Си ја гризам устата од внатрешна страна посебно кога сум нервозна или кога ми е досадно и мислам дека ми врие под нозе, партали ја правам.
Премногу навики имам... -ја грицкам устата од внатре. -го лупам лакот на ноктите. -мијам заби по секое јадење, а јадам 2746484764 пати на ден, и поради таа навика кога јадам надвор од дома се нервирам што неможам да се измијам.. -јадам не од што ми се јаде, туку од што ми е досадно, а од кога се навикнав на тоа кога ќе помислам на јадење неможам а да не пикнам нешто во уста да изедам. (еве и сега јадам) -јадам над тастатурата. -си ја чепкам косата или коренот од косата, си корнам кожичка и ми се прават рани. -некогаш многу гласно викам и се смеам. -кога сум нервозна тапкам со ногата. -имам многу брзи рефлекси некогаш посакувам да сум побавна. -секогаш каснам. -мрза сум. -секогаш се облекувам пред да измијам заби и после кога ќе се испрскам со паста сум ваква сигурно има уште нешто...
За ова првово дали е на нервна база не знам тоа .. - Имам кожен проблем на еден дел од тилот, па постојано раката ми е позади и многу се нервирам поради тоа, па и јас како Gorgeous13 си правам мали ранички; - Понекогаш знам многу избувливо да се налутам и сите да разберат за тоа; - Не знам за ништо да кажам "Не".
Како лоша навика ми е што сакам се да знам ,се што се случува кај мајка ми,кај сестра ми ... Пуста радозналост.....ама и да сум од помош ако притреба
Кога сум многу гладна јадам многу бавно..И сите ми се чудат Едноставно така ми доаѓа баш кога ми се јаде многу многу јас тогаш треба да разгледувам околу пред или зад мене..тогаш највеќе ми се збори..и секако ми сејаде ама нешто тогаш ме тера да јадам бавно незнам зашто..(СЕКОГАШ јадам бавно кога сум многу гладна)
На ручек разговарам до бескрај ... едноставно уста не затварам а и често се смеам онака без причина Е и јас многу брзо јадам и затоа после јадењето пак сакам да јадам!
Јадам како пореметена. Значи по 7-8 оброка на ден, и за живо чудо (да чукнам во дрво) не сум дебела. Ги гризам усните, поточно долната усна и имам ранички и сега ми пука на ладно. Не знам да кажам не. Ретко кога ќе сум наспиена и нема да кажам во текот на денот дека ми се спие. Додека јадам мора некој да ми прави друштво и да ми зборува, а ако нема, јадам пред копјутер или телевизор.
Имам мнооогу лоши навики, како пример ланчетто што ми е на врат постојано ми е в уста, илии кога сум нервозна устата ја гризам, и ноктиите поонекогаш ( но само кога сум нервозна)
-Зборувам ПРЕЕгласно. Некои луѓе не сакаат да разговараат со мене ради тоа.На патронат на школото кога ни се расипа микрофонот мене ме земаа да им бидам водителка затоа што само јас знам да зборам гласно без микрофон и чудо невидено сите од салата ме разбраа. И затоа секогаш се трудам се потивко да зборам ама пак некако испаѓа дека се дерам кога зборам. -Се смеам хистерично и се смеам секогаш различно кога како ќе ми дојде,може и да се каже дека кога се смеам се слушам преку три соби. -Ги грицкам ноктите.. и уште мноогу многуу навики
-Си ги грицкам ноктите. -За се и сешто се нервирам, и уште повеќе се нервирам од тоа кога чуствувам дека сум нервозна! -Постојано се смеам -Не можам да седам на едно место ниту 5 минути -Секогаш на нешто си шкрткан, на што и да било И уште многу многууу други ЛОШИ НАВИКИ!
Jас имам многу лоша навика,секогаш си ја гризам устата,и ми е со кожички,излупена и пробувам да не ја гризам повеке
уффф ги има мн моментално на ова ми текнува: крцкам врат и прсти, грицкам нокти, хаос правам по дома, кога јадам седам ко да сум на јога или со едната нога качена на столот, каснам секаде и секогаш-и да излезам порано пак ке закаснам, пред да јадам било што мора да го мириснам, губам работи пред излегување ми треба срч дивајс за да си го најдам мобилниот,клучевите,сјај за уста,наоцари и сл, јадам од досада, купувам премногу лакови за нокти,сјаеви за уста,кармини,пудри и римели значи имаат рок на траење ги имам премногу не можам сите да ги искористам и на крај или ги подарувам секако ако имаат усте рок или ги фрлам коа ке истече рокот али што да правам а видам нешто мора да го купам и да немам пари вртам одоколу(пуштам муабет ) и ми го купуваат мајка ми,дечко ми,татко ми,роднини или другарките ставам премногу лабело(читај го јадам) опседната сум за цистење на wc -страв ми е да не фатам некоја бактерија,инфекција и сл пушам, пијам, пцујам-не бирам ни време ни место одма почнувам мајки, шајки без 100 раб не тргам од дома:влажни марамици,палома,вода,улошки дневни, ноќни,миризливи-ги носам и кога немам,памук,ацетон,лак,комплет шминка,полнач,слушалки,апарат,камера,наоцари,помада,парфем,комплет за шиење-скогаш кинам по нешто обично торбата ми се распага од 300 сра.а,ханзаплас,апчиња,турпија,ножици,ноктарка,стегачи,шноли,несто за грицкање,мастики,бомбони,а ако се шетам пешки обавезно чадор во случај Значи не може ништо да ме изненади комплетна опрема носам ова ми е најголема мана мора се да имам во ташна за секој случај незнам има некој што носи толку раб во ташна???
Додека те читав се пукнав од смеа И јас носам многу работи, мислев дека сум единствена опремена со ситници во ташна ама не сум била. Ти ептен џиџи-миџи носиш со тебе, зар излегуваш со патна торба? Јас носам влажни марамици, од тие големите пакувања на Becutan, улошки по 2-3 обавезно, паломи, usb, слушалки, наочари, крема за раце, поцврста ќесичка (секогаш ми се наоѓа) и едно несесерче во кое имам ластичиња и шнолички за коса, мастики, беналгин, ханзапласт, парфем, лабело, сјај за усни, огледалце со чешелче. Апаратот и полначот ги носам по потреба И ова не го сметам како лоша навика, го сметам за спремност во секој момент
Моја најлоша навика е грицкање на нокти,кога сум нервозна...со се и сешто сум пробала,да носам ракавици,да ги налакирам со горчив лак,ставање ханзаплас на прстот,ама ништо...и пак,и пак и пак НИШТО.Многу сум тажна поради тоа,а свесна сум дека не е хигиенски и убаво Исто така,ставам мои алишта по собите,не си го суредувам бирото --- > правам хаос по дома! Опседната со слабеење - дебелеење. И знам,да си ги "скршам" рацете додека кажувам нешто,или пак да скинам тест,тетратка...