Моја лоша навика е тоа што кога на некој зборам го удирам (најчесто по грбот) и тоа што понекогаш грицкам нокти
хахах ова урирањето е и моја навика веќе и ме научина кој разговара со мене малку понастрана е и другата моја лоша навика ми е кога ќе се ставам со една другарка секогаш забегани темички удриме,па кога се засмееме центар пажња,сите ни го слушат и кикотењето и дел од муабетот а после кога се оделиме ќе ми текне , аман бре човеку тоа ти ли беше'' хаха како и да е поздрав до другарка ми
лоши навики, еден куп грицкам нокти, правам нереди по дома, посебно сабота навечер кога цел плакар го изнесувам надвор, тоалетната никогаш не ја ставам во корпата туку во шољата, и многу други што сега не ми текнуваат
Јас морав да пишам коментар само да ви кажам дека јас немам лоши навики Се зезам, не сум до толку совршена Лоша навика ми е тоа што ја гирзам устата, и не ги грицкам ноктите туку кожичките околу нив
Лоша навика ми е што седам до доцните вечерни часови и станувам во доцните пладневни часови,и што ја лижам устата
неколку...знам да се зачешам на една точка во косата, да поткопам малце, па утредента пак да поткопам, и на тоа точка да направам раничка. Посебено ако учам или ако сум нервозна. Исто некогаш земам прамен коса и го вртам и тегнам и го превивам и прекршувам влакното, па дури и може да оскубам некое. И ги грицкам кожичките околу ноктите. Имам преубави цврсти нокти, ама заради оваа лоша навика со кожичкиве грдо ми изгледа вкупно. Иииии...крцкам прсти и други зглобчиња. Но не толку често.
Како мала имав навика да ја пукам вилицата и мајка ми ме караше многу поради тоа. Еден период грицкав и нокти,ама сега веќе не. Кога ќе се изнервирам сум многу агресивна и кршам се пред мене (ова ми е најлоша навика). Имав навика да пијам апчиња многу,ама во последно време не сум пиела и ја избенувам таа навика. Третата е доста озбилна и се срамам да кажам ама имав навика да се самоповредувам.Имам лузни на рацете од тоа,но престанав.
Ги „пукам“ сите можни зглобови. Страшно лоша навика. Раце, прсти, лакти, колена, колкови, врат, пршлени - буквално се. Како утринска гимнастика ми доаѓа. Мајка ми дури не може да ме слуша, и нон стоп вика по мене. А стварно језиво звучи - како некој да крши пластична кукла. Пробав да се воздржам, ама едноставно не можам! Се си мислам дека ми шкрипат зглобовите ако не ги „пукнам“. Татко ми дури и медицински се обиде да ми објасни колку лошо им правам на коските со таа моја навика, ми покажуваше слики, ми кажуваше за некаква течност, воздух, што ти знам јас - ама памет не ми дојде. Нокти никогаш не сум грицкала, дури ми е страшно одвратно и нехигиенски.
Имам повеќе лоши навики: *И кога некој знае што треба да направи,јас го потсетувам(божем е малоумен)како ПОТСЕТНИК СУМ!!!!(како превентива,божем да не заборави ) *Собата нека ми е цела лом(значи како некој да дошол,демолирал и си заминал)а мене гардароберот,фиоките,несесри со козметика и се внатре ми е под конец средено,значи до боите на чорапите,до фустани секојдневни и оние по за излегување....едноставно се е под конец внатре.....а надвор хаос.....чето пати мајка ми ми влева в соба и ми вели: -И кога падна овде бомбата?????? *Многу долго се гледам во огледало(и бидејќи воопшто не сум нарцисоидна)си барам мани и најчести реченици ми се: -Леле овде сум ја скратила веѓата... -Леле овде брунче ми излегло.... -Леле овде сум за депелирање...итн итн итн.... Во глобала сум еден голем ситничар....и тоа го мразам и го сметам како “лоша навика“
Додека учам не можам да седам простум. Морам да си ја чепкам де косата, де ноктите, де лицето. Едноставно ова е една лоша навика која никако не можам да ја искоренам.
Абе исто како тебе.. Ама најмногу а гризам козата кај ноктите, ама многу ГАДНА и лоша навика ќе се одвиканам се надевам
Си ги пукам прстите на нозете и рацете Ја грицкам кожата кај ноктите Си ги чепкам бубуљичките коа ќе ми излезат
Ги пукам прстите, вратот, 'рбетот, нозете, се! (и сега додека пишувам си пукнав 2-3 прсти ) Многу често ја чепкам косата и акните на лицето. Кога одам одам со главата надолу. Кога ќе јадам некое чоколатче/чипс/гумени бонбони секогаш книџињата ги оставам по џебовите на палтото. Ја гризам устата (пред неколку минути ми течеше крв ). Иако имам цел ден пред мене за да учам ми е мрза и станувам во 4 на сабајле и тогаш учам (во 7 и нешто тргнувам од дома за на училиште). Се што е ново мора да го упропастам некако. Ги гризам кожичките околу прстите. Кога ќе седнам на стол неможам да седам како човек, мора да сум или искривена некако со ногата горе или се нишам на столот. Зборувам побрзо од колку што треба Мора нешто да чепкам. Јадам од досада. И тн. и тн. да не набројувам сега
Чекам да дојде последниот момент за да учам. Нон стоп се правдам и тоа најчесто кога сум во право што на другите им дава само впечаток дека лажам. Заборавам да стојам исправена.
Тоа што не појадувам и се прегладнувам и потоа ќе се најдам како свиња. Многу сум горда што искоренив една моја лоша навика, а тоа беше грицкање на нокти еве неколку години си уживам во лакирањето Горда сум самата на себе заради тоа
Градам тврдина од перници околу мене пред да заспијам, покриена сум од сите страни со многу ќебиња и јорганчиња, имам простор од мало дупче колку само да дишам. И во лето на 30 степени го правам истото, едноставно неможам да заспијам ако не сум забарикадирана од сите страни иако се препотувам и неможам да дишам