Лоши навики

Дискусија во 'Психологија' започната од Nightwalker, 25 април 2011.

  1. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    4.443
    Пол:
    Машки
    Ги има(в)те ли? Доколку се минато, ќе споделите ли искуство како сте се одвикнале, за да помогнете некому? Пушење, пиење, наркотични средства, анти-депресиви, грицкање нокти, усни, претерано јадење... Сите се воглавно поврзани со пореметувањето на контролата на импулсните реакции, односно Impulse control disorder. :)

    Јас сум си имал работа со 2 вакви навики, односно грицкање на устата и ноктите. Првата навика ми траеше кратко, како што дојде, така и си отиде, а помогна константното мачкање со ла-бело, едноставно кога имав ставено на устата, не сакав да ја грицкам и со тоа да го бришам ла-белото. А со грицкањето нокти, може да се каже дека баш сега сум во период по којзнае колку години, кога напреднувам и конечно ги зараснувам како што треба. Не помагаа низ годините ни горчливи лакови, ни не знам какви киселини, ни нешто трето... Не знам како, едноставно се заинаетив и решив да ставам крај на оваа лоша навика, да не се наоѓам себеси во „листата“ луѓе со, како што реков, Impulse control disorder. Се надевам дека ќе истраам и успеам да ја искоренам оваа гнасна навика. :)

    ПС. Темата е ставена во „Психологија“, бидејќи за повеќето од овие навики се смета дека виновник е психичко пореметување. :)
    Па ајде, ме интересираат вашите (не)успешни искуства. :)
     
  2. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.682
    Ги имам куп, дел можам да ги контролирам, а дел ми сметаат.
    Грицкање коса. Навика од која НЕ МОЖАМ да се одвикнам колку и да се обидувам. :worried: Кубам влакна, одвратно делува, во друштво не, но кога сум сама дома, кога седам пред компјутер, читам, учам и сл. махинално раката ми оди накај косата и кубам влакна. :worried:
     
  3. Whatsername

    Whatsername Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    343
    Ја гризам устата, и тоа од внатрешната страна, кај долните заби. Цела уста ми е лом и стоматологот ми рече да престанам за да не дојде до инфекција или хронично заболување, но не можам и не можам да се одвикнам. Најчесто ми се случува несвесно кога се нервирам, а се нервирам многу и често. |(

    Ноктите ги грицкав како помала, престанав, почнав пак пред некое време, но сега оваа навика е под контрола и не сум приметила да ми се случи одамна. Поради ова, ноктите ми се со никаква форма и не можам нормално да ги израснам.

    Се надевам и ова со устата ќе успеам да го ставам под контрола, бидејќи ужасно многу ме нервира и ми пречи. :doh:
     
  4. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    98
    имам лоша навика-грицкање нокти,многу ми смета ама неможам да ја контролирам посебно кога сум нервозна :tmi: а една моја познаничка има грозна навика,кога и да седи со нас во друштво си го чепка носот :puke: баш гадно,но никако да и текне да престане :puke:
     
  5. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.399
    Допаѓања:
    8.921
    Ко мала грицкав нокти. Како што раснев сфатив колку грдо и гадно изгледа и престанав. Не идеше лесно, ама ми помогна и тој лакот што горчеше. Не дека јас неможев да го поднесувам вкусот, мене всушност не ми сметаше горчината....ама некогаш неосетно и несвесно од навика ги грицкав, и вака кога ќе осетам горчлив вкус ми текнува веднаш да ги тргнам прстите од уста. Ако немав лак, додека се свестам, отидел ноктот. Е на тој начин ни помогна

    Друга лоша навика што ја имав е да си чепкам низ главата/косата додека учам :D и си правев ранички. Ама најдов лек и за ова, сега додека учам обавезно држам пенкало во рака и така ми се зафатени рацете и не ја фаќам главата
     
    На Lolo5 и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  6. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.532
    Допаѓања:
    4.861
    најлоша моја навика-јадам кога не сум гладна, туку кога ми е досадно. Ова морам да најдам начин да прекинам да го правам
    друга навика која не знам колку е лоша е тоа што не можам да седам мирна него секогаш морам да правам нешто со рацете. Или кинам ливчиња (еднаш сметка искинав во кафич пред да ја платиме :) ), или си вртам нешто низ прсти и најлошото кога чешкам некого. Ептен несвесно ги правам овие работи, а кога ќе пробам да прекинам нема шанси. Ама што да се прави

    А иначе за грицкачето нокти, ова и успеа на една моја другарка. Значи ноктите ги грицкаше како манијак. Кога почнавме факултет мораше да се вози со автобус и бидејќи таму е прилично прљаво и беше многу гад и прекина.
     
    На Iva.T му/ѝ се допаѓа ова.
  7. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Имам неколку лоши навики - често се прејадувам и снемувам воздух мислам :$ , ја истурам нервозата понекогаш на некој што е ни крив ни дужен или ако сум лута и бесна во моментот на некој и истиот тој да ми пререче нешто... :) - нема баш сјајно да помине! Исто така често устата ја чепкам со раце, а посебно кога ми е испукана, кога сум во ПМС или од ладното надвор и после се чудам од каде херпесот ми изникнал... :$ Голема педантерија сум и кога ќе видам неред ме фаќа паника :lol: , а и хипохондричноста ме надвладеа до максимум (не дај Боже дома некој да ми дојде што е болен, настинат и сл.) - ќе правам стерилизација и дезинфекција во сите соби или пак некој или некоја со сомнително сексуално минато да ми седне на WC шољата дома... :x Одма Доместос ќе ставам и триста други хемикалии... :$
     
  8. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    224
    Лоша навика ми е што сум многуу живчана и секогаш ја тресам ногата или прстите. Исто кога одам да купувам кога разгледувам нешто се чешам на градниот кош или вратот ко шугле, а не од што ме чеша..
    Од нервоза ја гризам устата и после ни лабело ни мед ни ништо не ми помага колку е изгризана :envy:
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  9. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Порано ја грицкав устата ама се одвикнав, а сега грицкам нокти и исто како Валјд кога сум сама дома ја кубам косата :worried:
     
  10. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.705
    Грицкав нокти премногу ама сека се одвикнувам од тоа и добро ми оди. Успеав и да ги израснам. :)
    Устата ја гризам кога сум нервозна и тоа од внатрешната страна. Многу ми пречи оваа навика, одвратно е.
    И лицето го чепкам постојано.
     
  11. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.243
    Допаѓања:
    1.316
    Порано си ја јадев косата . Спонтано се одвикнав.
    Потоа грицкав нокти .Исто,помина само од себе.
    Па се прејадував ,но и на тоа му ставив крај .
    Кога учам ,си чепкам во коренот на косата,убаво ми е. :geek:
    Kога сум нервозна - исто така.
    Пушам...и цигари :smoke: :rofl:
    Многу пцујам,рекордерка сум во таа (не)дисциплина ... :swear:
    Многу зборувам безобразно...Ми треба :x
    Чаре???
     
  12. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    2.089
    Допаѓања:
    3.264
    Пол:
    Женски
    Ги имам секако, а кој ги немал..
    грицкање на нокти, јадење на коса, грицкање на секое можно пенкало.. и уште многу други..
     
  13. RiRii

    RiRii Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2011
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Си ја јадев косата-ама престанав
    Како помала си ги грицкав ноктите-сега ми се цврсти ко камен неможам да си ги грицкам ;(
    Врвовите на косата на лицето си ги ставав- и уште неможам да се одвикнам од ова
     
  14. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    794
    Порано јадев коса и грицкав нокти. Тоа со косата помина откако си ја скратив, а ноктите одеднаш престанав да ги грицкам, пораснав и решив да ги негувам.
    Од неодамна постојано си ја пребарувам косата за тврди влакна и истите ги откорнувам.
     
  15. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    291
    имам една лоша навика,кога седам мора едната нога да ми е под газот (значи да седам на неа) и толку ми е лоша навиката што и кога одиме на гости јас приметив дека така седам,но секаде се не може бе не е убаво ама ете :x инаку на стол кревет не е битно јас вака седам како да заборавив како се седе женски,резулат на тоа е што коленото некогаш јако ме боли од пример седење сат два врз него :tmi:
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.069
    Кога пијам кафе обавезно го превртувам филџанот ко за гатање...и така цел ден може да ми стои на маса (ниту си гледам на кафе, ниту пак некој ми гледа), ама пуста навика...И на крај јас ќе си го измијам но ако некој друг го измие-се нервирам... :geek:
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cello-PlaYer

    Cello-PlaYer Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    23
    Јас имам навика да ги грицкам ноктите, но тоа ми е на периоди. Имам навика да го лупам лакот од ноктите со заби.. |( Исто така имав навика да го грицкам прстот со салвета.. но татко ми ме одвикна..ми ја запали салветата и крај! :)
     
  18. MoonChild

    MoonChild Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    90
    Лоши навики што ги имам се
    -грицкање нокти
    -пукање на прсти
    -стоење едно 2-3 сатии пред огледало во текот на денот
    -лупење на лакот од ноктите
    -чепкање постојано на косата ии то :)
     
  19. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    661
    Незнам колку е лоша ама знам дека е глупа навика -ја грицкам кожичката околу ноктите. :geek:
     
    На MarchelineAmaru и ElenaRisteska им се допаѓа ова.
  20. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    640
    Порано грицкав нокти али еднаш решив да ги пораснам и многу ми беа убави и си ги излакирав од тогаш не ги грицкам сега иам друга лоша навика ја гризам устата од внатрешна страна... :worried: