Полна сум со лоши навики Посебно кога сум нервозна! До летото имав навика секогаш со ноктите да удирам по маса. Сеа кога почна школото од нервоза почнав да ги грицкам ноктите Кога сум нервозна имам навикада претам во косата, мислиш барам нешто во неа, богатство, и затоа секој ден ми е мрсна Исто така навика ми е да си ја гризам устата, посебно долната, кога иам јакна или тренерка цело време ја откопчувам-откопчувам, кога чекам нешто секогаш ги тресам нозете...
Порано ги грицкав кожичките околу ноктите, и изгледаа ужасно. Се заинаетив и се одвикнав. Се е до карактерот.
јас ги грицкам кожичките од прстите и многу ја тапкам ногата. вчера прстот си го разранив од што ја грицкав кожичката
И јас имам една мноогу глупа и лоша навика. Си ги скубам веѓите со прсти или нокти кога ми се спие. Како кокошки да ми ги клукале ми се. На сите што ги знам им велам кога ќе ме приметите удрете ме по рака, ама џабе. Црвени ми се, ме болат и јас повторно по мое...
Лоши навики,па имам.Во последно време се одвикнав од некои од нив, како грицкање нокти, тоа не го правам веќе,но го лупам лакот на ноктите,ретко кога издржува, и еден ден на ноктите,веднаш географска карта го правам.Косата не ја џвакам туку ја кинам(како мала сум ја џвакала),кога ќе се изнервирам ја туткам,ја кинам и така ништо од мојот сон за долга коса.И најлошата навика што сум многу остра на јазик и често знам некој близок да повредам..
Си ги корнам веѓите кога сум под стрес.Да.И тоа го има. Затоа и често одам на козметичар да ми ги средува и не можат да ми израснат нормално.Згора на тоа и ретки ми се природно. Многу, многу лоша навика што за жал несвесно ја правам и никако не можам да ја отстранам. Порано си го јадев месото околу ноктите на палците ама сега како што забележувам се поретко го правам тоа.
Си го јадам месото околу ноктите, кога сум нервозна во крајни граници оди. Крв течи, боли, јас уште кубам касам...... Потечена сум стално во прстите и грозно ми изгледаат. Истотака и устата си ја касам и внатре си го касам мевцето.. ОВа се на нерва е екстремно. И сум многу избувлива. Не знам дали е навика или карактеристика.
Многу брзо и лесно се лутам и сменувам изрази на лице. Кога сум нервозна јадам пообилно Не можам да седнам на маса да јадам ,ако не гледам некој филм на тв Многу доцна легнувам, ова ми се воглавно лошите и грди навики
Секој ден си ветувам дека вечер ќе си легнам порано и ништо, ветар во магла. Си ја корнам устата, ги грицкам ноктите понекогаш...
Прокрастинација секогаш ги одложувам обврските се' додека не стигне до тоа да имам толку време на располагање што паниката ми е навистина оправдана... особено кога се работи за учење така функционирам, најсконцентрирана сум во 5 до 12, I can't help myself Седење до касно и станување уште покасно во период без обврски. А кога сум нервозна (особено кога чекам нешто) ги гризам усните и пукам прсти
Одложување обврски до последен момент, избегнување социјални настани и ситуации, напади за јадење во кои јадам се' околу мене.
Уфф, и јас со мојава глупа навика. Цело време си ја чепкам косата, значи цело време. Сега дури дечко ми ме забележа дека ми е навика и почна да ме удира по рацете. Тоа е, мало дете.
Јас па од нервоза лупам во ѕид со цела сила ( и секад си викам како што ме боли душата така нека ме боли и од надвор) али ракава партал ми е.. при одредени дрвижења прстите почнуваат да ме болат, а понекогаш и да ми се згрчат. Ама па како да не се нервирам кога гледам дека иде со друга или пак не ме рецка, а до вчера сме биле мн блиски?