Форумџика на годината

Локални избори 2025

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DS10, 29 мај 2025.

?

За кандидат на која политичка партија ќе гласате?

  1. ВМРО-ДПМНЕ

    50 глас(а)
    16,4%
  2. СДСМ

    21 глас(а)
    6,9%
  3. ДУИ

    2 глас(а)
    0,7%
  4. Влен

    1 глас(а)
    0,3%
  5. Алијанса на Таравари

    0 глас(а)
    0,0%
  6. Левица

    80 глас(а)
    26,2%
  7. ЗНАМ

    6 глас(а)
    2,0%
  8. Независен кандидат

    21 глас(а)
    6,9%
  9. Друг

    3 глас(а)
    1,0%
  10. Ќе го направам неважечко

    42 глас(а)
    13,8%
  11. Нема да гласам

    79 глас(а)
    25,9%
  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.828
    Допаѓања:
    264.406
    Сдсм изгледа си одработи за Вмро поштено. Или пак, членството реши да ги казни до корен. Ама изгубија градови кои се со години нивни и имаа добри градоначалници.
    И тука ли ќе е незадоволно членството?
    Немаа кампања, си ги пуштија низ бода кандидатите.
     
    На Amelia, Seli20, Ahoy и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.986
    Допаѓања:
    14.620
    Доцна е. Сега кога Торбешите се албанизираа, им текнало на 35% Македонци во Струга сакале градоначалник Македонец. Кичево е на стаклени нозе добиено, тие 2.000 гласа разлика ако ги направиле од Вреди, скапо ќе чини тој пазар. Струга е многу поалбанизирана од Кичево. Македонците на периферија, Албанците во прв ред кај Дрим. Дури и Македонец што продаваше сувенири во чаршијата, имаше ставрно напред албански знамиња, македонските таму назад, ќар од знаменце бил 10 денари, во мојот град на пазар тие македонското не ни сакаат да го продаваат.
     
  3. Andrijano31

    Andrijano31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2021
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    802
    Пол:
    Машки
    Само кратко ќе кажам
    Чекам 72 часа да видам дали Скопје ќе се зачисти - првото ветување на Орце
    Многу ми е кеиф за Кичево,се надевам овој градоначалник ќе работи за сите граѓани и дека Кичево ќе мрдне малку после толку години мрак и окупација од УЧК.
    И за Карпош ми е кеиф што црнолисташот конечно си замина,многу ме занима што ќе се случува пошто за прв пат у историјата ВМРО добива у Карпош па треба поприлично да се покажат...или ќе разочараат,останува да видиме.
    Сега да се фокусираме на 72 часа .
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.692
    Допаѓања:
    200.503
    Што ли би можело да се случи, како ли би се покажале:wasntme:
    Ќе добетонираат што е небетонирано и тоа би било отприлика. Мислам кој и да беше исто ќе беше, ама со овие очекувам турбо бетонизација.
     
    На azelea, Thinkerbell., Erika.greeneyes и 4 други им се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.760
    Допаѓања:
    135.210
    Пол:
    Женски
    Сите чекаме, ама тешко да видиме. Инаку, му го пишав тоа наместо честитка. :D
    Не верувам дека ќе биде.
    А, од Сотир, старото другарче на Мицко, не очекувај ништо. Не е поразличен од Стевчо. :wasntme:
     
    На Thinkerbell., Biljarkata и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  6. Travertino

    Travertino Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2025
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Машки
    Све е точно што кажа
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.256
    Допаѓања:
    205.540
    Пол:
    Женски
    Саде харизма од уши му тече (facepalm)
    тешко нас со вакви "харизматични" говеда што реченица не знаат да сврзат.

    И од дното имало подолу, а мислев дека го допревме...
     
    На dunika, senza.parole, JuLleE и 16 други им се допаѓа ова.
  8. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.891
    Допаѓања:
    14.966
    И јас имам одвратен вкус за мажи, те сфаќам потполно.
     
    На dunika, senza.parole, Golden и 12 други им се допаѓа ова.
  9. Irenaiki

    Irenaiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    414
    Пол:
    Женски
    :rofl: :rofl:
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    1.549
    Пол:
    Машки
    "Торбешите" се веќе во Устав, тие се Македонци кои што воедно се и муслимани. "Торбеш" не е националност, туку погрдно име за Македонци кои што станале муслимани. Тоа Тие Македонци ги навредува и сите сили одбиваат да бидат наречени со тој погрден збор .
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    10.911
    Пол:
    Женски
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.891
    Допаѓања:
    14.966
    Најголем парадокс е што он е заслужен за законот за новата територијална поделба од 2004-та, каде Кичево и Струга станаа албански, а денес истиот овој наркоман го ,,спасува" Кичево.
     
    На azelea, Seli20, Аргентина * и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.692
    Допаѓања:
    200.503
    Виц на денот ми е ова со харизмата, ама ти мораше да то добибериш:rofl:

    Оф-Харизма и политика умрело во иста реченица уште од времето на Трудо и камионџиите иначе, дејтањето со Кети Пери е капак:|
    На вицотека страната пак-кого ли би дејтал стаОрцо од селебритис:?:. Вицотеката може да продолжи:bug:
     
    На JuLleE, Amelia, azelea и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Albertos

    Albertos Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    408
    Карпош е добар и реално убаво место за живеење, Аеродром и Кисела Вода се растури од градби.
    Така да воопшто не е исто кој ќе биде, ама тоа е.

    Пример Орце "не дозволи" да се градат згради во Расадник, но само привремено.
    Но затоа од спротивна страна цели поранешни магацини на Пелагонија ги бутнаа и наредија згради. Се разбира градат Биси и Елена Лука ( Силвана Бонева).

    А кој е сопственик на тие парцели никој незнае. Веројатно пак некој нивни.
     
    На Karamela12 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.726
    Допаѓања:
    24.062
    Пол:
    Машки
    Се радуваме за Кичево и Брвеница дека се македонци -каур, а не албанец и тоа треба да е некоја победа? Суптилна поделба прајме на некој начин или јас многу му ја мислам?
     
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.692
    Допаѓања:
    200.503
    Аеродром беше една фина општина пред да биде општина или пред да им влезат вмрањата. Сега уште на сама железничка на пругата што немаат направено зграда. Затоа сега и на Карпош ќе му тргне, досега Стево можеа да го кочат, сега без кочници, ураа.
     
    На Albertos, happygirl и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.986
    Допаѓања:
    14.620
    Си има Торбешка декларација, Торбеши си ја поднесоа, бараа на попис да се пишуваат како Торбеши, некои одеа со тврдење дека потекнуваат од Богомили, тоест дека не се потурчени Македонци. Проверете биографија на Собрание, Фијат Цаноски е пишан Торбеш, Мевмед Џемајлоски исто. Како може на сајт на Собрание да стои така, а на попис не? И тие бројат од 40.000 до 100.000, колку министри имаа во независна Македонија? Јас таков не паметам. Не може по потреба да се сеќаваш на луѓето кога ти требаат да се реваншираш со шочевите, а не си им дал ништо, ич ништо. Еден Торбеш од доленско село го прашав дали е Македонец, ми врати "Македонец???????? Тоа сум што сум, кој ме почитува, ќе го почитувам...". Голем дел од нив не сакаат да ги нарекуваат Македонци, инаку немаше да се пишуваат Албанци и Турци. Ако се чувствуваат Македонци, ќе се пишат така на попис. И на Русините им е спорен идентитетот, што се Ашкали и ред други, па ги има како опција на попис во Србија, Црна Гора, и Југословени има, иако тоа не е нација, ние најмудрите, префрливме до 100.000 народ на туѓо конто. На работа имав и Торбеши, абе едната се омажи за Албанец во Призрен, освен што добро зборува македонски, друга врска со нас нема. Одамна нив Турчин и Албанец или Бошњак им е поблизок, ние со нов станавме ладни соседи кои одлично зборуваат македонски. Што не оди Вмро со Торбеш за Струга? Нека го гласаат сите.
     
  18. Deus ex mahina

    Deus ex mahina Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    338
    Пол:
    Женски
    Мене па се ми се чини, локалните избори во МК ако се свртиме наназад ниту се показател, ниту ни даваат некоја насока каде плови оваа политичка барка. Иако да, во моментов ако свртам на нашиве тв канали барем дузина аналитичари ќе ја интерполираат иднината од она што беше вчера.

    Сфаќам и зошто - реалноста е многу попрозаична и банална: нашите сограѓани на локалните избори историски гласаат за партијата на ВЛАСТ. Плус на овие избори во главниот град имавме додадена вредност на рекетирање (или ние или хаос) за да се шармираат попасивните гласачи.

    Исклучок се претходните од 2021, ама до одреден степен, зошто и тогаш вмро беше побројна во парламентот а сдсм иако на власт се занимаваше со страшно непопуларни наративи.

    Кога ќе се реформира администрацијата во целосно професионална, тогаш може локалните избори ќе се вистински локални.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sagittarius90

    sagittarius90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2023
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    Мноу ботови има во македонија, луѓе кои не се способни да изградат свое мислење, размислување, став, да изградат кариера....задоени од ци“ка на партија и имаат единствена моќ а таа е за партијата да направат се, да го згазат и најмилото нивно а таков е случајот со Кочани, имаа луѓето прилика барем да се обидат да променат нешто а тие ја избраа опцијата која е добар дел виновна за она кое се случи, но на ботовтвото кога се додаде и отсуство на емпатија и чуства тоа е. Од друга страна едната партија која е опозиција научена е да продава се само за кеш плус, владеачката пак не бира средства за закани и уцени...по сево ова само јас доаѓам до мој личен заклучок дека македончето за жал не го бива и вака како што е тргнало нема уште долго да постои како македонче...така да не рипајте многу за албанци, турци и незнам кој ваквионакви биле кога македонецот е нај расипано, нај продадено човече, за ова може да ме напаѓате колку сакате но и мене не ми е мило што е ова вака а фактите повеќе од сигурно го зборуват тоа.
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    18.622
    Пол:
    Машки