И јас исто како и Gunshine си ја грицкам кожичката околу ноктите, понекогаш дури се и раскрварувам... но неможам да престанам...
лоша навика што рацете ми се постојано во коса и после ми се мрсела косата брзо па нормално ама пуста навика а и нормално грицкање нокти
Пукање прсти.. Нема 5 минути а да не ги пукнам прстите. И знам дека е лошо, пошо често коа треба да сликам со апарат или слично, ми се тресат рацете ко на стара баба, одвратно ми е. А да, и многу ја чепкам косата, веќе почна и на 2 дена да ми се мрси, страшно. Али.. појако е тоа од мене така да се помирив веќе со тоа.
Во последно време ако неможам да заспијам ги бришам ноктите со ацетон и се лакирам повторно ..и така 2 часа..после уште толку неможам да заспијам од миризбата на ацетонот ... Друга лоша навика ми е кога гледам филм да јадам нешто ..небитно дали благо или чипс , да се мели нешто ... Кога сум нервозна или во некоја дилема ја грицкам устата , ама гледам оваа навика намалена ми е
Мојата лоша навика беше тоа што ги грицкав ноктите но сега престанав и ми пораснаа и ги налакирав убаво. Но сега кога и да чујам нешто за пукање прсти, веднаш и јас ги пукам(еве и сега ги пукнав додека пишував) да не останам јас Други лоши навики немам
грицам нокти. зарем има погнасна навика од оваа од која за жал со години не можам да се одвикнам.........
Што седам до касно навечер, е тоа, а инаку друга лоша навика ми е што си ја грицкам устата, си ја кинам кожичката на долниот делод устата, абе кога сум нервозна посебно лелеееее, се ме чеша, главата ја чешам, и склет ме фаќааа
имам повеке. Тоа што ја грицкам кожата околу ноктите и никако не можам да се одвикнам, исто и си јагрицкам и устата и после ништо не помага сега во последно време само се мачкам со сјај кармин било шо само за да не ја чепкам, исто мн сум зивчан човек мора нешто да правам со рацете или си ги нишам нозете.....
Грицкам нокти од кога знам за себе и тоа не можеш да ме видиш дека константно ми се прстите во уста,туку јас не ги чепкам неколку дена ама во напад на нервоза обично ги средувам за сите пари.Искрено,во мојот живот грицкалка за сечење нокти на раце немам употребено,може и нема да знам како се прави тоа да пробам . Повремено знам да си ги гризам усните од внатрешната страна,ама тоа ми е на периоди и можам да се заиграм со обетката на увото,обично кога ќе одлетам некаде со мислите,а ако немам обетки може и мекиот дел од увото да настрада
Најлоша и најгрда навика ми е то што ја моткам косата низ прсти едноставно имам некоја потреба за нежно на палецот и показалецот од левата рака....ко зависна сум од таа нежност, мекост, незнам ни како да го наречам ова и грдо ми е в крај во средно професори ме опоменуваа, дома ми викаа, и јас самата си викав на себеси ама изгледа џабе ми беше... е сега некако поретко го правам тоа од срам дури и некој шо не те знае ќе рече уфилмана шмизла ама неможам да си помогнам некогаш.... најчесто кога сум на предавања го правам тоа ко некој вид на концентрација ми е и кога учам обавезно ја врткам косава.... до душа сега под некој контрола го имам ставено левово раче и добив совети од други да држам пенкало в рака ама јас него ќе почнам да го грицкам .......... крај си нема работава значи замислејте некоја ситуација кога ќе треба сериозно да се однесувам и јас да почнам да вртам со косава УЖАС
Ги имам неколку и колку што ги мразам толку и истовремено се чуствувам ко Амели - си ги прифаќам како дел од моето најоригинално јас Пф, колку само претенциозно звучеше ова. Дигам десна нога на столче кога јадам. Од малецка ми е ова навика и никако да се одвикнам. Се разбира дека ова во ресторан не го правам, но кога сум кај некој дома, механички ми се подига десната нога на столче Најубаво ми е да си ја потпрам брадата на коленото и така да јадам. Секогаш кога сум кај ептен блиски особи, барам за дозвола. Некои веќе и ме знаат и навикнати се и не им пречи Собирам трошки со показалецот и ги јадам. Од друга страна пак, парадоксално никако да дојадам едно јадење. Значи јадам споро, се тегнам, плус јадам ко врапче, како што ми велеше стално татко ми, и после долго време веќе и ти се одјадува и макар едно мало залче да имам на чинија, имам чуство дека ќе повратам ако го лапнам и тоа. Тежок психички блок настанува во мене. Затоа обично ја виткам храната и ја давам на некој, човек, куче, маче у близина, што и да е, само да не се фрли, храна е. Си ја гризам внатрешноста на усните. Ок сега во последно време малку се одвикнав, ама у глобала ова ми е ептен лоша навика која се тегне со мене наизменично и периодично од средно. И морам да признаам - ненормално глупава навика. Изгледам ко изобличено идиотче кога ќе земам да се грицкам, па не дај Боже уште и усните кога почнувам да ги тегнам за да дофатам што подалеку. Ужас. И навика - мирисање на зеленчук или овошје. Кога пазарувам и шетам низ тезги морам да ги допрам, да ги мириснам. Во склоп со ова имам и навика да ги допирам луѓето кои ми се драги или ми делуваат позитивно. Некои реагираат чудно ама јас сум таква. Ги галам по рамо, или ги фаќам за раче без никакви намери, чисто онака ми иде механички и автоматски да го допрам човекот кој ми зрачи со невидена позитива и милина.
Ехеее, едн куп ги имам Зборувам ГЛАСНО. Значи, и кога се враќам од некаде, било шетање, излегување, по улици креска мојот глас. Можеби е професионална деформација, не знам Друго, кога работам и пишувам, ставам слушалки на уши - и не регистрирам ништо. Може земјотрес, евентуално тула по глава да ме освести кај сум. Оставам отворена врата кај и да сум, тоа пробав да го дисциплинирам, не оди. Кога одам на заеднички одмор, со друштво - дечко сеедно, ако станам рано (а станувам, поприличен ранобудник сум), тропам, трескам, не правам ништо полека. Мајка ми вика дека тоа е потисната желба да ги разбудам сите за да добијам утринско внимание. Ништо чудно! Кога јадам, сакам сите работи да ми се на дофат, и се нервирам кога некој мљацка, можам да станам од маса без пардон и да не јадам повеќе. Во автобус, навалувам глава на прозорец - а знаеме колку чисти се стаклата, и ако сум после работа качена, НЕ станувам на никого. Себичен автобусопатник сум, што да се прави! Своеглаво готвам и утињам рецепти многу често. Но, амбициозноста се брои, не е барем лоша навика
Се мрштам кога читам нешто. Иако ова го препишувам на астигматизам, делумно стана и некоја безвезна карактеристика. Што и да читам , изгледам како извадена од кожа. Ако веѓите ми се несредени кога ќе се допрам со врвовите на прстите, КАДЕ И ДА СУМ, одам до тоалет и го средувам тоа по брза постапка со чупалицата што ја носам секогаш со мене. Кога нешто ми е многу смешно, се смеам многу гласно... А немам дебел глас, напротив луѓето повеќе ме доживуваат како некој што се лигави кога изговара...ама кога ми е нешто урнебесно смешно буквално се дерам од смеење... Which can be akward. Кинеска храна ми е лоша навика. Пошто дебелее...О Боже мој колку дебелее...А јас сум страшно навлечена ... Кога станувам од спиење и да носам пењоар на мене, мислам дека ќе облечам уште еден. Кога немам или кога сум кај дечко ми - облекувам негов блузон - кога ете едноставно немам до мене знам и со чаршафот да станам од кревет... I am not a morning person. Крајно кенкава и раздразлива до 9 часот. Само музика прифаќам во тој интервал од денот. Нервозен возач сум и се дерам и викам и се карам преку прозор ко некој кочијаш, a одозгора на тоа возам и брзо. Некои ептен сакаат да се возат со мене, некои ИЧ.
лоша навикаа... си ја гризам устата од внатре и некогаш со рацете си кинам кожинчиња однадвор на устата..кога земам нешто заборавам да го вратам на место и после заборавам кај сум го оставила
Cи ја гризам и јас усната,и внатре и надвор и само кожички сум Cи ја крцкам косата внатрешно,џоа вошки барам Mногу брзо јадам,летово се учев да јадам бавно,ја гледав сестра ми(која што јаде бавно) и џвакав со неа Mногу си ги мирисам рацете,си се душкам,и си ја гризам кожата на рацете
Исти лоши навики имаме, освен јадењето брзо Ќе додадам и дека навика ми е да ги помирисам чорапите пред да ги облечам (се разбира испрани и чисти) ама навика си е навика
Гледам повеќе лоши навики се вртат кај повеќето И јас како Пирамида морам да ја качам десната нога на столче додека јадам. Ако сум во кујна. Ако сум во некоја друга соба (каде што нема столче за да ја качам) ја подигнувам ногата за да му дојде ко на столче. А не се потпирам на неа. Ја грицкам устата одвнатре. Едно време многу намалив, скоро ми се опорави, ама ми се деси изгледа некој куршлус па пак почнав. И сега ми е за ниакде внатре Многу си ја мразам оваа навика. Едно време си ги грицкав кожичките околу ноктите, ама сега веќе не Ете барем една лоша навика сум поправила Си ги пукам прстите на рацете. Многу често. Грдо е Во последно време заспивам на кревет во соба, така без да се покријам, без да облечам пижами.....И ќе се разбудам во некое глуво доба, па прво ми треба време да се освестам малку, па се туширам, па се средувам, па дури после си легнувам. И нормално каснам на работа следниот ден. И нервозен возач сум. Ретко возам, ама искрено ме нервира застојот низ град, и брзо се нервирам. И најгрдата навика ко за на крај-прекинувам луѓе додека зборат! Мене лично ми пречи ако некој непотребно ме прекине, ама јас го правам тоа. И покушавам да се контролирам, ама не ми успева секогаш тоа
Гледам повеќето си љубите да глодате во внатрешноста на усните. Добредојдена сум во клубот? Еве сега во моментов си грицкам и вкусно е Порано и нокти грицкав, среќа се одвикнав. Друга грда навика ми е што ги корнам кожичките околу ноктите иако знам дека ќе ми се растече крв. Крцкам прсти, чекајте... ете готово. Ај на рацеве не можам нон-стоп, треба да помине време дури да можам пак да ги крцнам. Ама палците на нозете? Глуждовите? Коленото?!! Охоооо некогаш кога ми е досадно без престан си ги крцкам... ова исто обично го правам кога не можам да заспијам. Зборувам прегласно. Значи некогаш се трудам да зборувам потивко, ама тоа трудење трае две минути. По истекот на двете минути заборавам дека сум се трудела и едноставно се дерам. Друго не ми текнува, ама сигурна сум дека ќе ја надополнам листава. Сигурна