Зборувам гласно, качувам десна нога додека јадам, бавна сум речиси во се, гризам усни и како што кажа грин ајс најгрдата навика, не сум жива ако не прекинам некој дури зборува, а мразам и се лутам кога тоа ми го прават мене Идиотче
Зборувам многу гласном, ги качувам двете нозе додека јадам, гризкам нокти, секогаш замешувам прсти у секој разговор ( го прекинувам соговорникот ) , никогаш за ништо нема сама да се одлучам ако ми дадат преголем избор, понекогаш се лутам за банални работи..
Jа тресам ногава како ментална Kога јадам ја качувам ногата Пред да облечам нешто морам да го мириснам... Засега толку од мене
Важам за многу нервозен тип, ситница може да ме изнервира и да ми уништи ден. Грицкав порано нокти, но сега еве, успеав некако (ни сама не знам точно како) да ги израснам, па оваа е бивша лоша навика. Многу сум гласна, највеќе мразам кога треба да шепотам или да зборам тивко. Тоа - не е за мене. Зборувам гласно како да сум лапнала микрофон, не можам да си помогнам. Кога не ми е пријатно во нечие друштво, вртам грб на човекот и го оставам да си води монолог. Ова и те како ги вади од такт луѓето, па средбата завршувала ептен порано од предвиденото. Што значи - мисија, успешна. Лутењето е стандард, иако во последно време пробувам да се исконтролирам. Несвесно го правам почесто, ама ќе го искоренам се надевам сосема во блиска иднина. Еееех, уште колку ги има..
И јас како и повеќето на форумов си ги гризам усните, посебно кога седам пред компјутер, се таму ми е паметот. Често и ги крцкам прстите, ја грицкам кожичката околу ноктите. И.. ова мајка ми најмногу ја нервира и кога ќе види дека го правам само ми фрла еден поглед и си знам дека треба да прекинам Уживам да ја чепкам косата. Посебно шишките. Само проаѓам низ нив со прстите и нормално за 15 мин. ми се мрси. Ама ајде, не можам да се одвикнам, посилно е од мене. Овие најчесто ги правам. Ќе се надополнам ако ми текне уште нешто.
Како малечка гризев нокти а поима немам како се одвикнав , сепак мислам дека тоа беше желбата да имам долги нокти па некако успеав во тоа . А сега лоша навика , значи што и да допрам после 5 мин ги мијам рацете , што значи на секое . Исто така ако има неред од нервоза можам и да заплачам ( неред во дневната соба , во мојата соба блеска како Дијамант ) Па тоа е тоа и да некои испади на сосема трети луѓе кои немат врска со мојата нервоза
хаха исто и јас , нешто пред да облекувам го мирисам па некогаш и по повеќе пати да не ме прелажало сетилото
the dreamer се пукнав од смеење на твоето мирисање дефинитивно ја имаш најсмешната навика сестра ми ги мириса вилушките чиниите и лажиците но облека инаку да ви се пофалам денеска ми се најизгризани ноктите од кога и да било друг пат а најсмешно е тоа што ги излакирав одкако тотално ги минимизирав хахахахаха
Ја гризам кожава околу ноктите, ама гризење саглам додека не потече крв не прекинувам. Веќе не ме ни боли. Никогаш не седам мирна, пример еве седам пред компјутер и ја мрдам ногава. И трето, најлоша навика што го чепкам лицево, значи рацете ми се нон-стоп околу чело, на чело, на образи, на нос и најмало црнче да осетам го корнам. Одвратно..
HIII како воопшто ти стигаат веѓи за секоја вечер да ги чупаш? Манди Лане и јас порано се го изобличував суратот од што си ги корнев мозолчињата знам колку ти е одвратно и тоа ти е се на нервна база гризење нокти мрдање нозе корнење црнки итн . ке ти помине но нема никогаш целосно ете јас прекинав со корнење мозолки но сега влакно неможе да ми избега на лице то ти е
Јадам пред лаптоп, го пунам со трошки, со мрсни раце куцам по тастатурата и го чепкам маусот. Си ги лижам прстите. Што и да е, само во уста да ми е (да не се разбереме погрешно) колку апсурдни работи имам ставено во уста ни сама незнам, само ми доаѓа некој нагон да лапнам нешто Кога станувам од кревет или столче тоа го правам толку нагло што речиси секогаш ми се стемнува пред очи и памет ми се врти. Доколку ми заѕвони телефон додека спијам станувам експресно, се накашлувам, се гледам во огледало и дури потоа се јавувам, да не примети соговорникот дека спијам или дека изгледам лошо зашо ќе ме тепа поглупа навика од оваа не постои!!!
Мимс за твоиве навики прв пат слушам Имам навика да си ја вртам косата како шмизла И некои што не ме знаат доволно , кога ќе ме видат ми вртат очи и ми викаат да не го правам тоа а нема врска дека сум шмизла .. На час тоа обавезно го правам зошто не можам да седам мирна со рацете Секогаш пред да одам негде морам да одам во веце и тоа последна . Значи баш пред да одам , облечена спремна се тип топ и морам во веце 2 минути буквално пред да излезам од дома . Не е лоша навика ова туку доказ дека сум мочла Нема шанси без слушалки да одам негде ако сум сама , многу ми викале као извади ги тие од уши , можеби има некој позади тебе а ти слушаш музика . И јас кога јадам ја кревам ногата , не можам мирно да седам . Некогаш ги бројам чекорите ако одам сама и ми е досадно . Па така еднаш се учукав во бандера
Една од полошите навики ми е тоа што сум neat freak, дома по сите одам и му наоѓам мани, ''оти ова тука го остави?'' оти ова овде а не онде... Ако лежам, без разлика дали кај мене во соба или во дневна, ако нешто не е на место, колку и да ми е мака станувам да го вратам, пр. завесата ако не е убаво наместена одма станувам да ја наместам. Друга лоша навика ми е тоа што сум многу параноична. Ако немам никој дома и мора од улица да се вратам едно 2-3 пати а се сум заклучила, да отклучвам за да проверам дома да не сум оставила преса уклучена, или електрично и сл. Ова ми текнува во моментот.
е убо е што сами си ги согледуваме негативните навики !така можеби ке се потрудиме да се од викнеме од нив ако е можно.Еве јас на пример незнам дали сум многу несигурна во некој постапки рутински на пр.на работа кога ке заклучам го вклучувам алармот го исклучувам компјутерот и се по ред ама кога ке стигнам дома секогаш ме мачит една МИСЛА ДАН ЗАБОРАВИВ НЕШТО?!?!?! некогаш поради тие мисли неможам да заспијам зош мислам дека ако од рутината нешто сум заборавила можит да настанит некоја штета со големи последици аман !
Еј ми текна. Ги крцкам забиве.. чудно, не знам да објаснам. Еве сега ме заболе вилицата, па ми текна. Стварно глупа навика..
Ги гризев и јас порано ноктите. Со тоа престанав. Но неможам со кожичките околу прстите. Намалив,но сеуште неможам скрос. Што да правам,неможам да си одолеам себеси? Брунки,црнки,мозолчиња whatever - неможам органски да поднесам и секогаш,ама секогаш се стискам премногу по лицево ми и по рамена,и се стискам мислиш од таму треба да доживеам оргазам,а нема везе. Последица - белези. Ц ццц.. Имам навика покривката што сум јадела да ја оставам на масата. Се друго да се раскренам покривката не. Не знам зошто. Исто и филџаните кафе. Абе со денови може да стои превртен за да ми гледа мајка ми и никој да не го чепне. Заборавам работи. Тоа ми е многу лошо. Абе може цела вечер да не ми текне на новчаникот или на мобилниот,и после кога ќе си дојдам дома после некој пола саат да испаничам и да почнам ко улава да го барам низ куќа. Исто ко Мимс,и јас секогаш си ги лижам прстите после јадење! Па слатки ми се! Мора да имам нешто во раката. Да го вртам,да го пустам,но мора да имам нешто во раката. Психа. Паничар сум голем и кога зборувам,дека зборувам гласно ( таков ми е гласот,шо да правам ),сите а особено моите дома мислат дека се дерам. А нема врска,ниту се дерам ни ништо,едноставно така зборувам. Не ми текнува на друга... А,можеби оваа,често превраќам очи и скоро никогаш неможам да се воздржам. Од тоа да искоментирам. Едит. Хаха,одма ми текна. Одма си испукав прстите од кога стиснав испрати на одговорот. Тоа ми е уште една многу лоша навика.