Па, не би се согласила баш. Оригиналнава елка од Литванија е прогласена за една од најубавите. Погледни ја разликата во вечерно издание:
МаЌедонија вечна Ќе ја бараме Данче, така ми личи. СтаОрце допрва почнува со идиотштините, пардон криминалот. Најново инфо, освен елкава, е дека за директор на ЗОО Скопје, поставил човек кој е осуден за криминални дејности со животни Стево Ќирков веќе директорува со Скопје ЗОО, а бил осуден за криминал со животни
Аууу, сачувај боже, оваква ли е преку ден? Навечер е далеку посимпатична. Преку ден нека ја покриваат, навечер нека ја покажуваат само, плс. Али одговара на спомениците и целиот тој кич од плоштад, може па на тоа пазеле. Не ги можам овие балкончиња, овие прозорчиња, овие стреички од стиропор/картон/пластика, на ОТП имам правено поубави работи.
Почнаа да ме вреѓаат на Фејсбук затоа што пишав коментар дека елкава не личи на ништо. Е дотолку се отидени, за една елка да вреѓаат човек. Гревови. Ее Скопје, кои опинци те газат.
Вмровски ботови. Ги вработиле во администрација да клатат некаде врата за 35 илјади и од што немаат работа, на фејсбук ги бранат сите потези на Орце и Мицко мислејќи дека со тоа ќе ги унапредат и ќе земаат 37 илјади.
ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД на фб пишале дека сите советници едногласно усвоиле иницијатива за дислокација на УСЈЕ. Е сеа, ова е Фиромистан, дислокацијата сигурно ќе трае 200 години, 100 ќе им требаат само за да се почне, али сепак, убаво звучи ова.
https://sdk.mk/index.php/dopisna-mr...le-doprva-da-ja-protsenuvaat-zaradi-zashtita/ Сега сите реагираат и плачат, а каде им беше умот кога гласаа? Изгледа за да гласаш, ум треба да немаш.
Којзнае каква грдосија ќе изникне таму. Да е побизарна ситуацијата, ова се случува веднаш до основно училиште. Одвратни ми се луѓето кои го "менаџираат" нашево општество, исто и нивните извршители/измеќари.
https://skopje1.mk/levica-pecakov-g...banistickata-mafija-na-dpmne-go-okupira-oxrid Левица: Пецаков ги остави охриѓани без пристап до своите домови - урбанистичката мафија на ДПМНЕ го окупира Охрид Општинската организација на Левица во Охрид преку соопштение обвини дека повеќе од 50 семејства кои живеат во две станбени згради во строгиот центар на градот останале без единствениот пристап до своите домови, откако градоначалникот Кирил Пецаков издал одобрение за изградба на нова зграда на улицата што ги поврзува со нивните влезови. Од партијата тврдат дека, иако со важечкиот урбанистички план со години биле предвидени алтернативни улици, Општина Охрид во изминатите пет години не презела активности за нивна изградба. Според Левица, наместо најпрво да се обезбеди пристап за жителите, на инвеститорот му било дозволено да започне со градежни работи, со што бил затворен единствениот постоечки пристап до двете згради. Во соопштението се наведува дека жителите со години се обидувале институционално да го решат проблемот, но наместо решение добиле молк од институциите. Левица тврди и дека градоначалникот Пецаков им рекол дека „сами се виновни што купувале станови во тие згради“. Партијата посочува и на, како што наведува, констатациите на Државниот завод за ревизија и на УНЕСКО дека охридскиот регион и натаму се соочува со бесправна урбанизација и недоволно спроведување на препораките за заштита на светското природно и културно наследство.