Oд малечка нонстоп си ја вртев косата.Таа навика,ни сама незнам како ми престана,спонтано.Но навиката да си ги тресам нозете не,и мислам дека никогаш нема да престане.Едноставно неможам да седам како нормален човек Пред 3,4 години почнав да ја грицкам долната уста,уффф тешко оди одвикнувањето
да ставам по 5000..слоја на ноктите и после да ги бришам по цел ден ама на крај се убави ама почетокот дефинитивно ми е лоша навика почнав да се одвикнувам да пазам на минијатурни глупости што може да ме изнервираат
Пукам прсти, и половината ја пукам проверувам на секои 5 минути колку е саат и тоа само на телефонот, се сликам по 20 пати на ден, си играм со косата (на оваа навика работам за да ја отстранам бидејки делува шмизловски ), и до пред 4 години си ги грицкав ноктите и тоа до живец но кога видеов колку неубаво изгледа пресеков засекогаш со тоа. И заборавив да кажам на секој саат одам до веце иако немам потреба (се чешлам, плетам плетенки, стискам мозолчиња, мијам заби, ставам крема, мијам нозе) глупи навики шта чеш.
Секогаш кога ќе си легнам да спијам, тогаш ми текнува дека сум заборавила нешто. Ги тресам нозете кога седам. Некогаш многу гласно зборам, и после тоа сваќам. Ја гризам кожата околу ноктот. Имам преголеми рефлекси, многу реагирам нагло. Се нервирам за ситници. Едно нешто што сум го направила, ќе проверам уште едно 32542 пати, да не сум заборавила нешто, да не не сум видела убаво.
Крцкам прсти, ама на маса за време на јадење мора левата нога да ми е крената, ама ова само дома. Кога одев по пат порано прескокав плочки и не смееше да стапнам на линиите кај што се спојуваат коцките, ај се одвикнав од тоа, ама пак почнав регистарските таблички да ги забележувам и мора да ги погледнам па и да запамтам некоја, глупа навика, ќе се одвикнам и од неа. Чорапа секогаш мирисам, и пред да ја облечам и пред да ја соблечам(чисто бе да споредам мирисот ) Исто сакам да се душкам(најчесто го правам тоа кога никој не ме гледа), знаете оваа положба ја заземам нешто вака и се мирисам. И правам после тоа едно хммммммм ууух фино миришe една ваква фаца и носот доживува оргазам!
Претерано ги чепкам шишките, а послем се жалам дека ми биле мрсни. Корнам мозолки, бубулици и слични штетници, најчесто кога учам. Опседната сум со веѓите и нивната форма и постојано си минувам со прсти низ нив во сите можни насоки, па доколку нешто штрчи одма реагирам со чупалицата. После депилација, доколку со мојот вграден сензор за допир почувствувам некое непосакувано влакно, го корнам со чупалица. Истото се случува доколку имам мал број подникнати влакна, на нозе ви зборам. Пред да кренам на телефон, обично кога сум сама во соба, се распевам со Роулинг ин д дип. Шлапкам со устата додека јадам. Носот ми е нон-стоп црвен, поради секојдневното вадење на ситни црнки од него. to be continued.
За време на ручек мора десната нога да ми биде исправена или да седам „крст-нозе“ (ова само дома!) Постојано ја гризам устата, врти сучи завршувам пред огледало на секои пет минути и стискам мозолчиња доколку се појават, рацете ми се нон стоп во коса- а потоа се трескам од земја дека ми била мрсна косата.. Кога лежам и на пример ќе ми падне нешто од кревет, наместо да се наведнам да го земам со рака, јас се служам со нозете- важно горниот дел од телото е поштеден од поместување. Спојлер стока мрзлива И една од моите најлоши навики(според татко ми) кога сум премногу возбудена и имам нешто да кажам многу брзо го кажувам тоа, нели побрзо да дознаат, па понекогаш има потреба да се повторам два до три пати за да ме сватат.
Пукам прсти,секогаш морам да заборавам нешто ,пред огледало сум по цел ден ,само ја чепкам косаттааа па после мама ме кара зошто ми е мрсна
Ја гризам устата ама внатрешно, а надворешно ја кинам кожата со нокти и никако не можам да се одвикнам....ја гризам и ја кинам кожата околу ноктите.....секогаш по 187248647810 пати проверувам дали сум заклучила, дали сум ја исклучила пеглата, пресата итн.
Кога седам мора да ги тресам нозете, најчесто десната и во школо другарката што седеше до мене постојано ме опоменуваше затоа што се мрдаше клупата и не можеше да пишува Друга лоша навика ми е тоа што обожавам да го лупам лакот од ноктите. Не секогаш, ама штом се подизлупи еден нокт, јас продолжувам со другите и нема сопирачка Инаку, како мала навика ми беше пред да изедам залак леб убаво да го истегам и да го направам тесто. Од тоа се одвикнав кога една сосетка ја правеа операција од слепо црево, а и таа така го јадеше лебот и се исплашив и оттогаш никогаш повеќе така. Инаку порано грицкав нокти ама и сама не знам како се одвикнав од таа лоша навика. Сега устата ја употребувам како грицкалка само кога ќе ми се скрши некој нокт, а немам грицкалка.
Имам повеќе лоши навики али НАЈлоша ми е тоа што парите мора да ми се на една страна во новчаникот т.е. сите да се на "белата" страна и да е кон мене ставена.
- Ја тресам ногата, кога едната ке ми се здрви иде у напад другата незнам зошто но неможам мирно да седам без да мрдам - исто со седењето мора едната нога да ми е качена на стол освен ако сум на некое по пристојно место тогаш иде тресењето - со устата .. луѓе да можеше аман ке ми кажеше, партали ја напраив дечко ми нон стоп кога ке ме виде како тегнам кожички со ноктите ми тргнува рацете за да се одвикнам ама јок слабо иде - кога стојам нема шанси двете раце да ми лежат покрај телото .. мора да имам нешто во рацете и да го чачкам додека стојам зборувам и.т.н - нагло станување што дури 5-6 секунди заборавам и не гледам каде сум - друга лоша навика ми е чудното спиење значи буквално како жаба само што едната рака и нога ми се спуштени незнам како ке се одвикнам кога ке сум бремена - поради премногу гледање хорор психата ми е препловена така што неможам да заспам на темница мислам дека некој ке ме фати за нога рака или ке почне да ме дави најпрвин ја гасам ламбата после го гасам ком и додека се изгаси набрзинка легнувам во кревет се прекривам преку глава и навлегувам во сонот и исто без чорапчиња не легнувам ни лето ни зиме
Се смеам ужасно нападно и гласно,и иако некој знае да каже дека е убаво и детски. Галам се живо по улици, влезови и паркови од мачки и кучиња до коњи и патки. Јадам и готвам храна со раце, што на брат ми му иде на живци. Тепам во спиење како Џеки Чен. Никако не можам да поднесам рацете да ми бидат мирни што значи чешкам луѓе, играм со клучеви, кинам сметки на ситни парченца, најчесто пред да се платат. (злобен поглед од келнерот)
Кога сум на предавање постојано си го допирам лицето или устата со рацете, иако знам дека не се баш најчисти Го крцкам зглобот на десната рака по 100 пати Постојано ја фаќам и ја мазнам косата Го лупам лакот од ноктите, не можам да поднесам да го гледам полу-изваден, еднаш дури и гелот сама си го извадив
Пушам. Едино тоа,и тоа од пред некои 5 месеци,а пред тоа бев огромен противник на цигарите. People change,i guess.