Здраво феминки. Имам искривување на долниот дел од рбетот, и тоа многу ми пречи. Кога ќе се погледнам од страна само долниот дел кај задникот ми е испакнат и тоа многу, поради тој дел ја губам самодовербата. Не можам да облачам тесни блузички иако немам стомак, но сепак поради 'рбетот не сум исправена туку ставата ми оди нанапред . Правам некои вежби кои што ги најдов на интернет, но не знам дали ќе помогнат. Има и слики на google но сега неможам да ставам има некој проблем пишете lordosis и ќе видите за што станува збор. Не знам што да правам, ве молам кажете ми некое решение.
Вежбите нема да ти помогнат. Ќе ти помогне носење на корсет, наменет за лордоза. Најдобро ќе биде да отидеш на ортопед.
Вака, имам сколиоза и порано имав кифоза. Носењето корсет не помага. Помага секојдневно вежбање и физикална терапија. Уште од мал имав проблеми со кифоза и најдов една постара жена која работеше со деца кои имаат искривувања на р'бетот и верувајте со секојдневни масажи и вежби за 3 месеца р'бетот ми беше комплетно прав(потврдено од ортопед). Подоцна поради некои повреди, ми се јави искривување на р'бетот(сколиоза), и почнав со теретана и секојдневно вежбање и значително го намалив искривувањето и уште месец - два целосно ќе го санирам. Така да остави ги ортопедите, вежбите на интернет и корсетите, почни да вежбаш, но не дома и не сама. Почни да вежбаш некаде каде што знаеш дека нема да престанеш и да изгубиш мотивација ,а препорачливо е групното вежбање, не губи надеж и биди упорна!
за лордоза помагале стомачните,така ми имаат кажано...а за овие помагалава корсети едно друго незнам,не сум сигурна.
Вчера ги земав снимките од ренген и ми е дијагностицирана Лордоза, Апланирана лумбална лордоза, без морфолошки и структурални промени. Во моментов гледам некои вежби на интернет за исправување на `рбетниот столб, одсега па натаму секој ден, ко оче наш, ќе станувам и сабајле порано за да ги вежбам и навечер ќе вежбам дополнително пилатес со кардио за намалување на тежина. Си вежбав јас убаво скоро 2 месеци пред да одам на одмор но прекинав кога се вратив бидејќи се разболев и еве сега пак ќе си вежбам, нека ми е наздравје. Мене многу ме мачат болките во колковите, тоа најмногу од се, на работа ми е работата со седење, не знам како издржувам по 8 саати, ми иде да си плачам некогаш од болки. Тоа ми е, данок на Средно Уметничко и Архитектонски факултет
Ми дијагностицираа Лоздора,искривување исто ко да имам Сколиоза едната стр ко падната мие ,страшни болки во ребет,колк кој мие оперииран и имам штрафови и плочка во мене....Дали некој има нешто слично,споделете мислењеа ве молам не.се.живее од.болки.