Има една книга за навиките. Иначе мене најлоша навика ми е тоа што спијам многу. Колку и да спијам пак ми недостига сон и исцрпено се осеќам,
Лоша навика ми е тоа што не сакам да останам должна кога некој ме провоцира (ама во ред е, мислам дека се одвикнав ) Не сакам да седам или лежам на кревет или стол, туку на под Грицкам заноктици Пукам прсти Кога ќе видам познаници што не ми се по ќеф, ја вртам главата и демек не сум ги видела
Од што пукам прсти ги пукам и навечер во сон Друга лоша..сигурно 3 пати во денот кога ќе влезам во тоалет навика ми е да си ги чепкам ушите со чепкалка пуни уши памук
Гризење уста, стискање на подкожни( место да ги третирам со креми). Навика да се грицка нешто додека се гледа филм.
Лоша навика ми е тоа што немам воопшто трпение. Тоа што го мислам во моментот и го кажувам, не мислејки дали притоа ќе повредам некој. И тоа што сакам да го кажам, не го кажувам смирено туку секогаш како со карање.
Оставам немиени садови од вечер за утре. И утре ко ќе станам се нервирам зашо садоперот не ми е среден. И мрза сум за чистење у последно време.
Пушење цигари и покрај тоа што сите ми зборуваат никако да ги оставам. Кажувам тоа што мислам и тоа онака како со карање. Немање самодоверба.