- јадам над тастатура - не си ги кревам алиштата откако ќе се преоблечам - си го исклучувам алармот после 5то ѕвонење, си викам сега ќе станам, а продолжувам да спијам
1.Крцкам прсти. И тоа силно и многу. Не можам да ја соправ навикава, зошто ме болат прстите ако не ги крцнам. 2.Премногу брзо опростувам. Во ред е опростувањето, ама многумина ми го злоупотребиле тоа.
Премногу сум инаетлива,кога си поставувам некоја цел одам до крај,иако знам дека себе си ќе си наштетам макар и да ја постигнам целта,ама мора да биде мое........ ретко но недај боже некој да ме испровоцира се му кажувам во лице и воопшто не се замарам дали сум го повредила штом тој/таа не се замарал за мене зошто јас со неа/него? Најголемата мана ми е што сум искрена,а луѓето колку и да велат дека сакаат искреност лажат бидејќи ако сакаат искреност зошто се навредуваат? кога со мене некој е искрен особено кога ќе ми воочи некоја мана која ја поседувам,тогаш го ставам на ранг листа бр.1 за мој пријател/пријателка,додека со останатите бар за оние кои сум им посочила нивна мана се навредиле значи испаѓа да си искрен е да си лош и дека имаш лоша навика? А пак има лица кои и незнаат што всушност е искреност,а паѓаат во транс кога велат леле јас сум многу искрена........нема грешка е неможам да им покутам на такви таа/тој да го плукнеш ќе рѓоса а не да бидеш учтив со нив Можеби треба да бидам лажливка како впрочем и се што лажно
Кај мене лошо е тоа што премногу сум емотивна. Малце некој да ми се развика одма ме тера да почнам да плачам и понекогаш знам и да се воздржам.Премногу трпам и се нервирам за глупости и ако не треба дека може да си наштетам на здравјето но тоа ми е .. И премногу брзо простувам ! И тоа некои знаат многу добро да го искористат :/
полоша од грицкајнево нокти не можи ни да постој значи на 12 начини пробав да ги откажама ама ете не можам пуста навика
Се мислам дали несвесно јас сум отворила друг профил и сум го напишала ова. Хаха не ми се верува иста сум и јас.плачка сум а мразам кога покажувам слабост ама кога некој ке си го повиши тонот и готова сум.
Имам мноогу лоши навики.Викаат има и навика,ама има и одвика,ама тешко јас да се одвикнам. Една од тие ми е грицкање нокти од која што неможам никако да се одвикнам,сум се обидувала на разно разни начини,ама уште не сум успеала за жал,ама не се откажувам бидејки знам дека ова не е убаво и дека не е добро,друга навика ми е крцкање прсти ,многу лоша навика од која што исто така неможам да се откажам,а тоа го правам од нервоза,а во последно време сум се понервозна и затоа мн често ги крцкам,сум слушала дека кога ке остарам дека ке ми се тресат рацете,ама што да правам кога едноставно ми е навика,и нешто што мене мн ме нервира и несакам да го правам е тоа да ја мијам косата 10 мин пред да излезам и да ја исушашм со фен за помалку од 5 мин ,дури и кога е мн ладно,ова ми е една од најлошите навики,ама што да правам кога несакам секој ден да ја мијам косата,мн ми се мрси,ако не ја мијам секој ден,а јас сум толкава мрза,а и толку ме нервира да ја мијам,па затоа скоро секој ден ја мијам сабајле пред да излезам за во школо....И мн др наавики,за кои се надевам дека ке се одвикнам.
Моја најголема лоша навика е тоа што седам на нозе каде и да одам. Дали пред компијутер дали на гости обавезно мора едната нога да ми е под гз. Почнав да осекам проблеми, поголеми болки но неможам никако да се одвикнам. Јас или лежам или седам на нога , трето нема
Цигарите најверојатно Друга лоша навика немам Не, не секако дека не. Ако се смета ете за лоша навика емотивноста тогаш да.Знам да се расплачам за некоја банална ситуација, пред многу луѓе да пуштам солзи, иако сега, во последно време се трудам да бидам поиздржлива и да се соберам. Знам и многу да се нервирам за непотребни работи, за глупости, за мали нешта. И да, уште една работа која си ја сметам за лоша навика ми е што брзо, ама многу брзо им простувам на другите кога ќе ми згрешат нешто. И никако не можам да го сменам тоа кај мене. Овие последните би ги нарекла мои лоши особини, ама ајде, нека бидат тука
Навика... Во моментов ми текнува на една која ми е секојдневие. Јас постојано мрдам со нозете. Не станува збор за она класично тресење на нозете (кое исто така го правам) и кое најчесто е последица на стрес, напнатост и нервоза. Зборувам за мрдање на прстите на нозете. Јас не мирувам воопшто, кога седам за да го прекинам мрдањето на прстите ги потпирам петите на троседот, фотелјата, столчето, што и да е и подот го допирам само со прстите од нозете. Кога лежам прстите постојано ми се движат. Тоа го правам несвесно, откако знам за своето постоење. Не можам ниту да заспијам ако не ги движам стапалата. Мене тоа воопшто не ми е заморно, напротив како да ме смирува. Очигледно не е добро штом постојано го правам тоа.
Лоша навика хмм можам да кажам дека лоша навика ми е тоа што на пример кога ќе кажам некое свое мислење и некој друг има различно мислење во врска со тоа, и одма почнувам да се збунувам, ми се мешаат работите во главата, незнам зашто толку многу влијаат туѓите различни мислења на мене
Јас пак порано ги грицкав ноктите,па еден период се свртив на гризење на устата, сега на косата и се стилив, цело време ја фаќам, ја вртам околу прст и се по ред
Ноктите ми се секојдневна рутина,устата исто така лицето мора да го чепкам постојано иако ми е чисто се му наогам по некоја мана и најлошо е што е немам срам пред моите и се нешто им кажувам во која било ситуација,без разлика дали е срамотно или не