Се моли Орце да се опраи со муабетот да завршел Амар факултет, кога самиот е пример дека факултет не е репер за ништо во животот. Фала многу, пријатно.
Вратена е песната за Максим, некој ги пријавил за авторски права, ама штом е вратена, сигурно е лажна тревога. Во Струга нема шанси Македонец. Шанса да се реши тоа, имаше, ама Македонците си се криви. Што не ги внесоа Торбешите во Устав, да им дадеа право на попис да се пишуваат Торбеши? Зошто Македонците и Торбешите да не изгласаат градоначалник Торбеш? И во торбешките општини барем даноци се плаќаат, лојални се. Губиш општина на избори, сите вработувања во општина, школи, градинки, јп се од друга националност, што не е малце за малите и замрени гратчиња, и немаш пари за опстанок, бегаш во Скопје или странство. Колку министри Торбеши сме имале досега? Ич. Сме имале во еден состав по 2 пратеника и тоа е ништо.
Не е изненадувачки воопшто, баш е очекувано таму живее нормален свет, за разлика од другите општини каде што победува вмро, да не им е вмро ни работа ќе видат ни ништо неспособен народ што чека се од партија
Вака да ти кажам зашто те читам навредуваш од претходно. Мене лично никој не ми наредил. Јас гласав за ВМРО зашто во мојата општина немаше некој избор, само СДСМ и ВМРО. Значи, јас си одлучив. Од СДСМ па тој што ни беше никаков, не би го заокружила. Гласав зашто сметам дека градоначалникот е ок, не дека ми наредиле, немој да ми се обраќаш као ми наредиле. Зборувај за оние што се по штабовите. Јас да бев партиски определена досега ќе клатев врата во некоја институција. А ти овде можеш да си пишуваш што сакаш, и пак да си гласала за ВМРО. Од каде да знаеме, нели?
Мизерија тешка , има ли во оваа држава нешто друго освен СДСМ и ВМРО бе? Зашто не се даде шанса на некој трет , досадни вмровци
И кај нас за жал победи вмро ич не сакав да победат, многу ми е одвратен градоначалникот. Победи за некои 30 гласа, ама што чув многу луѓе донесол од дијаспората и затоа не ме чуди што победил, па прееска пишале ослободен бил градот, поинаку сега се дише во градот слепци. И двајцата беа по 8 години градоначалници и имаат направено доста работи, убав ни е градот ама се е неквалитетно од неквалитетен материјал. Јас гласав за сдсм и тоа не го сакам ама за вмро да гласам нема шанси. За овој од сдсм што имам слушано на сите има помагано и вработувано дури и на вмровци. И многу неважечки ливчиња имало 500.
Му изнададоа куп честитки на Орце, а на никој не му текнува прво да ги почека првите 72 часа. Ако градот не е исчистен, оставка и крај.
Зошто? И во Струга и во Гостивар Албанците добиваат градоначалници со помош на другите малцинства. Да, ние сме помалку ако и во Кичево бевме. Најголема наша грешка е што дозволивме да ги превземат и што не им ги дадовме сите права, тоа се лојални граѓани и ќе останеа верни на Македонците. Но ете верувам дека е тоа возможно нормалмо ако се сака и ако е стратешка цел на вмро/сдсм/левица и сите неопределени како што се здружија за Кичево зошто да не за следни избори за Струга.
Фала богу, сега уште Грујо да го вратат и мислам ќе бидеме комплетни, да продолжиме од каде шо застанавме. Не е навреда, ова е комплимент за нив.
Ниту сум од штаб нити сум во некоја партија ама Орце ми беше многу харизматичен и интересен лик, баш ми е мило што победи
@Albertos за да не постигнеше ваков резултат Вмро требаше да има конкуренција, само во неколку општини имаше конкуренција каде што победи сдс, или што влезе во 2 круг, реално уште долго време Вмро ќе нема конкуренција во Битола, Прилеп, Охрид, Штип, Велес, Св.Николе, Кавадарци, Гази Баба, Кисела Вода, Бутел, Ѓорче Петров, Илинден и Петровец.
ВМРО имаше конкуренција во Битола, но таму СДСМ извади свој кандидат, па опозициските гласовите се расцепкаја, па на тој револт, дел не гласаа за никој - неважечко. Да застанеше опицизијата зад Габриела, добиваше она во втор круг 100%. Габриела доби 8.000, Методија од СДСМ 6.000, кандидатот на ВМРО 18.000, другите кандидати вкупно имаа околу 1.500, неважечки беа околу 1.500. Излезеноста во втор круг би била поголема.