Од денес почнуваат 72та часа на Орце,ајде да видиме што ќе направи со првото ветување. Стевчо ете го плаче по фб и сите му се криви сега,многу е глупо да клеветиш и да кукаш. Ако е вистина тоа што го кажува зошто не пријави,зошто не обелодени? Да не заборавиме дека е на црната листа на САД,а таму не ставаат некој туку така. Се надевам дека еден ден ќе дојде некоја нормална власт и ќе ги исчешла сите лопови без разлика од која партија се.
Да видиме дали Орце ќе ги прочешла институциите и вработените таму. Само јас знам тројца што се вработија лани, а не одат на работа. Којзнае колку ги има.
Машала снагата кај Палас. Дури и Мицко сака да фати метла. ЕДИТ: ПОЧНЕТЕ СО БРОЕЊЕ! ТИК-ТАК, ТИК-ТАК, ТИК-ТАК...
Радувај се Скопје, те чистат од ѓубре. Леле до кај паднавме тажни народе. Еуфорија за ѓубре. Документарец снимаа, се опраа фалење. Гледајте и аплаудирајте. Не одам подалеку, од Тирана гарант гледаат и се газат смеење. Колективна депонија си сме. Депонија за која сумњам дека може да се исчисти.
Не Данела, туку Трајко и компанија. Они го контролираа Советот. Нивна жена со кривично досие беше поставена за претседателка на Управниот Одбор на Комунална Хигиена- Скопје. Смешно е да се радуваат кога они го направија хаосот во градот.
Истите што до вчера беа градоначалници и власт и опструираа и направија депонија сега прават шоу со дронови, светла, уште сите се собрале на чело со премиерот. Мизерија сме. Срам ме фаќа од каде сум, ама малку ни е и ова што го прават...
Директорот на Комунална Хигиена дава наредби што да се работи во едно претприеатие а не Управниот Одбор, тие финти не поминуваат дека друг дава наредби освен директорот
Од утре кога ќе излегувате да не облекувате чевли, одете боси за да не извалкате надвор. Не се случува секој ден вакво чудо, нека потрае малку чистото. Ах бе, достигнување за народ со ајкју 80.
Ме извади од памет со насловов, реков леле Хари си дал оставка од банка, што ли се случува, кој ли ќе го замени- оно вести од нафталин ми вади Брзо вода и штрудла да ми дадеш, против уплав
Имено, поранешниот премиер од 2004 година - Хари Костов јавно кажа меѓу останатото дека со толку корумпирани луѓе околу себе не може да ја врши својата функција и си даде оставка. Така можела да направи и градоначалничката. Зошто не направила не знам, но во Македонија политички така се поставени работите да градоначалник без подршка од владеачка партија не може многу да направи и тогаш тоа се одразува и на функционалноста на градот во целина.
затоа за советници треба да има закон да не можат партиски луѓе да се избираат. туку да бидат советници од обичниот човек, но со искуство и образование, може без високо образование со средно но да има богато искуство.
Можеби е премногу да се очекува, но се надевам дека по неубедливата победа во Скопје и малата излезност на ниво на држава, власта ќе се запраша до каде е и ќе се подопраJ во работењето. Ова вака кaко досега не смее да продолжи. Македонија го допре дното во Европа.
Леле бе, сега читам, папараци, камери, Мицковски и пола влада излезени на терен со копитото, камиони, метли фрчат, изјави пред камера, колку фама за чистење смет. Насловот на еден портал ,,Погледнете низ фотографии како изгледа вечерашната акција". Вмровци се махери за оваков сензационализам, чешма со црвена лента отвараат, ги бива, морам да признаам. Ова ептен пали кај глупа раја, а ние сме лидери у глупоќа како народ.