Лошите страни на мајката vs добрите на свекрвата

Дискусија во 'Брак' започната од okcenzi, 23 октомври 2015.

  1. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.513
    Еве феминки една тема каде може да си ги кажеме и маките од нашите мајки, а да си ги пофалиме свекрвите.
    Тука може да објасниме што ни смета кај нашите мајки, а во што свекрвата е подобра.
     
    На anakonda88, cresa-jagoda, MilaP и 3 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    7.170
    Допаѓања:
    174.650
    Ја, прва! Ја прва!

    Од која да почнам?

    Ајде од мајка ми.
    Мајка ми е многу амбициозна и способна жена. Светот не и бил ни најмалце од корист, со својот ум има постигнато многу - многу повеќе него што јас имам амбиција да постигнам.
    Кај неа ми смета тоа што посветена на успехот, не успева да сфати дека не секогаш малиот успех е исто што и неуспех. Некако, гледајќи ја месечината, ги заборва ѕвездите.
    Мајка ми е жива педантерија. Тоа ужасно ми смета.

    Можам многу повеќе да ја фалам него да ја кудам, но наголема маана према мене и се очекувањата :) Јас и она имаме различна замисла за мојот живот. Кога бев помала, ми викаше ќе пораснеш и поинаку ќе мислиш. А јас пораснав и најдов стратегии како да стигнам до тоа што од мала го сакав :)

    Свекрва ми треба да ја пофалам. Значи без забуни - не ми е права свекра, мајка е на дм со кој сум дооолги години. Кај неа ме воодушевува тоа што е борец. Се бори со сериозен здравствен проблем и не застанува, за секунда. Други луѓе на нејзино место не стануваат од кревет. Таа работи сопствен бизнис, шест дена во неделата. Чува внуци по потреба.
    Према мене е коректна. Од многу одамна се договоривме да не си буричкаме по животите, и така е до ден денес. Има денови кога сакам да седам сама и не сакам никого да гледам, и не доаѓа да ме препрашува или дм да го прашува. Почитува едноставно.

    Ај за почеток толку, па ќе продолжиме...
     
    На tina-63, green.eyes, ku4ence и 8 други им се допаѓа ова.
  3. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    5.352
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да си ја кажам маката.Во поглед на чувањето на детето немам толку разбирање од страна на мајка ми како што имам од свекрва ми.Кај мајка ми треба претходно еден ден да се најавам за ако е слободна и ако можи да го причува,а додека кај свекрва ми во кое време и да го однесам и да не сум најавена никогаш ме нема вратено.Кој апсурд.свекрвами повеке ме жали и ме разбира во врска со работата што ја работам ,а додека од мајка ми имам добиено коментар дека само седам и ништо не работам.Ова е само дел.
     
    На LadyC, green.eyes, MilaP и 7 други им се допаѓа ова.
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.513
    Еве и јас да си кажам што најмогу во последно време ме нервира кај мајка ми, а кај свеки не.
    Коа сум си домче кај мајчица, не можам да се наспијам на раат. Едноставно на жената ќе и текне дека секогаш има нешто недокажано и знае по неколу пати да влезе во соба и да ме праша дали спијам со цел да ме разбуди за да си помуабети.
    Кај свеки моја е обратно. Кога спијам нема шанси ни покрај соба да помине, а не пак да влезе или да ме буди со глупи прашања. Често пати ке и речам на пр да ме разбуди во 5 часот, а таа од жал ке ме остави да спијам бар уште еден час повеке. После тоа време ке тропка на врата и од зад врата ке ми каже дека кафето ми е готово и ке праша дали може да влезе да ми го остави.
    Мајка ми дека работи по 7 часа дневно, знае да ми каже да направам ручек или да измијам садови итн со муабето од типот “ денес ако не повраќаш или ако ти е добро“. а свеки не работи и буквално не ме остава ништо да чепнам.

    Ако и речам на мајка ми дека ми се јаде нешто посебно, ке ми рече кај ти текна сега, а свеки станува засукува ракави и готово е на маса.

    Ако и речам на мајка ми нешто да ми подзаие ( пошто сум јака домакинка) ке треба да чекам и две недели, свеки за еден ден завршува работа. Арно ама ако и речеш на свеки да излеземе да прошетаме сигурно ке те одбие ( од дома со ланци да ја влечеш ) а мајка ми е прва и готова за 10 мин.
     
    На Leo girl, tina-63, green.eyes и 17 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    7.170
    Допаѓања:
    174.650
    Мислам дека и двете живеете со добро воспитани свекрви, а мајка како мајка - има да те научи на ред.
    А ни дете немам. Тек тогаш.... :whew:
     
    На LUCERKA, Eli23 и okcenzi им се допаѓа ова.
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.756
    Допаѓања:
    254.746
    Пол:
    Женски
    Мајка ми е ладен тип или можеби животот ја натерал така да се однесува.
    За било кој проб и да и се јавам ке рече :е де де голема раб.
    Свекрва ми од таа гледна точка е пожалостива и се труди да помогне.
    Кај мајка ми кога идам(а идам еднаш во 3 месеци) денот си го поминува во кујна и раб нешто по дома ,како да не и е до седење со мене баш.
    Кај свекрва ми одам и 4 пати неделно и одма ми ја зема малата од раце,го става кафето и вели седни одмори бар пола час јас сум децата сега.
    Мајка ми е претерано опседната со чистење,озбилна жена,ретко се смее и се шали,прошетана е доста па имало моменти кога некои раб да не речам и луѓе ги гледала од високо демек она/ние сме нешто подобро.
    КАј свеки ете не сум приметила такво нешто :)
     
    На green.eyes, Victorian, Dreams11 и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.390
    Пол:
    Женски
    Оооооооооооооооо еве и јас да се искажам. Мајка ми секогаш беше принцеза во очите на татко ми. Често и велам да не беше тој таков каков што е носот вечно ќе ти беше скршен. Ете и сега сака да е главна мамицата ми ја ебава и на 78 години, таа е принцезата. Снаа ми пред многу години од неа избега, беше ѕвер и сеуште е. А што да кажам, мајка ми е ама не иде бре луѓе да се ставаш секогаш на прво место.
     
    На Antebellum, green.eyes, MilaP и 7 други им се допаѓа ова.
  8. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.780
    Допаѓања:
    194.234
    Пол:
    Женски
    Секој човек си има свои маани и доблести, најнормално.

    Мајка ми е поладна жена преполна со свои обврски и занимации, таа за разлика од мене има сосема други ставови и различен карактер, си има далеку по различни гледишта од моите па затоа и не баш се пронаоѓаме во муабетите на разговор и водење дискусии.
    Се залага премногу ококу домот, средување, чистење, готвење, перење, пеглање, преместување, генералки, постојано е на нејзино дневно мени, од животот друго и не постои за нејзе, па да така во нејзина куќа нема простор за седење и одмарање, има секогаш работа и домаќинлк.
    Ете јас не се пронаоѓам ниту во нејзините гледишта ниту во карактерот ниту во нејзините секојдневни обврски.
    Секако си има и позитивни страни кои не спаѓаат во склоп на темава нели но сепак мајката е мајка.

    Додека кај свекрвата јас не знам и не можам да кажам лош збор рака на срце, без лицемерија и преќутувања од обострана страна, се сложуваме супер, муабетот ни оди, делење на обврски и комуникација исто така, лош збор немам и не верувам дека ќе имам да кажам. И двете сме притрени особи и слични на карактер, со слични гледишта и ставови кон животот, неверојатно умееме да се вклопиме во било што и знаеме да фунционираме.

    За крај, јас секогаш и за секоја работа знам да ставам на кантар и да премерам што и колку тежи кај човека, сите имаат маани, сите имаат доблести, никој не е перфeктен и нема да биде никогаш, но сметам дека треба да се попушти, треба да се биде човечки настроен, да се помогне и да се почитува. Лесно е само мааните да ги наоѓаме и да се жалиме нели, ама тешко е да научиме да живееме како луѓе, да се почитуваме, да знаеме да воспоставиме и изградиме човечки цврст однос. Најлесно е да дигнеме раце и да очекуваме, да изнаоѓаме маани и да се претставуваме како светци, а не сме.
     
    На Antebellum, MilaP, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.
  9. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.115
    Пол:
    Женски
    Mislam deka karakterno imaat isti mani i doblesti.Dvete se izmaceni i pozrtvuvani zeni,uspesni kako domakinki i majki.Majka mi e postroga kako roditel dodeka svekrva mi kade kade daleku popustliva (sto i taa sega zaklucuva deka toa e loso).
    Majka mi e moze da ima grip,40step. temperatura i pak da odi na rabota,da zavrsuva obvrski,koga ke si dojde doma mesto da osmori da posedi taa odma faka da meti,ciste,sto mene mnogu me nervira.Eve kaj nea sum ovaa nedela nagosti i ke napravam jadenje i ke svaram kafe i mesto koga ke si dojde da pisedi taa pocnuva da cisti a e cisto (facepalm) (za zal i jas ja imam nasledeno taa osobina od nea)
    Svekrva mi e malku brzopleta,moze da si kaze i sto ne misle no ne i fakam nikogas za kusur,takva si e zenata i kraj.Dosta vnimatelna i saka da im ugodi na site.Koga si ide od rabota,pa i da ne e na rabota doma moze da e bomba no nejze ne i e gajle,ima vreme koga da iscisti,ako e dobro vremeto ke dojde do kaj nas na kafe i ke se ponude da prosetame nekade.Ako nesto od okolu i spomnam deka mi se jade,vo najbrz rok ke mi bide na masa staveno :)

    Ima dosta da pisam i za dvete,sekoj ima i mani i doblesti no jas poveke sakam da gi gledam dobrite strani kaj covek.
     
    На cresa-jagoda, green.eyes, ku4ence и 8 други им се допаѓа ова.
  10. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.361
    Допаѓања:
    24.220
    Свекрва немам, а за мајка ми и 10 страни би биле малку за да ја опишувам во темава. Фактот што се иселив од кај неа уште на 14-15 години кажува сѐ. Како и да е, мајка ми е и какви и да се родителите имаат посебно место во животот на децата.
    Никогаш не сме биле блиски, ни сега не сме, ама тегнеме да не се скине повеќе.
    порано често се кинеше
     
    На green.eyes, joy1, anel и 2 други им се допаѓа ова.
  11. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.132
    Допаѓања:
    45.454
    Пол:
    Женски
    Мајка ми-,,Кои ти се овие кондури?Пак нови?Што ќе ти се,знаеш ли колку имаш?Еее,убави се.Колку се?А,добро ,со здравје да си ги носиш."

    Свекрва ми-,,А многу ти се убави.Ќе си ги изнаносиш.Од кај ги зема и јас едни вакви сакам."

    Далеку од тоа дека ова се лоши или добри страни,само една паралела.
    Сите сме си посебни на свој начин.
     
    На Antebellum, cresa-jagoda, green.eyes и 13 други им се допаѓа ова.
  12. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.629
    Допаѓања:
    100.163
    Пол:
    Женски
    За жал немам ништо конкретно паметно на темава да напишам, само дека 'лошата' страна на мајка ми е што прерано ме напушти, не дочека ни свадба, ни внуче, ни да ме види како мајка со три дечиња, домакинка..... за жал, прерано почина:( па наспроти тоа свеки е секогаш тука и како што мајка ми и остави аманет пред да не напушти, свеки си одржа збор и навистина ми е како мајка. Единствено од моја страна, дали е коректно или не, незнам, но отворено и кажав дека иако ја чувствувам како мајка, не можам да и речам 'мамо' никогаш, тоа го чувствувам трауматично и како да ја навредувам мојата мајка, не знам како да опишам....
     
    На Belgin1, Antebellum, cresa-jagoda и 16 други им се допаѓа ова.
  13. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    2.541
    Допаѓања:
    49.595
    Со мајка ми и ден- денес односот ни е топло-ладно. Толку сме различне и во карактерот и во погледот кон животните нешта, и сето тоа би било ок да можевме да се прифатиме како такве, без да се обидуваме да се смениме и направиме една друга онаква каква мислиме дека треба да биде.
    Со тек на време, тоа ни донесе многу повреди и отфрлања, недоразбирања и незаинтересованости во животот, до таа мера што долго време се плашев дека ако ќе имам ќерка да не и пренесам и на неа несвесно од тој однос полн со горчина, разочарувања и неразбирања.
    Јас неа ја сакам и и посакувам најдобри нешта во животот, и ми недостига, ама таа мојата потреба од нејзе, како мајка, онака како ми требаше во одредени моменти, никогаш ми ја нема целосно исполето. Не се сеќавам на неа во раното детство, немавме квалитетно заедничко време, не се сеќавам на совети или охрабрувања од нејзина страна.
    Другите мајки присуствуваа на школските активности на своите деца, и понатаму беа вклучени, мојава вероватно не беше доволно заинтересована или беше презафатена.

    Свекрва ми се однесуваше со мене ко вистинска мајка, дали од чувството на должност дека бев останата сама со неа и свекорот неколку месеци на почетокот во бракот, или од што се навистина грижеја, ама заедно ме третираа ко нивно дете.
    Никогаш нема да им го заборавам тој период.

    Мајка ми никогаш не ме третираше ко дете. Не се сеќавам. Еднаш ми има кажано дека тоа правела за мое добро. Јас никакво добро не видов од тоа, особено што третман и беше поинаков кон браќата.
     
    На Antebellum, cresa-jagoda, green.eyes и 12 други им се допаѓа ова.
  14. VladeMila

    VladeMila Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    8.511
    Пол:
    Женски
    Nemam nesto mnogu da pisam.samo deka majkami e edna predobra zena,ama so edna golema mana,sto sekogas drugite gi stava vo prv plan nego sebe(aj dobro za nas deca sme i),ama bukvalno site.

    I so svekrvami(sega veke pocinata)dobro si ziveev,sekoj den koga pokasno,koga porano, doagase kaj nas na kafence,muabetce,mnogu sakase da e so luge i da se druzi..
     
  15. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.226
    Допаѓања:
    105.329
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller prosti vaka,ti imas svekrva ili idna svekrva?
    Da otvorime i takva tema.:P

    On.
    Uste nemam hrabrost da pisuvam za ovie dve strani,losata na majka mi,a dobrata na svekrva mi.:D
    Pogotovo ovaa vtorava.:tmi:
     
    На Dreams11 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    7.170
    Допаѓања:
    174.650
    Има тема за идни свекрви :)
    Не мора да се потпишам во матично, барем јас не мислам дека тој потпис нешто многу менува.
    Но не е тоа тема, нели :)
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    11.004
    Допаѓања:
    282.425
    Сум се поставила да не ми се мешаат во ништо
    И си стојат на страна
    За свекрва ми, немам што да кажам, немам никаков коментар
    Со мајка ми сме контра-спој, толку сме различни што двете во иста куќа не верувам дека би опстанале
     
    На LUCERKA, vitamina и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  18. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.250
    Допаѓања:
    7.107
    Пол:
    Женски
    Јас во никој сучај неможам да направам паралела со мјка ми и сверкрва ми.Беа многу различни...како ден и ноќ,како бело и црно.Многу различни,
    Додека мајка ми цел живот го посвети на татко ми и мене,Она го посвети на улицата...поважни и беа комшиите,туѓите мажи и сите други што не е и беше семејство.
    Многу пати мм ми викаше,што очекувам од неа кога она него не го сака а камоли мене да ме сака.
    Она беше слободна жена и правеше што сака дури и кога била со свекор ми.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.458
    Допаѓања:
    92.545
    ^
    Мајка ти ќе си ја фалиш во друга тема, не издржавте да не ја упропастите оваа света тема отворена за свекрвите. Кој нема што да каже, нека молчи. Еве ме мене со позитивни коментари за свекрвата:|
    :D
     
    На cresa-jagoda, CameliaMiller, vitamina и 3 други им се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.598
    Допаѓања:
    232.536
    Единствена негативна особина која ми дојде на памет е нетрпеливоста. Некогаш едноставно не знае да се воздржи да не каже нешто, и во моментот му доаѓа како масло на огнот. Плус избувливо и со повишен тон, ти се чини се кара, а е јасно дека е завршена работа и е погрешен момент за било што да се каже.

    Позитивна на свеки е добриот вкус. Со нејзе човек може да си направи муабет за мебел, препаративна козметика, облека, здрава храна...и плус е добро друштво за по дуќани.
     
    На cresa-jagoda, green.eyes, vitamina и 1 друга личност им се допаѓа ова.