Вие стварно се сомневате дали ќе го среди ѓубрево? Па нормално дека ќе го среди, тој го растури . Си има други солидни проекти за кои ќе треба да се суди, таман работа ѓубрето да ни е показател
Јас искрено се надевам дека ќе направи бум,да сериозен сум со размислувањето. Мислам дека ќе биде Коце 2 па дури и мислам дека многу од проектите на Коце ќе ги реализира. Останува да видиме.
Кој е чоеков позади Герасимовски, како викаше вчера на пресот, и солзи му потекоа, буквално плачеше од среќа
Патријотите вчера пред белата палата славеле со српски турбо-фолк, сега ми излегоа на рилс. @FriendOfDorothy
Орце, прв градоначалник на Скопје што меѓу прв и втор круг губел гласови низ урбаните општини во Скопје, со минимален вкупен пораст и победа во втор круг со под 100 000 гласови. Многу иронична победа.
Погоре пишуваа дека Амар победил во Центар и Карпош. Според табелава во Карпош помалку има. Што е точно.
Карпош на 95% обработени разликата беше ситна во корист ма Амар, стотина гласа плус. Сега гледам дека конечно сепак Орце победил, ама пак е многу мала разлика, особено што таму имаше и втор круг и нивен кандидат победи.
Малку ,,Црно и златно", малку ,,Заветна", навечер бургија, наутро литургија. Демохристијански вредности.
Не сум историчар, ниту гени ќе им испитам, ниту можам да им докажам потекло. На некој му текнало пред 30 години дека со тек на време ќе се претопат во Албанци, Турци, на Македонецот во 2025 година му текнува, Македонци биле. Какви Македонци се кога на младиот Торбеш едната баба му е Турчинка, другата Албанка, на натпревари навиваат за Албанија, ама ќе фантазираме оти ни требаат гласови, мерак ни е градоначалник да имаме во Струга. Колку директори Торбеши имало во 34 години откако постои земјава? Знам само за УВМК. На прсти се бројат и затоа чаре најдоа во ДУИ. Луѓе од Ростуше се вработени преку ДУИ, тој на фб клика странички УЧК, јас ќе се тешам Македонец бил. И да бил, се оддалечил, измешал. И тука има член Торбеш, кога го прашаа што е по националност, не кажа само рече тие што го прашувале биле националисти. Поради себичноста на Македонците, Долнени е трајно изгубено, баш Торбеши гласаат за Албанец, не за Македонец.
Неофицијална химна на ВМРО, во оригинал изведена од Пепи Бафтировски, а препеана од нивните штабски пејачи - Андријана Јаневска, Игор Дурловски и Бојана Скендеровски. Вмровците ја имаат таа традиција да си краднат стари песни и да си ги прават како неофицијални партиски химни. „Нешто ќе те питам бабо“ и „Ја излези Ѓурѓо“ се меѓу истите.