Јазикот ми е побрз од паметот. Многу брзо зборам и често ми викаат "Ништо не те разбрав". Инат сум голем, вреќа сол ќе изедам но не попуштам
- Рамнењето торти. Ма јебига, перфекционист сум, и мора тортата да биде рамна. И така, ја рамнам, и ја рамнам, парче по парче, се додека не се дорамни до крај. - Уште јадам со мала лажичка. Не можам со голема, се чувствувам како да јадам со кутлача. Супа, такви работи се со мала. До душа, некогаш и ме заболува устата, што треба х50 пати да ја отворам. - Цела ноќ претам. Еве како вообичаено спијам: И несвесно во сон, секогаш ја кревам левата нога, а знам и во сон, да се свртам цела кон ѕидот, и да спијам со крст нозе. Абе многу убаво цртам, нема што.
Истото го правам и јас и незнам како да се одвикнам од тоа. Свесна сум колку е лошо и дека може нешто да си повредам ама ете навика, ако некој знае лек нека каже И мн си ја кубам устата, ништо бре не ми помага, никако лабело ......
Многу сум брзоплета,кажувам нешто па се каам. Си ја гризам устата од внатре, си ја фаќам на секое косата, гризев нокти ама сум горда на тоа дека престанав да гризам веќе 5 години јупии
Се лутам за ситници многу често и знам дека не сум во право ама не попуштам (знам дека тоа не е добро ама што да се прави)
Незнам колку се лоши навики овие... Многу сум чувствителен,многу критики ги сфаќам пресериозно и често знам да избувнам и од ништо да направам нешто. Мислам дека многу пати до сега се докажало ова... Често знам да бидам преарогантен дрзок и безобразен. Многу пати сум наивен и тоа најмногу го мразам кај себе. Ме нервира мојата неуредност и расипништвото. Ретко слушам совети. Што ќе наумам тоа ќе направам,макар и последиците да се огромни. Глеате ли бре? Знам и јас маните да си ги кажам.
joxy тоа треба да си го смениш бидејќи ке ти влијае многу запонатаму не е убаво иаако не се дрогираш не пушиш ова е мн лоша карактеристика во денешно време треба да се биде ладен, тогаш ќе биде мн подобро
Немам трпение за ништо!! И никој не може да ме разубеди ако си направам филм во глава, ма колку и да се трудат нема шанси. Дури кога ке видам дека се испаднало добро гледам колку сум погрешила, но до тогаш се измачувам буквално се секакви можни најлоши сценарија
Грицкам нокти, веке подолг период, иако моментално сум во фаза на одвикнување и колку толку успевам. Што и да правам ја тресам ногата, дури во школо ме задеваа дека се тресам од некои строги професори, а уствари секогаш се тресам, навика ми е веке, неможам да се одвикнам. И исто така ја грицкам устата од внатрешна страна, ама тоа само кога сум нервозна или во исчекување.
Грицкав нокти но се одвикнав! Голем инает сум и не попуштаам воопшто. Јазикот ми е побрз од паметот и затоа знам многу мили луѓе (несвесно) да ги навредам а потоа да се каам и да се извинам (барем се извинувам)! Си ја грицкам устата кога ми е сува па затоа секогаш превземам мерки и секој 5-10 минути ставам лабело. Иии.. најгродото нешто што уствари сеуште неможам да признаам дека ми е навика е НЕСВЕСНО да ја чешам главата. Не дека ме чеша, не дека имам вошки или дека ми е нечиста туку така едноставно ја чешам незнам зашто имам потреба од тоа или ако не ја чешам поминувам со рацете по главата, низ косата (и си ги чуствувам нерамнините на черепот)
Јас имам еден куп лоши навики. Прво. Ја гризам внатрешноста на устата, кај образите. Значи, го земам тоа образот со раце како да се штипкам, и го притиснувам месото до забите и се глодам. Ова го правам секогаш кога не ми се рацете зафатени. А кога ми се зафатени имам друг начин. Ја стиснувам устата како да сум спремна за да бакнам некого и ја носам налево или надесно (во зависност од кој образ сакам да си каснам ) и почнувам со работата. Сум пробала еден мал милион пати да се одвикнам, ама не оди. А многу грдо делува кога некој ме види во таков процес. После, стегам мозолчиња. Ама онака крвничко стегање, има со саати да стегам дур не излезе нешто од него, најчесто крв. Сега пробувам да се одвикнам, зошто се решив да си го исчистам лицето. А, кога сум нервозна, џвакам хартија. Не мастика, туку хартија. Посегам по најблиската тетратка/списание/весник, кинам делче и го ставам в уста. Колку само проблеми си имам направено со ова. Стварно е нехигиенски и примитивно, ама ете. Глупава навика. Порано, си ја гризев раката и си правев шљивки. Онака од чиста мира. Фала богу во последно ова ми се нема случено. Исто така сум голем инает. И да сфатам дека грешам, никогаш нема да извлечите признание од мене. И за на крај мојата најлоша лоша навика - опседнатоста со мојата шоља за млеко/чај/рандом пиајлак. Ја имам таа фамозна шоља уште од мала, и не дозволувам никој да пие од неа. И често имам напади на хистерија кога некој ја гибне. Едноставно никогаш не можам да се сопрам. Чудно е, знам, ни јас самата не можам да си се изначудам. И не, не знам како да се одвикнам.
Најлоша навика ми е што мн пушам значи од 2 цигари стигнав до кутија и уште една лоша навика ми е што брзо се лутам а уште побрзо ми поминува лутината и доколку со некој сум се колела до пред некоја минута сега може да ми биде бфф