многу сум темперамнетна и никогаш неможам мирно да седам и на час кога седам постојано ја мрдам ногата и кога спијам целата си се 'клацкам'
Секогаш го кажувам тоа што го мислам.. никогаш не пишувам и не кревам слушалка прва.(оваа навика ќе ме убие некој ден) Го грицкам месото покрај ноктите од палецот
Јадам кога ми е досадно. Ако имам пари во мене а ми е досадно, секој денар го трошам на јадење. Имам и способност да го испразнам фрижидерот за многу брзо време. Кога сум нервозна јадам најмалку една чоколада. Спојлер Не, немам вишок килограми.
Јас имам две лоши навики, и мене ми изгледаат како најлоши, од причина што СИТЕ во моја близина ме забележуваат и ме oпоменуваат. 1. Ги пукам прстите 2. Јадам кога ми е досадно (а многу често ми е досадно) Спојлер Седев во автобус и до мене седна една постара госпоѓа. Надвор врнеше и јас гледав низ прозорецот. Во еден момент несвесно почнав да си ги пукам прстите. Ама изгледа доволно гласно за да госпоѓава слушне и да си почне дискусија. Па како тоа, па зошто тоа, па тоа небива така,па ке ти се тресат рацете кога ке остариш, ке си ги искривиш прстите... Женава не престана да зборува до последната станица. А исто така и професорите у школо многу често ме опоменуваат кога ќе ме приметат. А за вторава моја навика доста се избрукав кога бевме сега за први мај со друштво на една викендица каја еден другар. После ручек седнавме да гледаме филм. Ама доста најадени т.е прејадени од секаков вид месишта и скаришта , јас цело време офкав дека прејадов. И седнавме да го гледаме филмот. И незнам после колку време беше, ама имаше една ептен досадна и глупа етапа во филмот. И јас станав од пред ТВ и отидов земав чипс. Ги послужив сите, ама никој не сакаше. Јас сама си го изедов. После некое време филмот стана ептееееееен досаден сите случки беа долги и преедосадни и јас пак станување, одење до кујна и враќање со смоки и кикирики. И овие кога ме видоа се изначудија како тоа ме болело стомак од прејадување на рукек, а не сум престанала да грицкам цело време. Јас бев ваква . Лошо, лоооошооо.
Имам многу лоши навиќи но она што ја сметам за најголема и најодратна е што имам навика да ги мирисам рацете на пр: Кога ќе се почешам под мишка па дури и на интимните делови секогаш несвесно раката ми оди кон носот да ја мириснам. Знам дека тоа е одвратно но тоа го правам несвесно и се трудам барем кога сум в друштво да го избегнувам таа лоша навика. Инаку да бидам искрена незнам дали овие лоши работи можат ѓенетски да се наследат но мислам дека јас ја имам наследено од мајками и таа го прави истото ја мириса раката кога ќе се почеша по мишка. Тоа е она што е најлошо инаку имам и други лоши навиќи кои не се аш толку лоши.
до пред некое време ги грицкав ноктите ама сега веќе не а сега за лоша навика го сметам тоа што сум искрена и сакам да зботувам многу,комуникативна сум и на луѓево се во очи им кажувам затоа и некого можеби повредувам.
Секогаш кажувам нешто пред да размислам.Секогаш јазикот ми е побрз од паметот. Голем инајџија сум,несакам да попуштам,ама кога се мора се мора. Од досада јадам,а не дека ми се јаде.А бидејќи многу често ми е досадно можете да замислите колку јадам. Секогаш кога излегувам од дома,морам по 5-6 пати да појдам во ВЦ,не дека ми се оди туку онака ради навика.
Сакам да се одвикнам, ама никако неможам... Долната уста, се надевам дека ме разбравте.. Си ја грицкам некогаш од досада.. Со крв понекогаш знаам да сум. Катастрофи некогаш ја правам.. А грицкање на месото околу ноктите исто така, особено пред тестови, и испрашување
ја јадам долната уста од внатре тоа го кинам и многу пече кога јадам нешто и се пробувам да престанам ама не бива еве ии сега ја јадам ја направив ренде. тоа ми е многу лоша навика,ем ме боле,кога јадам нешто или кога се мијам заби од пастата пече,ама не престанувам
Онаа која најмногу си ја мразам кај себе: Кога сум нервозна или напната, и‘ се јавувам на Мами надевајќи се дека ќе успее да ме смири. Најголемата грешка што ја правам секој пат е што не и‘ дозволувам ни да се обиде да го направи тоа, туку се џековам по телефон, и‘ солам памет, а таа кутрата само ќути, за да не ме доизнервира.
Ги пукам прстите а најнепријатно ми е кога ги пукам додека сум во афтобус и тоа се слуша.. а коа ке почнам со еден прст неможам да прекинам..
кога сум нервозна немам контрола што зборувам и што правам посебно кога се караме со дечкоми... и јадам без да ми се јади туку од досада....
Многу лоша навика имам што ги грицкам ноктите 24/7 . Колку пати сум ставала наградба на нокти али после една недела почнувам и тие пополека да ги грицкам.Ако сум во друштво нормално дека неможам да ги ставам прстите во уста и да почнам да грицкам али скришно под маса морам да си ги чепкам ноктите. Има ли чаре за мене ?
Што не дозволувам да биде некој арогантен и имам 0 толеранција за таквите .ЛОША навика знам да се ставам и во непријатни ситуации поради тоа но многу пати во животов ми има помогнато таа мана-навика за одлуки на клучни работи каде што несмее да се погреши . :geek: