Форумџика на годината

Лошите страни на мајката vs добрите на свекрвата

Дискусија во 'Брак' започната од okcenzi, 23 октомври 2015.

  1. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Абе на сите снаи мајките се светици, посветени на домот, сопругот, децата и на останати домашни животни.
    Е сега свекрвите се к.... недомаќинки, слободни шетачки, ама и мајките се нечии свекрви па во очите на нивните снаи се предходно наведеново. Има ги разни и вакви и онакви. Кажав нешто и сеуште сум жива.:D
     
    На WildMk, Antebellum, LUCERKA и 5 други им се допаѓа ова.
  2. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.627
    Допаѓања:
    7.468
    Пол:
    Женски
    Точно така:(
     
  3. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.553
    Допаѓања:
    7.896
    Значи и двете си имаат и мани и позитивни страни:)
    Негативна страна на мајка ми беше што во се сакаше да се меша,буквално во се]:) Јас кога праваеше торта,а таа ми стоеше на глава и ми кажуваше колку време треба да се мати тестото,како прв пат да правам, а имав тогаш 26 години, да речеш мала сум па да ми кажува.Колку пати се карав со неа и и викав или тргни се или продужи ти да ја правиш.Тогаш знаеше да рече е не се тргам,јас ќе ти кажувам ти ќе ме слушаш,мајка сум ти.Криво ми е последниот пат кога се видовме во живо, имавме истата таква расправија за глупавата торта:(.Имаше доста тежок карактер.Знаев често пати во шала да и кажам,дека ако ми била свекрва ќе летале пердуви.Е, сега ми фали,ама не може да ја вратам;(
    Од друга страна свекрвата не се меша воопшто кога правам нешто или знае понекогаш да даде совет,ама ако не го прифатам не навалува.
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  4. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    Мајка ми е многу досадна. Една работа може 100 пати да ти ја повтори. Се поставува спрема сите како да се деца, па не само што се ќе ти донесе пред тебе само да спомнеш дека сакаш, туку и цел ден ќе те прашува дали си гладен, дали ти студи, дали сакаш ова, она, како мало дете, што од такт ме вади. Ќе ја предупредам неколку пати и пак продолжува. На крај и се обратам со повисок тон дека нит сум дете, нит ми е срам, можам да си земам и ќе се налути. Ги научила сите дома така и не е проблем тоа, туку тоа што после се жали, ова ја боли, она ја боли, како никој не и верува, како никој не и помага, а сама си прави. Неколку пати сме се скарале за тоа кога веќе си зема толку обврски да престане да се жали. Како некој на сила да ја тера се да им ставува под нос.
    Од друга страна постојано ќе ти плесне кога се подновиш со нешто " леле, не сте нормални, толку пари за тоа се трошат ли?"

    Свекрва ми е жена од која нема да излезе муабет за најблиска фамилија надвор од домот. Ни на сестра ѝ не и кажува. Сака да прави таква идеална слика за семејството надвор, што по мене е малку лицемерно, но пак од друга страна и за пофалба. Од неа сите ќе слушнат само убави зборови за снаите и синовите. Значи не е од оние што кукаат и се жалат од снаите.Кога сме болни секогаш се јавува да праша како сме и по неколку пати на ден, а мајка ми па и не толку често:D
    Ако и оставиш дете, таа ги остава сите свои обврски и се посветува на детето. Ако треба и без ручек ќе остане, ама ќе реди коцки, пазли, ќе вози камиони( ова кога беше мал син ми). Мајка ми нема трпение за тоа. Таа ќе го чува ама и во меѓувреме ќе застане над шпорет.
    Некогаш некои работи што ги прави свекрва ми, не знам дали се заради што сака да скрие нешто, или не сака да не загрижува. Сум приметила дека на другиот син не му кажува некои работи да не го загрижува, веројатно и со нас е така. Не е од тие што едвај чекаат да те подбуцнат, или да им кажат на мажот некој лош збор за снаата . Избегнува конфликтни ситуации, никогаш не отвара скокотливи теми за разговор, дури и кога спомнеш нешто, вешто избегнува да дојде во ситуација да си замериш, па веројатно и тоа е причина што никогаш досега не сме се скараме
     
    На ivimis, Vicorial, tina-63 и 16 други им се допаѓа ова.
  5. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.250
    Пол:
    Женски
    @Daleron @Bridget
    И јас ќе се надоврзам со пријателките па колку сакате напаѓајте, јас се обложувам дека плус минус мајките и свекрвите ви се со иста брановита должина, само што проблемот е во тоа што кај туѓото секогаш ви боди во очи да напаѓате и да осудувате а кај своето сето тоа го занемарувате во целост и не му обрнувате внимание.
     
    На WildMk, Nausicaa, Daleron и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Mozeme vaka zaobikolivakki da mudruvame kolku sakame,neli?:)
    No site do edna i potpisani i nepotpisani znaeme deka,pocnuvanjeto ziveenje zaedno,so zaednicki budjet,so deca,zaednicki krediti i red drugi raboti sto gi nudi na tacna brakot,ne e isto so dolgogodisna vrska.Togas se menuvate i ti,i idnata ti svekrva.
    Nemam protiv na tvoe izlaganje vo temava,ako imav ke prijavev i ke odlucese onoj sto treba.
    Isto taka nemam namera da te ubeduvam deka ne e isto.Imase drugi temiiiii niz koi probaa da te razubedat ama ne
    biva:D .
    Potpisot ne znaci,isto kolku sto
    si imala i poveke idni svekrvi (harikiram),nitu edna od tie ne ostanala ista pred sin im da se ozeni i potoa.
    Neli se tece se se menuva de.:wasntme:

    Razlikata megu majka mi i svekrva mi e i toa sto ednata pomaga,drugata odmaga.Prvo mislev deka sama zena pa zatoa.No veke ne mislam taka.Da ne navleguvam vo toa.
    Cisto go spomnuvam muabetot kolku da se nadovrzam na gornoto,i jas mislev i bev pristalica na ona,deka koga ke resam da formiram semejstvo,biten mi e samo covekot a ne i svekrvata.Ama ne bilo taka.Mnogu bilo bitno,ako ne za drugo,da znaes od kakva familija e onojj sto si resila da go izberes.
    Nikogas ne se zapoznav ni so edni roditeli na deckovcite.Barem ne podetalno.
    Inace,Camelija i jas ne sum potpisana.:!: Cisto kolku da vidis dali smetam deka e do potpisot.
     
    На tincemajmunce, VladeMila, anel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.808
    Допаѓања:
    266.903
    Галапче, навистина мислам дека карактерот на еден човек, веќе 50 години наназад, не се менува преку ноќ.
    А за односот мој со идната свекрва, дури напишав 3 зборови :) Ја искоментирав генерално како карактер, како жена. Има снаа веќе она, добри 7-8 години, па гледам и према неа како се однесува, односно взаемниот однос. Не е мое да коментирам за тоа, ама - кога си со некого многу често, повеќе него што си дома, не можеш да не забележиш :)

    Не мислам дека е исто, зошто воопшто би почнувале заеднички живот, ако е исто? Ама може не сум видела толку драстични промени барем во искуствата на моите најблиски другарки (скоро сите ми се мажени). Што не значи дека не си во право, само ете не знам, кога ќе знам ќе кажам :)

    Инаку за другово се согласувам со тебе, многу е битен односот на избраникот со мајка му, ако се намириса мамин син, бар малце, бегај дур те држат нозе :) Како што гледаш, мораш и предвреме да испиташ територија, боље спречити него лечити :)
     
  8. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Camelija so ova primerive tvoi me potsetuvas na edna devojka koja dojde da aplicira za rabota i ja potporasuvam sto ima raboteno.
    Nemam ova,nemam ona,nemam ni ona,ama imam gledano.Jas sum kako sunger mi vika,odma poprimuvam.:D
    Djabe na tie so iskustvo.
    Isto bilo da dozivees i da gledas od strana.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.808
    Допаѓања:
    266.903
    Јас мислам дека реков дека не е исто...
    Галапче, кога купуваш нешто, обично бараш препораки, искуства :)
    Не гледам ништо чудно тука. Дел од комуникацијата е :)

    Иначе и јас кога аплицирав за работа, реков - не знам, претпоставувам што и како е, ама тоа што не го знам можам да го научам. И види тоа, ем ме примија, ем учам други сега ;)
    Цел форум е со лични и туѓи искуства, препораки и критики.

    Многу трн ви се мислењава на нас немажениве (ова условно немажени), не се оптеретувај.
    Не знаеш колку и каде спијам и колку и каде придонесувам на некој начин нели?

    Одам во темите во “Врски“ и сфаќам дека мојата врска не можам да ја сместам таму, тоа е.
    И да, ист буџет трошиме, исти кредити плаќаме, и заедно спиеме.

    Мојата мажена колешка (на папир!) е помалку преселена кај сопругот, него јас кај дм.
    Затоа имам право како мислам јас така да го перцепирам односот меѓу мене и партнерот.

    И ако зборувам за се што правиме со дм, и сменам само една буква, нема ни да претпоставиш дека не ми е вистински сопруг.

    А сега да оставиме да се зборува за мајки и свекрви :)
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    Majka mi e poopustena zena,ne pravi slon od mravka,smirena e,znae kako i so stari i so mladi,ne se mesa vo odluki i tugji zivoti.

    Svekrva mi mnogu pravi stres koga ne treba. Abe edni gosti ako se najavat odma lele brzo pravi nesto blago,da stavame vecera meze bla bla cela kuka na noze ja kreva ako se najavat da dojdat lugje sto sekoj vtor den doagaat. Cesto se obiduva da go nametne svoeto mislenje iako ne i pali voopsto pa vo posledno vreme se otkaza od toa. Si go pika nosot vo odluki koi ne se odnesuvaat na nea. Ne ni se mesa na mene i mm (zosto od odma vide deka nema sansi),ama zatoa na svekor mi i na sinovite na glava im se kacuva.Se trudi mnogu da se dokazuva deka e mlada vredna uste moze da raboti,i ni ja otupe na site po red glavata za toa kako od 17 godini rabotela bila vredna bla bla raboti koi nikogo ne interesiraat. Mnogu saka da komentira kako nekoj drug gotvi ili docekuva gosti,a i samata ne e nekoj gotvac.

    Dobri strani se sto sekogas e raspolozena da te soslusa,ako ti treba nekakva pomos ili da te odnese na nekoe mesto moze vo sekoe vreme ne i e maka. Ne e skrzava voopsto,se trudi okolu mene. No,ednostavno nekogas mi e premnogu.
    Jas sum nekoj koj e naviknat da bide samostalen i sam da si gi zavrsuva rabotite,a taa e naviknata da im vodi red na site vo semejstvoto pa toa malku me nervira. Sepak za sega dobro se snaogjam da gi smenam rabotite koi ne mi se dopagjaat i da balansiram vo odnosot bez da se zavrsi so kavga.
     
  11. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.250
    Пол:
    Женски
    Мини такви се старите жени, тие вас ќе ве гледаат како деца и после 20 30 години, мајка не се менува. Односот останува ист. Сослушај, тоа што не ти се допаѓа прави си го по свое и капата на страна, не си ставај се при срце.
     
    На Minnie 1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Имам што да кажам на темава :) Ни една не е совршена, не сум ни јас, се трудам објективно да гледам на работите и затоа од мое сопствено искуство зборувам.

    Има кај мајка ми многу работи кои ми сметале уште од порано, и до ден денес ми пречат, меѓутоа сум ги прифатила зашто не сакам да се расправам и непотребно да ја повредувам, зашто знам дека секоја добронамерна критика така би ја сфатила. Не се штеди себеси никогаш. Не знае да седне да се одмори после работа, да си даде оддишка на себе. Нема ни многу доверба во она што го прави некој друг. До ден денес се сеќавам ко вчера да беше, кога бевме тинејџерки со сестра ми нели помагавме во домашните работи, абе цело време одеше зад нас да провери, цело време обесуваше како да се чисти, мислиш квантна физика е, и редовно пребришуваше прашина после мене или сестра ми сеедно, зашто не сме исчистиле добро. Ќе не учеше да правиме торта, кифлички, било што, ставам на пример колку што ќе ми каже дека треба, ќе дотури уште една капка или една трошка, зашто не било добро она што некој друг го направил. Како капак на се, пошто е импулсивна, знаеше да префрли дека сме неспособни и ништо не сме знаеле да направиме. До ден денес е таква, жива среќа што нема син за да биде свекрва, верувам дека најоговарана свекрва ќе беше во темата :rofl: Цел живот не прекорува мене и сестра ми дека сме биле тврдоглави и не сме прифаќале никаков совет, а не е свесна дека таа е тврдоглавата и не прифаќа мислење или став различен од нејзиниот. Не може да се соочи со фактот дека денешните околности и начин на живот се многу поинакви од порано, и затоа поинаку се живее денес. Никогаш не го прифати фактот дека јас и сестра ми сме сосема различни карактери, со различни погледи и сфаќања за животот, па и начин на живот. Секогаш ме споредуваше со сестра ми, ми го набиваше на глава тоа дека мора и јас да правам како сестра ми, работите исто да течат, по ист редослед и тајминг. Многу сака да помага на другите, и кога треба и кога не треба. Знае и да истресе пред други нешто што не треба и што и било кажано дека не треба да се каже, па после вели дека наводно никој не и кажал тоа да се спомнува. Ретко кога си ги признава грешките.

    Свекрва ми е многу поопуштена и пообјективно гледа на работите. Од досегашното искуство, знам дека ме сака и почитува како сопруга на нејзиниот син, почитува приватност и несподелување со нив за некои небитни информации и работи (за разлика од мајка ми). Не е преоптеретена со чистење и средување, знае да си го организира времето, да има време и за себе и за куќата, и за работата. Секогаш дава совети, во 99,9% од случаите многу издржани и корисни совети, никогаш не наметнува мислење, и го почитува туѓото мислење. Полесно прифаќа нови работи, свесна е дека околностите се драстично изменети од времето кога тие биле млади, и гледа на тоа како нормална и прифатлива работа, за разлика од мајка ми која уште не може да се помири и да се навикне на такви работи.
     
    На anel, MilaP, victoria и 6 други им се допаѓа ова.
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Лошата страна на мајка ми-далеку е од мене
    Добрата страна на свекрва ми-исто, далеку е од мене :)
     
    На zuto, CameliaMiller, boo3 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.043
    Допаѓања:
    21.674
    Пол:
    Женски
    Двете ги поклонувам радо...многу се мешаат.
    Мајка ми сака се да угоди, да помогне, претерано се замара и себе и мене со глупости. Мора се да ми премести по нејзино.
    Слично нешто и свекрва ми.
    Неможам да издвојам нешто што кај мајка ми е лошо кај свекрва ми добро или обратно.
    Подеднакво ме нервираат, само љубовта е различна.
    Мајка ми мисли како таа што ќе исчисти никој друг нема, другава мисли како таа што готви никој друг не готви...и така ви круг, врти сучи исто ми се фаќа. Кај се погодија исти не знам.
     
  15. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    28.512
    Мама vs Свеки! Има овде што да се пишува. Два различни света, стабилни и во коректен однос со мене. А и тие самите се во коректен однос и досега не сме имале незгодни ситуации. И ретко се гледаат, не се нешто блиски.

    Мама знае да се меша во нашите трошоци и планови без осет како да ни се заеднички (пр. не купувај толку облека, не земај таман величина, не одете таму). Свеки пак воопшто не се меша и не става ред во нашето семејство (ама нејзе ништо не и се допаѓа, ни што е купено, ни што е направено. Сепак на оваа тема ја ставам во предност во однос на мајка ми. )

    И двете се радознали, ама свеќи ќе се исконтролира да не праша но затоа Мама без размислување директно ќе те испраша сЕ, оти по нејзино мислење нема ништо лошо да знае она некои работи кога станува збор за нејзините деца.

    Мама е ,,секогаш во право'' Спротивното не и се докажува, свеќи пак не е јака на зборови.

    Во однос на помошта околу детето, мама потфрла а свеќи е подобра, секогаш достапна и слободна... Оклу правилата на чување и двете се тука некаде, ама малата е порасположена кај свеќи па од таму ми е заклучокот дека таа е подобра.

    Има и мама свои предности во однос на свекрва ми.
    Мама е со малце посовремени сфаќања и послаткоречива, свеќи е попроста и за сметка на тоа често делува и се понаша некултурно (пр. сака да се пофали па простачки се издигнува себеси а те омаловажувуа тебе)
    Свеки е ,,најдобрата готвачка на свет'' сите други не знаеме да готвиме ( ова е нејзин став), мама пак на таа тема знае да ја пофали на што свеќи од среќа јајца снесува.
    Често ручавме кај свеќи и цело маало беше информирано за тоа, мама пак не споделува такви работи а често сме и кај нив.
    Свеќи е терсене во смисол денес ти прави муабет утре не, нестабилна во однесувањето за разлика од мама која нема да те стави во таква незгодна ситуација.

    И така, и двете си имаат доблести и мани, на мама знам да и пререречам кога ме нервира, на свеќи пак начекувам момент и одбирам зборови кога сакам да и замерам на нешто а сепак да не се скараме. Се трудам и со двете да останам во добар однос, засега успевам.