Грицкам кожичката околу ноктите значи ги раскрварувам и затоа после цела со ханзапласти Додека јадам значи МОРА да гледам тв инаку не ми е убаво јадеето И овааа најлоша ги кинам расцветаните врввови од косата косава ми е катастрофа
Многу лоши навики имам, грицкам нокти кога немам направени, јадам пенкала и моливи, пцујам, се смеам кога најмалце треба и сум многу директна.
Имам едно влакно на образот што ми расте подолго од другите и постојано чепкам на тоа место и често го кинам. И сега се почесто ми расте
Од лични лоши навики кои ги практикувам е неможноста подолго време да бидам во седечка позиција. Ако условите се такви што нема можност за раздвижување подолго време (семинари, обуки), повремено потстанувам, се поместувам се додека не се создадат услови за да се ослободам од седење Од лоши навики во домот постојано оставам полна чаша вода за пиење на масата во дневна се додека не почне да ми пречи и да заврши во мијалникот затоа што редовно пијам ладна вода од фрижидер.
Епа девојки јас се вклучив само за да си ја олеснам душата затоа што ИТНО ми треба тоа. Знам дека немам одговорено во ЛП ниту седено на форумов веќе некое време арно ама тоа нека ви е само доказ дека сето што сега ќе го пишам не е иронично ни најмалку тролање или нешто така. Јас сум буквално психопатка веќе како тргнала работава. Откога се преселив сама да живеам со дечко ми сфатив дека I can't adult for shit! Нашето симпатично станче личи на депонија - како што некои луѓе за домот можат да си кажат our little piece of heaven ние слободно можеме да кажеме our little piece of дрисла. Клуч од кола баравме саат ипол и го најдовме во пајажина замотан запустен а колата не ја користевме цели четири дена. Ѓубре има буквално насекаде, немиени садови каначки со храна што му праќа мајка му седат во фрижидер и толку се стари што печурки растат во нив. Пепел од цигари има буквално секаде, едно чисто парче теписон било што ако барате заборавете. А како се храниме? Го знаете тоа мемето со peanut butter and crack sandwich? Е па исто така! Сметаме пари во нудли и тоа ни е главен извор на живот во чумосаново место. Мислам дека ако од нигде никаде дојде средовечна жена во станов ќе добие факинг срцев удар! Комшииве да знаат колку ни е нечисто дома ќе ни викнат полиција и ќе не натераат знак за радијација да ставиме пред врата. Еднаш ни се истури пепељара полна догоре и ден денеска не е метено таму и не ни помисливме да го исчистиме туку промајата ни го раздува. Чуваме куче и неговите лајнс од пред еден месец зад регалот си седат недопрени. Ги чистиме само од местата во дневната каде што поминува некој. Мислам дека ако ни влезе крадец дома ќе ни забриши малце. Ве молам без совети знам дека треба да зачистам само сакав да си олеснам.
Јас сум прилично хммм хаотична личност. Се мачам да средувам и се да е на свое место ама кога сум сама се претворам во таа средовечната жена што би добила срцев удар ако влезе кај @Ex Luna Scientia Се може да е во хаос ама ако не е чисто, не можам да функционирам од анксиозност.
Леле, да си педантен и ако ти падне расположение да ти е расфрлано, е тоа ми е лоша навика. Треба да се терам да средувам и кога се чувствувам сино. И цигари да оставам. Да ги спомнам цигарите, можеби некад ке се одлучам свесно да престанам.
Гејмање. Ќе седнев пред пц, ќе пуштев игрица и ќе се заборавев со тањирот пун храна пред мене како да цел живот у темница да се ебам. Кога ќе се одвикнете од некоја лоша навика битно е у одреден временски оквир да ја замените со друга, поздрава затоа што ако и новата е лоша, тогаш ништо не сте направиле.
Нормално дека имам Постојано ја фаќам косата, а со лицето намалив. Многу зборам, но активно се обидувам да се затнам и да слушам, ама сеуште имам проблем со oversharing. 50 пати редактирам постови бидејќи се распишувам и спомнувам и што е важно и неважно. едит: Дома сум постојано на мобилен, али надвор го исклуувам вифито, ќе го скријам во ташна и неколку саати го заборавам
Лоша навика според мене е мојата педантност. Сакам се под конец да ми биди од постелата до како алиштата се спружени или како се цвекињата наредени. Друга лоша навика е тоа што сум премногу директна не знаам да скријам ништо а баш сакам некогаш да одглумам но не морам да изреагирам и кажам она што ми лежи на срце. А како шлаг на ова е тоа што сум злопамтило (ова повеќе е како особина ). Во никој случај не сакам да се променам си живеам со ова сепак ова сум јас
Порок ми е пушењето, иако се трудам да не претерувам и помалку цигари пушам отколку порано. Опсесивна загриженост и педантност, и во врска со личната хигиена и за просторот околу мене... Се' мора да ми е подредено така како што јас ќе замислам, инаку не се чувствувам добро.