Па, пошо нема совршенство, имам повеќе лоши навики. Уствари, ја сум тотално совршена у своето „несовршенство“. Да започнам од „јадење“ на косата. Бев прилично мала кога го правев тоа, но со тек на времето се одвикнав. Не знам како сум можела да го правам тоа, сеа ми се гади од самата помисла. Втора лоша навика е тоа шо мене не ми е потребна грицкалица за нокти(добро освен за ноктите на нозете ). Грицкам нокти. Да,да. Грицкав, грицкам, а веројатно и ќе грицкам. Прстиве на рацете не ми личат на прсти на човек, на жена. Не знам и ја самата на шо личат. Плус, ги кинам и тие кожичките околу самиот нокт, така да прстите околу тој дел, ми се секогаш раскрвавени. Трета лоша навика, колку и да ме смируе, е грицкањето на молив. Ме смирува, а истовремено и иритира. Најчесто го правам ова коа неможам да најдам решение на некоја задача. :geek: И да, лоша навика ми е кога правам писмена, тест, кога имам испрашување, јас да седнам да учам во 5 до 12. Многу неубаво. Но, добро. Скоро секогаш поминувам добро. Спојлер Други лоши навики...пушам, пијам, спијам многу(минимум 12 саати, кога можам).
Врткам и јадам коса(Цел ден ракате ми е во коса или косат во уста) јадам пенкала и моливи дур ми текен решение на задачата спијам премногу се хранам не здраво ама сеа почнувам да јадам здраво
Можеби звучи чудно, но никогаш не сум грицкала нокти.Еве ги моите лоши навики: -„јадење“ коса (кога имав околу 8-9 години ја имав оваа навика, но се одвикнав кога си ја скратив косата. Секогаш кога некој ќе ме погалеше по главата, прашуваше зошто ми е влажна косата... ) -тресење на ногата (ова сеуште го правам и не можам да се одвикнам...понекогаш од досада, понекогаш од нервоза...) -Кажување „И самиот Аристотел рекол дека најважна е мерата“ после секоја реченица...(ако, нека ми е кога имитирам наставници... ).
Претерано им верувам на луѓето, тоа ми е проблемот со лошите навики. Како да подзамижувам покрај фактот дека некои од нив некогаш ја изиграле мојата доверба и го уништиле пријателското во нас, па иако не ја заслужуваат мојата помош давам сè од себе за да помогнам и да им биде добро. Ко да ме фаќа амнезија во ваквите моменти и се мразам, навистина не можам да се поднесам, зашто луѓето никогаш нема да се сменат и секогаш ќе боли кога ќе ти свртат грб. Апел до мене, да се опаметам дури е време!
Сум ја јадела косата, сум ги грицкала ноктите, сум ги грицкала моливите и стилата, си шкртам несвесно по рацете ( ) ...
Порано сум ги грицкала ноктите и устата но се одвикнав на тоа па потоа почнав да ги пукам прстите и тоа многууууууу и почнаа да ми се тресат рацете и да ме болат па престанав и потоа пак почнав да ги грицкам ноктите и престанав и сега ништо не правам од тоа
Грицкањето нокти. Еднаш се одвикнав, тоа беше за време на летото кога немав никакви стресови и нервози, а и сакав да си ги лакирам ноктите во интересни бои. Но сега пак почнав, и тоа од нервоза од училиште и се тоа. Се обидувам повторно да се одвикнам со силна волја и донекаде успева, но сеуште не се убаво израснати
Грицкање нокти и навика ми е тресење со нозете (не верувам дека некогаш ќе се одвикнам од овие 2 навики)
За се се напињам. И многу се замарам за било што.Се би дала засекогаш ова да го немам ама незнам како..:/
Мислам дека сите лоши навики во мене се собрале Обично лошите навики ги правам додека сум нервозна. Ги мотам обетките, го откопчувам-закопчувам, цело време се фаќам за нив, веќе ушето ќе си го откинам. Со горните заби си ја прегризувам долната уста. Ги пукам прстите Од сите можни страни го пукнам секој можен прст. И ова најлошото ја грицкам кожата околу ноктите, или ако сум на школо бидејќи тогаш рацете ми се полни со бактерии со прсти ја кинам кожата околу ноктите. Секој прст ми е раскрвавен. Ова е крајно безобразно од мене, ајде дома веќе секој ден ми кажуваат, ама кога и школските ми кажаа дека ми се лом прстите ми пукна филмот од самата себе Ги пробав сите методи за одвикнување, ги лакирав целите прсти со безбоен лак, седев дома со ракавици, се швркав со ластичка, во уста цело време мастика имав и не бе, успевам да не ги грицкам прстите само на лето кога ноктите ми се долги и лакирани. Сега купив од тој фластерот што е како намотан на ролна и го намотав секој прст Купив од тој ептен што лепе, да не можам да го одлепам. Е да сега, не е многу хигиенски, особено за педантерија како мене, ама ќе ги менувам почесто.
Кога се нервирам, од внатре ја гризам долната усна и понекогаш си пуштам крв. Кога сум во исчекување, или кога сум напната, со ноктите (кои ми се прилично долги) ударам по маса, или чаша. Сите ми велат дека е иритирачко, но не можам да престанам.