КАЈА ШУКОВА КАНДИДАТКА НА СДСМ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СКОПЈЕ, МАЈА МОЈСОВА ЗА КАРПОШ - Сакам Да Кажам https://share.google/OZySV78ZqPx30bRp0
Освен шо ќе бидат партиски послушници кои доаѓаат со цел да наполнат џебови, да не работат ништо и да закрпат улички пред наредни избори за кампања, не очекувајте ништо од градоначалнициве во државичкава ни. Како до сега.
Максим од сожалување вработи некои голи води, а тие па краделе во ЈП. Правеле манипулации со пари од наплата. Две се опфатени со истрага, третата ми е соработничка хонорарна, засега не е под истрага, но веројатно ќе биде. Како си немаат срам, совест, колку не ја ценат помошта, колку се девијантни и расипани до срж. Практично не требал да им помогне.
ДУИ објави кандидати за 4 општини: Бујар Османи - Чаир Бајрам Реџепи - Тетово Емир Сулејмани - Желино Валдет Џафери - Гостивар На Села ќе му ги оставеле Струга, Дебар и Арачиново, а на Таравари Гостивар, Врапчиште, Теарце и Сарај. (Не сфаќам зошто прво кажуваат кандидат за Гостивар а потоа велат дека ќе му го остават на Таравари) Ме чуди зошто за Кичево не извадија веднаш, верувам дека е многу извесно, Дехари почна со кампања уште средината и крајот на 2024
Кај ми се сега сограѓаните дпмнОВЦИ, што се колнат во дпне и мицко, да им го видам лицето. Чекај да попуштам заветна и да ставам кутлеш на тераса!
Полека само не мафкај многу со кутлешот да не те болат рацете, оти и така за џабе е мафкањето Можиш веќе и Шота да си ја пуштиш
Тетово немаме шанси за наш градоначалник ама Кичево па и Струга и те како има, се надевам ќе победи конечно Македонец без оглед од која партија. За Гостивар не знам таму Албанците се во голем пад па можеби наредни избори евентуално. Ова го зборам од позиција мак.партии да подржат заеднички кандидат. Патем ја слушнав изјавата на Мицко и никаде не рече дека нема да има свои кандидати во западна, иако е слаб тактичар, лош преговарач и појма нема од политика не верувам дека секаде ќе отстапи. Овие локални ќе има доста апстиненција кај македонците заради апатијата во која не донесоа Сдс и Вмро. Кај албанците ќе биде покољ, ќе се испотепаат мислам, со оглед дека на Дуи ова е последна шанса да опстои а Влен има шанса да ги избрише.
За Кичево и Струга Сдсм и Вмро треба да одат со еден кандидат. Македонците немаат никакви шанси во Тетово, Гостивар, Дебар, но таму треба масовно да се гласа за добивање на повеќе советници.
Како може после се да се гласа за ДПМНЕ СДСМ не ми е јасно, ја дадоа западна македонија Тито и Југо имаа 45 години да ги изградат сите капитални објекти во МК Глобочица, Шпиље, Железара, Вруток, РЕК, ТЕЦ, Автопат, Охис, ЕМО, ФЕНИ,... Сигурно ќе промашам нешто Што изградија курто и мурто во овие 35 години?
Вчера отворав ДЗС, гледав нешто од попис, за Кичево испаѓа бројот на Албанци доста поголем од тој на Македонците. И за Кичево немаат шанса за градоначалник Македонец. Отиде и тој воз. За 10 години постојат големи шанси Македонците да ги изгубат Чашка, Крушево, Куманово. И да не ги изгубиме, штом ќе се води битка за секој глас, пиши пропало.
Работата на патриотите е да не убедат во тоа. За изборите во 2021 податоците друго говорат, мртва трка. https://kanal5.com.mk/fatmir-dehari-e-staro-noviot-gradonachalnik-na-opshtina-kichevo/a501217 Дури и да нема шанси, со оваа порака од власта излегува дека патриотите се откажуваат од западна Македонија. По 1-2 децении ние македонците само центар и аеродром ќе гласаме.
Тоа што се откажаа практично даваат сигнал дека немаат шанси во тие градови. А треба да најдат асален кандидат, народен човек во Кичево некој што би го гласале и Роми и Турци и Торбеши, но кадри немаат никакви, не па добри. Дали се сеќавате дека ДУИ одеше и со листи во Источна? Мери Буџаку, жената на Агрон Буџаку беше носител во ИЕ 3. Македонците си се криви. Зошто навреме не ги вклучија Торбешите во политичкиот живот? Немам проблем Вмро или Сдсм да имаат и по 3 министри Торбеши. Ама себични се, да голтнат се сами, а себичноста во политиката исто има цена. Со оваа ужасна демографија Пехчево еден ден ќе биде беровско село, Богданци гевгелиско село, Демир Капија исто, а што правиме со Желино, Брвеница, Боговиње, и ред други? Свесни сте дека покриваат два града во Источна? Свесни сте дека македонските општини се пред згаснување? Град со 3.500 жители било град? Ова требало да се мисли пред 30 години. Какви шанси имаат Македонците во Гостивар кога паднаа на 15%? По која математика 15 или 20% имаат шанса за градоначалник или еве и 30 или 35%? Без 50% не правиш ништо и немаш шанси. Со оглед на македонската неслога, додај уште 5, значи без 55% немаат шанси за градоначалник.
Кичево разликата помеѓу Албанци и Македонци е многу мала, Албанци се 17.426 или 47,52%, Македонци се 17.213 или 46,94%. Разликата е само 213 или 0,58%. Албанците засега имаат 3 кандидати, Дехари, Лимани и Алиу, значи гласачкото тело им се дели на 3, ние ако имаме 1, може многу лесно прв круг да победиме.
Зашто ваков став? Каде ги прочита овие информации? Со овакви ставови им се дава алиби на Вмро посебно па и на Сдс да немаат кандидати. Реалноста не е таква и ако се одлучат да немаат кандидат се надевам на масовен бојкот на сите Македонци во Кичево, Струга и Гостивар. Ко прво и јас никогаш повеќе не би ги помислила за глас во иднина. во тој случај на Левица е оставено да го обели образот. Точно така, браво, ни замачкуваат очи со некакви политички измишљотини, некаква поделба од 2004 и сл.а резултатите од терен говорат дека имаме шанси. Ги отварам резултатите од лани и во Општина Кичево македонските партии имаат мало мнозинство за околу 1000 гласа а во Општина Струга накај 43%, ако се земе во предвид дека Торбешите и Турците гласаат за Дуи а може да се припојат кон нашите со правилна стратегија може да се добијат уште оваа година наши градоначалници. Гостивар имаат Албанците комотно мнозинство но се во пад а и исто околу 4000 Турски гласови се за нив. Така да ако се сака се може, без оправдување и алиби. Тетово и Дебар се невозможна мислија во моментов и во блиска иднина ама се друго е политички пазар, ако Мицко се согласи тоа ќе биде преседан со трајни последици. Вака слаб политичар не е за на чело на голема партија, тоа е рамно на предавството на Сдс пред 4 години кога гласаа за Дуи во Кичево. Уште на крај ќе ги бараме Груевски и Бранко, барем имаа кичма и во нивно време им беа скратени крилјата, ова после нив се да ми простите на израз доброволно им го тртат газ.т.
Па и да немаме шанси у своја факинг држава, пак МОРА да се има кандидат... Ама сега е шанса некој независен да се убаци у политика, сите македонски гласови ќе ги собере. Нема да победи, ама ќе си створи грб и образ пред граѓаните.
Само добар кандидат му е мајката, некој што ќе прибере гласови не само од Македонци, од сите. Ни случајно да не бојкотирате во западна, ќе немате советници, сите улици има да ви ги сменат и се друго. Абе одамна требаше добро да играат, со кандидат Торбеш и Дебар би им го зела, ама кога се смотани македонските партии, што да се прави.
Западна Македонија ја продаде ,,харизматичниот" наркоман Бранко, со новата територијална поделба од 2004-та. Така Кичево и Струга почнаа да добиваат учки за градоначалници. Фиромците сами себе се уништуваат. Најголемото зло што ѝ се има десено на вукојебинава е БЦ (Паторот и Муртинското сељачиште се бебенца за наркоманот кој од сенка владее со ЗНАМ на идиотот Максо). Спојлер Општина Струга имаше 47,94% Македонци и тие беа најбројни во општината, и со припојување на општините Велешта, Делогожди, Лабуништа и Луково бројот на Македонците опадна на 32,09%, а на Албанците се зголеми од 41,54% на 56,86%. На Општина Чашка во Велешко (регионот Азот) покрај општините Богомила и Извор и се придадоа и селата Горно и Долно Јаболчиште (од Општина Велес) населени исклучиво со Албанци па така бројот на Албанците од само 7,47% скокна на 33,06%. Со тоа ова историски важно македонско подрачје станува двојазично со тенденција, поради големиот наталитет во албанските села, а нискиот во македонските, оваа општина за некое време да стане мнозинско албанска. Општина Гостивар која според старaта поделба имаше 26,54% Македонци, со припојување на општините Вруток, Долна Бањица, Чегране и Србиново (со територијалната поделба од 2004) се намали бројот на Македонците на 19,77%. Со ова одредбите од Рамковниот договор не важат за Македонците на локално ниво како малцинство. Општина Тетово според старата поделба имаше 28,17% Македонци, со припојување на општините Џепчиште и Шипковица нивниот број се намали на 23,16%, со тенденција да опадне под 20% поради високиот наталитет и константното доселување на Албанци од Косово, а со тоа Македонците да се најдат во иста ситуација како во Гостивар. Со припојувањето на општините Сарај и Кондово на Градот Скопје бројот на Албанците се зголеми од 15,30% на преку 20% со што главниот град на Република Македонија стана двојазичен. На Скопје му се придадоа уште 229 км квадратни и голем број села кои се оддалечени и повеќе од 20 км од него, а некои се без канализација и телефонска мрежа. Во 2013, по локалните избори, општините Другово, Вранештица, Зајас и Осломеј престанале да постојат и се припоени кон Општина Кичево, со седиште во Кичево, со што се менува етничката слика на градот.