епа женски верувале или не кога ќе си одат гости и ако имаат пушено ги тргам пикафците од пепељарата и го лижам пепелот и неможам да се одвикнаам никако многу ми е фкусен, а кога беф мала јадеф мравки
- ја стегам вилицата како да гризам нешто затоа на максило си завршив - често рацете знаат во коса да ми се најдат - ги пукам прстите, не знам од каде оваа глупава навика, порано многу ме нервираше кај други луѓе - зборувам гласно така зборуваме сите дома, па знам дека ми е од таму - бев порано пушач во права смисла на зборот, но сега палам кога ќе ми притекне ради реда, но после таа испушена цигара грдо ми е, па си ја сметам како лоша навика што не ги оставам целосно - бројам до 10 кога ме напнува некој, но многу пати ни до 1 не стигнувам па реагирам многу нервозно и после тоа си се каам.. патем се си ставам при срце - љубомората знае често да ме совлада (шкорпииште, што да се прави ) - го гризам внатрешниот дел од долната усна
Никотинска зависност, грицкање нокти, грицкање прсти, си кинам коса, најчесто кога сум пред PC или кога треба да учам.
Порано имав навика кога ке застанам пред огледало да го допрам трипати со левата со десната па пак со левата рака ама фала богу некако се одвикнав... Сега лоша навика ми е каде и да одам имам обавезно огледало со мене и во кафич да сум испадната го вадам на секоја минута и се огледувам... Лошо е и тоа што размислувам гласно... Пред да запалам цигара секогаш ја лижам...
Мислам дека инатот и тврдоглавоста ми се страшно лоши навики.. ако може воопшто во навики да ги сместам.. ми нема лек за тоа. Исто така, си ја мрдам ногата...односно двете, и не можам да го исконтролирам тоа никако, влезено ми е во потсвес..
Молчење. Молчам и кога сум во право и кога не сум во право. Сите ги вадам од такт. Тоа што не чини, не чини и сама сум свесна за тоа . Најмногу што се плашам да не повредам некој. Само заради тоа .
Инаетот И кога не сум во право одам до крај, макар и тоа било лошо за мене а и многу често знам да избувнам А да ќе заборавев дека си ги крцкам прстите (инаку не ми функционираат и не можам ништо да правам)
Имам навика секогаш кога не ми е погодено се дерам, има навика да си ја грицкам устата, и секогаш ја мирисам облеката пред да ја облечам
Понекогаш за многу лоша навика сметам тоа што премногу се грижам, и сакам се предвреме да испланирам, нешто да не тргне наопаку и слично. Друга лоша навика ми е спиењето, мноооогу спијам, а не сакам да го преспијам животов .
Си ја лупам кожата од устата. Многу се нервирам постојано велам дека ке престанам ставам секакви сјаеви за да не сум во можност пак да лупам ама еве пак и пак го правам тоа. Не сакам да си ја унижтувам устата ама тоа е....
Д сејм хиер Од помала ја скубам косата. И едно време стварно поминав граници. Ми изгледаше како да имам 70 години целата глава ми беше дупки и ми беше срам на фризер да отидам. Сите мислеа дека ми опаднала косата а мене ми беше срам да кажам дека си ја скубам сама косата. Влакно по влакно, кога гледам филм, учам седам пред пц и слично. Сега после подолгно негување супер ми е. Дури и премногу ми е густа, барем за мој вкус. Али пак не ми е таа глупава навика искоренета. И сега знам да се занесам ама штом ке ми текне на последиците престанувам. Се надевам ќе ти биде од корист моево искуство да си ја искорениш таа навика. Поздрав
Пушењето пред се. АБнормална консумација на кофеин. Вртење на прамен од косата секогаш кога сум напната или ми е досадно.
Премногу касно си легнувам. А понекогаш не ни заспивам и цела ноќ ја одседувам на фемина а дење спијам... :geek:
Ова се главните: -Грицкање нокти -Седење до доцна -Лупење на копжата од устата -Грицкање коса -Премногу јадење благо -Инает терам дури и кога знам дека не сум во право -Кога сум изнервирана никој не смее да ми прозбори оти ќее го отерам упм -Секогаш пред да облечам нешто ја мирискам облеката -Секогаш си ги завршувам обврските во последен момент Ииии доста се толку, да не почнам да ги набројувам споредните лоши навики оти постов ќе нема крај
гризење на уста,кога сум нервозна рацете ми се потат премногу,чешање на коса истотака кога сум нервозна,јадење на големи количества благо и инаетчија за некои работи