збор за политика пријателе.
     
    На Golden, Amelia, Mumoftwo30 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Mendelez

    Mendelez Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    199
    Олигарсите ќе слават сигурно. :D
     
    На sparklie, Amelia, JoyJoy и 5 други им се допаѓа ова.
  6. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    70.884
    Ако се точни податоците од фб страната Struga Press во Лабуништа и Октиси другиот имаше повеќе гласови, како и во повеќето други албански села. Значи овој издвои победа заради македонците. Инаку се согласувам, тие одсекогаш доаѓале, нашите во 2013 кога имаше заеднички кандидат не дојдоа да го поддржат
     
  7. Mendelez

    Mendelez Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    199
    Не го пратев вториот круг,ама во првиот најголемите "патриотски" села во Струга...Враништа,Мороишта,Таш Маруништа(познат по 2 август и слично) сите од ВМРО беа притиснати да гласаат за Влен. Веројатно и 2 круг терало така.
    Јована мислам во првиот круг во градот освои горе долу највеќе гласови,ама во градот.
     
    На Amelia, JoyJoy, Аргентина * и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. vlado_45

    vlado_45 Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2024
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Машки
    По ИМ во Куманово, Диро победил во речиси сите урбани: техничко, гимназија, економско, училиште - Кочо Рацин, Крсте Мисирков, Вук Караџиќ, Бајрам Шабани.. ЈП пазариште и чистота, Раб - универзитет...
     
    На No Makeup му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.700
    Допаѓања:
    200.512
    Евентуално на толку труење, народ добил тровање па морале да гласаат за против-отров.
    Беше Амар на Инфомакс, веројатно добар стратешки потез. Не ги можам тие Бивис и Батхед, и нему не му беше лесно, ама колку што видов, многу прибрано човече е.

    Ништо нема изненадувачки, Центар и Карпош се најурбаните скопски општини.
     
    На Amelia, Amellie13, JoyJoy и 2 други им се допаѓа ова.
  10. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.807
    Допаѓања:
    10.217
    Што се случуваше во Валандово?
    Цел ден бев надвор денес во Валандово, времето беше бомбона, со бебе. Баш мислам улица нема каде не поминав со количката шетајќи, ништо не забележав. Ниту пак слушнав нешто од некој друг, во центарот на градот живеам...

    Од страна кој сака може да зборува, јас можам да кажам за Скопје каде живеам и Валандово каде сум родена и пола време сум си дома.

    Градот е опустошен изминативе години, не останаа млади. Мене ми е јасно дека чудо треба да се случи за да се подобри, ама мило ми е што Костадинов си заминува. Од клупи и мачкање очи преку глава. Од буџет во + што наследи, општината е длабоко во - сега. Лепење усти преку интернет дава ептен лажна слика.

    Валандово ми е слабата точка, секојдневна носталгијата кога не сум таму. Трет мандат да добиеше Костадинов ќе беше фатално по градот веќе. Кога нешто не врви, секогаш треба промена.
     
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Albertos

    Albertos Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    408
    Реално ова е победа голема на владејачката партија. Како да ги фризирале резултатите по нивна желба.
    Малку ми е сомнително и мислам дека можеби има и некоја дубара.

    Се што можеше да посака Вмро се оствари. Дури и се што посакаа за нивните коалициони партнери се оствари.

    Да бидам искрен имам три изненадувања од овие избори

    1.Не очекував дека при толку блокирање во совет на град Скопје, Карпош, несреќата во Кочани и на толку дивоградби во Чаир и очигледно вртење глава, дека ВМРО ќе дојдат до ваков резултат.

    2. Не очекував дека Влен ( Вреди) Изет ќе го победи Бујар и Дуи во Чаир. Особено при толку многу дивоградби. И се што се спомена за него.
    Нажалост сега ќе си легализираат тие градби и некој ќе си стави убави пари во џеб.
    Сепак приметувам дека кај многу членови на ВЛен е присутен национализмот. Се надевам дека тие пари од криминалот нема да ги употребат во идни терористички цели и сето ова да ни се удри од глава на нас Македонците.
    200 Милиони евра се сериозен капитал и сега им е отворена и можноста да градат и дивоградби во Карпош, Аеродром итн.

    3. Не очекував дека ЗНАМ ќе добие толку советнички места ( Ова ми доаѓа како да било по договор и секаде добиле по еден советник)

    4. Не очекував дека ДУИ ќе биде прегазен

    За Левица како партија искрено не ми се допаѓа многу. Ме потсетува на Вмро, бидејќи еден добар дел од политиката им е пропаганда, но веројатно тоа им е и начинот да се издигнат како партија.
    Сепак треба да им се признае дека направија одличен резултат и можеби веќе се и втора партија после владеачката во земјата.

    За СДСм што да се каже, но буквално ги преспаа овие избори и периодот пред нив.


    За разлика од нив Вмро добро се подготви за овие избори, на социјалните медиуми, особено во Карпош вложи огромен број на средства и луѓе одпозадина на соц. мрежи и се што можеше за да победи. Чудо успеаа да извадат плус 3000 гласа во втор круг, што на крај и ги одлучи изборите таму.


    Заклучок: Oвие резултати не даваат демократија во едно општество.
    И тешко дека веќе ќе има слободен човек кој ќе може да реагира при евентуален криминал како овој во Чаир.
    Нам сепак ни останува да честитаме и да се надеваме на подобро.
     
    На Golden и Amelia им се допаѓа ова.
  12. SeñorPink

    SeñorPink Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2024
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    343
    Пол:
    Машки
    А брат не збори така, една што ја знам, од партија си доби решеније за работа па си бираше специјализација, па и отворија конкурс и така, сеа си специјализира на државна сметка дур оние специјализантите на Клиника се на договор на дело. Прашањето е само дали образот ти вреди за тоа, ако си способен и можеш.
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.342
    Допаѓања:
    5.478
    Пол:
    Машки
    Во Кичево имаше дојдено и македонска дијаспора, и за првиот круг и вчера, и тоа баѓи си беа само јас што ги знам.
     
    На Снегулк@23 и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  14. mece23

    mece23 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2013
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    1.512
    Пол:
    Женски
    Леле... враќај прстенот :rofl: еве колку се оштетени.... уште ова не го имав видено
     
    На Bratot и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.256
    Допаѓања:
    26.827
    Пол:
    Женски
    Ах сите радосни за Кичево...
    Еее, кога се мора и нема избор, тогаш дипломата станува небитна ;)

    Нема поголем лицемер од вморонец, не-ма.
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mece23

    mece23 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2013
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    1.512
    Пол:
    Женски
    Без размислување би го вратила прстенот... "вмро во душата" на кои дроги е овој? нека каже да земеме и ние барем розово ќе ни е се.
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.872
    Допаѓања:
    42.530
    Пол:
    Машки
    Да бидам искрен прв пат слушам вакво мислење за Перо и неговиот мандат, ама секако почитувам, секој си има своја перспектива. Вака од страна и од коментари од валандовчани, имав друг впечаток. А и кога сум поминувал низ Валандово сум добил впечаток на баш средено мало место, едно од најсредените во државава.

    Инаку и во првиот, а и во вториов круг за масовен поткуп, закани, инспекции по фирми блиски до Перо и слично се зборуваше токму за Валандово. Имаше многу и на Твитер и на Инстаграм, не можам да ги барам сега. Ова е од Инфо Макс.

    IMG_0301.jpeg
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.137
    Допаѓања:
    82.949
    Пол:
    Женски
    Уште претходни избори, Александар беше кандидиран, меѓу другото и заради мешаниот брак, дека може да привлече и албански гласови. Ништо нема договарано и ветувано, Македонците се сплотија, а и Турци гласаа за 9ка, има Албанци незадоволни од Дехари и тоа е резултатот во Кичево.

    Жал ми е за Скопје што наредни 4 години ќе се гледа онаа арогантна фаца и појава ама се надевам дека сепак ќе направи добро за градот и ќе се исплати.
    Наредни избори помалку да се седи дома, повеќе да се гласа.
     
    На Amelia и azelea им се допаѓа ова.
  19. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.700
    Допаѓања:
    4.757
    Пол:
    Машки
  20. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.807
    Допаѓања:
    10.217
    :D
    Ова за инспекции и сликава од инфо макс беше очајнички муабет последните два дена пред избори. Може било кој да го пише ова во порака, и да прати скриншот.

    Пишав погоре, доста со ставање клупи и мачкање очи. :) Клупи има полно, празни стојат. Нема луѓе, нема просперитет. Ништо не направи Перо во врска со клучните прашања во општината.
    Ги вработи сите партиски војници во државните институции, немаат ни столици каде да седат веќе. И почнаа да се дружат неговите само, како секта некоја. Валандово е мало место, се знаеме сите. Никогаш до пред да дојде тој, не се дружеше младината според партиска определба. Тоа ми беше толку фрапантно и разочарувачки. :| На една шака што се вика се броиме, па политиката да не поделува.

    Јас ниту зависам ниту ништо од партија. Ниту работам државна работи. Не добивам апсолутно ништо ако измислувам. :) Реално ги гледам работите.
    Да се живи двајцата млади дечки што се во Германија, и отворија во Валандово претставништва и запослија солидна бројка на млади луѓе. Единствена светла точка изминативе години се тие. Секако, Перо не е никако инволвиран во тоа.
     
    На Waverly Raven и Cutiepie1 им се допаѓа ова.