Лоши особини

Дискусија во 'Психологија' започната од ColoursOfTheRainbow, 31 август 2014.

  1. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.407
    Пол:
    Женски
    Има тема за „Лоши навики“ па одлучив да направам една и за лошите особини на вашиот карактер.
    Дали сте свесни за вашите лоши особини и дали ги прифаќате или негирате?
    Како се справувате со нив?
    Јас на пример сум многу инаетчика и тврдоглава :devil: Тоа некогаш ми е и добра особина затоа што не се откажувам лесно од ништо :D
    Друго, многу сум јазична, поточно пцујам :$ И некогаш се однесувам насилно и сакам да се степам.
    Јас сум многу смирена личност никој не може да ме изнервира лесно, АМА постојат работи што ме нервираат, на пример да ме испрашуваат многу (особено глупи прашања) и да немам приватност, да ми ги диркаат работите или блиските. (Не избувнувам лесно) ама ако ми се стапе на нервот избувнувам, станам насилна и тешко ми е да се исконтролирам, кажувам груби работи, се дерам и се карам. Друга лоша особина ми е сарказмот, особено во кавги.
    Јас лошите карактерни особини си ги прифаќам многу послесно од физичките. Дури и си ги сакам :rofl: Освен онаа кога избувнам :| Иако се случува ретко, сепак не сакам кога избувнувам и се обидувам да се исконтролирам и да не повредам никој, особено психички.
     
  2. nevermet18

    nevermet18 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    1.939
    Допаѓања:
    6.222
    Пол:
    Женски
    Неодлучноста ми е преглупа особина. Никогаш не сум сигурна дали го сакам едното или другото.

    Со тоа не се справувам никако. Си терам пак така. Ми треба пола саат да одлучам дали сина маица или портокалова, а не па за нешто друго. :tmi: :D
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Srckata28

    Srckata28 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    2.137
    Допаѓања:
    8.038
    Пол:
    Женски
    Аха,ги имам многу,ама многу си ги и сакам,освен оваа првата особина.
    Најпрво,не прифаќав порано,но многу љубоморна личност сум.Во последно време си ја контролирам особината што е кул,ама подобро е да ја немав. 8)
    После,сакам се да ми биде перфектно.Значи сакам на пример во мојата соба да има тоа и тоа,ако го нема тогаш не ни влегувам во мојата соба,ау,не.Всушност ова особина ми е дека сакам да имам се или пак воопшто ништо,средно нема.
    Идемо даљеее...хмм,глупа сум де,трескам глупости на моменти и што треба и што не треба и многу често си ги кривам тие околу мене,божем тие се криви што не разбрале а не јас дека сум треснала глупост. :rofl:
    И,да,лековерна сум,многу брзо стекнувам доверба кај луѓето.

    И,оваа крајнаваа....тадададааааааааам...мрза сум најголема.
    Тешко мајци која ме је родила :devil:
    Ги имам уште многу,ама са ко че ти пишуе. :D
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    2.704
    Допаѓања:
    36.057
    Пол:
    Женски
    Особини кои премногу ги мразам кај мене се:
    -тврдоглавост
    -избрзување(кажувам нешто и отпосле ми текнува дека сум згрешила :x )
    -пцуење(како некој кочијаш :tmi: )
    -пребрзо се нервирам дури за најмали ситници
    -пречувствителна на моменти
    -неодлучна понекогаш(читај често :D)
    Можеби има уште,но не ми текнува во моментов...
     
    На chicaboom3 и ColoursOfTheRainbow им се допаѓа ова.
  5. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Лоши особини имам еден куп, но ќе набројам само неколку.
    Пцуење (се обидувам да престанам, но често ми се случува не сакајќи да пцујам), инает, воопшто не сум сигурна во себе, многу лесно може некој да ме изнервира, нетрпелива сум.
    Мрзливоста ми е дефинитивно најлоша особина.
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.407
    Пол:
    Женски
    Значи не сум единствена на која пцуењето и' е лоша особина :lol:
    И да си додадам, дека немам самодоверба и сум успорена снимка :$ Понекогаш и неодлучна
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MermaidKiky

    MermaidKiky Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    221
    Пол:
    Женски
    Епа има неколку, или малце повеќе: :lol:

    - тврдоглава сум(некогаш е добро, некогаш и не).
    - пцујам. :angel: :$
    - немам самодоверба.
    - неодлучна сум. :?:
    - многу често се нервирам, дури и за најмали ситници.
    - избрзувам, кажувам нешто за што подоцна се каам. :|
    - мрза невидена сум. :wasntme:
     
  8. GirlRose

    GirlRose Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    3.085
    Допаѓања:
    16.074
    немам самодоверба и тврдоглава сум :doh:
     
  9. Dream-Girl

    Dream-Girl Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    13.377
    Допаѓања:
    134.787
    Пол:
    Женски
    Хм па еве вака :D
    -Тврдоглава сум :rock:
    -Злопамтило (еднаш ми згрешиш ќе ти вратам дупло кога тогаш) :angel: :D
    -Пцујам и гајле ми е :lol:
    -Мрза сум и за тоа ми е гајле ]:)
    -Избувлива сум :lol:
    -И брзоплета. :geek:

    Си ги сакам сите мои особини било да се добри или лоши иииии гајле ми е мене за се. ]:) :rofl:
     
  10. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    1.257
    Пол:
    Женски
    Лоша особина ми е што никогаш не можам да си премолчам.Се' коментирам и на се' враќам..
    Ѓаволче сум станало :devil:
     
  11. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    Лев човек сум на карактер, но најмногу си ја мразам неодлучнота.
     
  12. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.143
    Допаѓања:
    16.139
    Мислам дека имам најлоши три особини во мојот карактер недоверливост,импулсивност ,нетрпеливост кои избиваат на површина само кога некој стварно ќе претера со своите постапки и ме изиритира па неможам да премолчам.
     
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    9.657
    Допаѓања:
    53.590
    Пол:
    Женски
    Лошите особини ги препознавам, не ги негирам туку се обидувам да ги сменам. За инаетот и љубомората успеав. Сега си признавам дека знам да бидам мрзлива и во многу ситуации ми недостига храброст. Не сум ниту многу комуникативна. Ќе поработам на случајот. :)
     
  14. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    3.767
    Допаѓања:
    40.069
    Пол:
    Женски
    Многу сум неодлучност дали тоа да го изберам или она, дали вака да направам или така од толку размислување некогаш почнува главата да ме боле. Избрзувам, кажувам нешто за што подоцна се каам, избрзувам и за некои постапки исто така, па подоцна се каам. Самодоверба на нула, а и комуникативноста ми е на нула.
     
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.890
    Допаѓања:
    19.622
    Пол:
    Женски
    *тврдоглава сум
    *брзоплета
    *злопамтило
    *мрзоволна
    Порано бев наивна, глупава проста.Сега летово се опаметив и станав ѓаволче
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    2.216
    Многу сум емотивна и секоја неправда ужасно ме повредува. Ама вага сум, сепак тоа е...
     
  17. хОхси

    хОхси Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2016
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    137
    Немам самодоверба и премногу се врзувам за личности :/
     
  18. mila7

    mila7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    486
    Ми пречи тоа што секогаш гледам да помогнам на личности кои ме повредиле мене, и тоа што имам премногу трпение за многу работи.
    Исто сум и многу неодлучна. Мислам дека овие три работи што тешко ги контролирам, но се трудам во секој момент да го сменам тоа.
     
  19. Incule

    Incule Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Да имам лоши особини и ги прифаќам,неодлучна сум,мрзлива и инат
     
  20. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    3.514
    Пол:
    Женски
    Нетрпелива, a придружно со тоа и лутка и нервозна. Ама се поправам полека полека :D