Далии кои мисли, најчесто ве измачуваат,во врска со партнерот?И како се справувате со нив? Мене тоа ми се случува обично ако се срчкаме, и одма во глава ми одат мисли: -што ако ме сватил погрешно -што ако се навредил а јас не мислев така -што прави сега,дали воопшто размислува за тоа што му го кажав -ако му пратам порака, дали ја прочитал
Јас кога работеше најчесто си мислев Леле што ако некоја бивша му има одено на работа ? Дали флертува сега со некоја? Зошто толку се расипа врската од кога почна на работа? Дали барем еднаш дневно мисли на мене ? Дали ме сака? Зошто толку често се караме? Зошто е толку сменет?
Претежно кога ќе се напраиме лом ич не се замарам и си терам по мое, си искачам одма со други не му кревам на повици, се понашам како што сакам! Али после една недела ќе почнат црни мисли да ме демнеат, како на пример: Што прави сега? Да не е на кафе со некоја? Ме сака ли уште? Ме сака бе знам дека ме сака, уфф зошто му го изнакажав сето тоа Итн, итн!
Што ако потрошив толку многу време со погрешен човек? Најубавите години ги поминавме заедно, што ако некогаш направи нешто заради што ќе се каам за времето поминато со него
Ми се случуваат периоди кога ме опседнуваат лоши мисли на пример дека премногу очекувам од себеси и дека другите премногу очекуваат од мене. Дали ќе го постигнам тоа што го посакувам... Исто како и некои глупи мисли за мојот бивш дали воопшто ме сакал и дали сеуште има чувства за мене... итн итн
Често пати ми се случува да сум опседната со овие лоши мисли.. И сега е тој период. Обично тоа се случува кога ќе се скараме. И еве сега во главата ми се врти не ме сака, се скара со мене без врска за да оди со друга, не го интересира што правам јас, каде е сега, што прави, да не е со некоја .. и слично.
Зошто не може да ме сфати ? Што му е сега ? Зошто толку ме повреди ? Направил ли нешто а јас да не знам ? Дали ме изневерил повеќе пати ? Дали сеуште се гледа со неа ? Флертува ли со некоја ? Ќе ме изневери ли со неа ? има уште многу...
Во последно време немам такви мисли, но ми иделе мисли кога рекол дека ќе оди на пијачка со некој другар и јас си правам филм дека ќе се напие па ќе гледа по женски, па ќе и пријде на некоја бла бла. Или кога ќе излезе дека ќе наиде на некоја што ќе му привлече внимание. И такви некои слични нешта.
Најчесто ми идат мисли од типот: - Дали ми е лут? - Дали ме сфати погрешно? - Дали го навредив? - Дали погрешно постапив? Порано се замарав дали мисли на бившата или му значат деновите поминати со неа... Глупости... Сега се смејам на тоа