1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лоши соништа

Дискусија во 'Психологија' започната од Nicki_N, 13 декември 2016.

  1. Nicki_N

    Nicki_N Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2016
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки. Ви се случило ли подолго време да имате кошмари? Како сте си помогнале? Јас ке ви раскажам една моја случка, не очекувам од сите да верувате бидејки ретко кој верува во вакви работи. Летово отидовме со друштво во Охрид на одмор. Немавме смештај па таму баравме, и најдовме кај една жена. Само што отидовме во куќата имаше некоја чудна (негативна) енергија. Одлучивме да преспиеме бидејќи веќе беше касно и бевме многу уморни. Другиот ден побаравме друг смештај,но Охрид беше преполн бидејќи беше празникот 1,2 август и моравме да останеме таму. Сопствениците на куќата беа некако чудни, не знам да ви опишам како,но само да ги погледнете во очи ке сфатите дека нешто не е како што треба. Првиот ден помина онака, ништо посебно. Преседовме дома бидејќи никој од нас немаше желба да прави нешто, сите бевме некако без енергија. Инаку бевме две другарки и тројца другари. Е веќе од третиот ден лично јас, СКРЕНАВ. Почнав да слушам некои гласови, да гледам сенки, морници ме лазеа. Кога ке легнев да одморам,се гушев, не можев воздух да земам. Вечерта завршив и во болница, ми ставија инекција бидејќи многу ми беше лошо. Разговаравме сите и сите кажаа дека нешто им се случува. Исто така гласови, сенки, а уствари нема никој.. Целата куќа беше морничава. Имаше и други случки,но ке треба уште еден ден да раскажувам.. Тогаш сфативме дека треба да си одиме веднаш. Се спакувавме и право за Скопје. Само што стигнавме отидовме кај бајачка сите. Жената кога не виде се наежи, рече дека носиме премногу негативна енергија и потврди дека во таа куќа нешто се случувало. Како што ни објасни она, проколнато било местото.. Ни баеше на сите и така си отидовме дома. Кога стигнав дома тоа беше 14 часот легнав да спијам и се разбудив другиот ден вечерта во 11 часот.. :whew: Тоа се премногу часови спиење,воопшто не сум се разбудила ни во вц да одам. Истото се случи со сите, сите спиевме со саати.. Е од тогаш луѓе јас немам раат.. Постојано имам страв во мене, од сопствената сенка се плашам. Имам одвратни кошмари кој што многу ми влијаат, не можам да се соземам недела дена после тоа.. Спијам со запалено светло..Сеуште знае да ми се причини нешто,некоја сенка,некој глас.. Решив да одам на психијатар, но не ми помогна воопшто. И раскажав се, и таа ми рече дека тоа е од тоа што сум го доживеала, дека не е страшно и ми даде Релаксан апчиња за да се смирам наводно,но ништо не се смени.. Не знам колку ми верувате во ова, но јас сериозно имам проблем, ќе полудам веќе, само на лоши работи мислам, само лошо сонувам, немам енергија, немам желба за ништо.. Не знам што да направам... Дома не сум им кажала сеуште, не сакам да ги загрижувам, а и искрено не знам колку ќе поверуваат.. ;(
     
    Последна измена: 13 декември 2016
    На foreverMATH и irenadaniel им се допаѓа ова.
  2. Hoj

    Hoj Активен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2016
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Јас лично ти верувам,верувам во негативна енергија,само не заборавај дека главна улога е мозокот, тоа што ти сакаш да мислиш тоа мислиш, мој совет...преуреди си ја собата каде што спиеш, премести ги предметите, да ствотиш нова енергија во собата..пробај да влегува повеќе светлина..почни да читаш љубовен роман..и пред да заспиеш мисли на природата или на самиот роман...среќно
     
    На Cinderfakinrella и Nicki_N им се допаѓа ова.
  3. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.395
    Колку време одеше на психијатар? Некогаш е потребно повеќе време за да се дојде до посакуваниот ефект. Имаш ли хоби? Занимавај се со нешто постојано за повеќе да не мислиш на тоа. Читај книги, гледај филмови, дружи се...
     
    На КикиМаус, Cinderfakinrella, biGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.574
    Пол:
    Женски
    Која куќа беше? Нешто ми е познато...
    Земи осветена водичка, измиј се и пробај да не мислиш на тоа (зависи која вера си.) Готово, било па поминало. Со мислењето само го храниш стравот. Наместо тоа, мисли на нешто убаво, позитивно. Насочи се кон некои активности, вежбањето многу помага. Сега се е само во твојата глава, треба да го отфрлиш непосакуваното.
     
    На Cinderfakinrella, irenadaniel и Nicki_N им се допаѓа ова.
  5. Nicki_N

    Nicki_N Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2016
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Куќата е кога одиш накај метропол хотелот, во коњско..
     
  6. irenadaniel

    irenadaniel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    1.329
    Пол:
    Женски
    Леле иста случка пред 15 год ама во Струга,другарка ми кажуваше дека буквално слушале гласови ,чекори и за два дена си заминаја,не е дека не вервам се е можно ,гледај не мисли повеке на случката речиси беше и помина заборави ја како лош сон
     
    На Nicki_N му/ѝ се допаѓа ова.
  7. irenadaniel

    irenadaniel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    1.329
    Пол:
    Женски
    Оди во црква на причесна ,не се врзувај за апчиња мој совет
     
    На Nicki_N му/ѝ се допаѓа ова.
  8. foreverMATH

    foreverMATH Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Да. Обиди се да не мислиш на лоши нешта.:!: Излегувај со другарките,:) фати си дечко, :inlove:потсети се на своите цели(не знам на кое ниво на обрзование си средно, факултет, работа, како и да е посвети верме на тоа), почни да вежбаш јога и да правиш вежби за дишење(на интернет можеш да најдеш вежби за длабоко јогичко дишење кое дава многу енергија)(y), медитирање:sun: (ова е многу моќно нешто кое комплетно те релаксира и смирува и ти дава енергија заедно со јога), гледај УБАВИ филмови и читај ДОБРИ книги (кога реков убави и добри мислев на љубовни, социјални, акциони, забавни, комедични, авантуристички, а не хорор или паранормални:shake:). Како што спомнаа некои погоре внеси промени и свежина таму каде што живееш. Преуреди ја собата, (направи светол забавен ентериер, стави цвеќе, почни да чуваш домашно милениче на пр. куче), ако имаш време вклучи се во курсеви за странски јазици, за било што, некои социјални групи. Шетај се во природа почесто, излегувај на нови места со повеќе народ, луѓе... Разговарај... Едноставнo активирај го социјалниот живот повеќе и мислам дека тоа е најдобриот начин побрзо да заборавиш. Избегнувај вакви теми. Тури си у главата дека не веруваш (иако јас лично ти верувам дека си ведела и си слушнала самата). Колку години имаш? Знам дека може звучи смешно и глупо :$ама за почеток можеш да спиеш со некого (некое помало девојче што ти е другарка, мајка ти, ако имаш брат или сестра би било супер, или дечко, што знам, било кој во кој имаш повеќе доверба) Избегнувај да бидеш сама и да запаѓаш во мисли:shake:. Промени го животниот стил. Значи ти си психички здрава личност:) и според мене не ти треба психијатар.(y) Со тек на време ќе заборавиш.
    Се ќе биде во ред, верувај ми...:l:

    и заборавив да ти кажам ако во собата или куќата чуваш стари непотребни работи што не ги користиш, би ти препрачала да очистиш се тоа и да фрлиш. Ја земаат твојата енергија и влечат негативна. Можеш да прочиташ фенгшуи и според тоа да ја уредиш собата, а не би ти било лошо ако си во можност да купиш од оние камења и пирамиди што привлекуваат позитивна енергија или одбиваат негативна не знам како беше.
    А за да имаш енергија покрај вежбање обрни внимание и на храната, јади здрава храна.
    Почесто посетувај црква. Кажувај молитви и мантри.

    Ова се сите можни совети што можам да ти ги дадам, па ти си знаеш..

    Можеш ли да ми раскажеш подетално за твоите случки во таа куќа во ЛП?Се разбираа ако не ти смета/те навраќа. Ме интересираат вакви нешта, затоа...
     
    Последна измена: 16 декември 2016
    На Hoj и Nicki_N им се допаѓа ова.
  9. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    @Nicki_N ако сакаш и тука јавно сподели подетално, баш и мене ме интересираат вакви појави
     
    На Ники., Cinderfakinrella и Nicki_N им се допаѓа ова.
  10. Nicki_N

    Nicki_N Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2016
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам за советите, ке се потрудам да ве послушам додека не сум полудела скроз. Инаку подетално.. Куќата беше на три спрата, но скали за третиот спрат немаше, а другар ми беше сигурен дека видел некој на терасата на третиот спрат.. Во куќата живееа маж,жена, дете од две години (кое што не престануваше да плаче 24 саати) и свекрвата која беше вампир (страшен поглед, будна 24 часа и све посматраше). Првиот ден кога влеговме во собата имаше само една слика на ѕидот, а другиот ден најверојатно додека немаше никој во собата ставиле слика од свекрвата и покојниот нејзин маж.. Во вц-то кога се туширав, а и другиве слушале гласови од прозорчето, а прозорчето беше во дворот позади што им беше запуштен и морничав, се и сешто имаше. Ние како друштво секогаш сме енергични, секогаш расположени за забава,шетање, а сега 4 дена не излеговме од таа проклета куќа.. А исто така интересна случка ние само што стигнавме друштво што биле таму си одеа, не ни кажаа зашто,но седеле само еден ден таму.. Ништо чудно и они да приметиле нешто. Инаку јас имам 23 години, толку сме отприлика сите што бевме 22-23-24.
     
    На foreverMATH му/ѝ се допаѓа ова.
  11. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.271
    Биди си спокојна ќе помине трпение само :)
     
  12. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Машки
    А, чекај ова со куќата и летувањето не беше сон туку навистина бевте на летување. И како баш ме чуди ова што кога толку луѓе нудат сместување во Охрид вие не најдовте ниту едно за да ја смените куќата. И ако можеш кажи поконкретно за кошмарите (ги сонуваш луѓето од куќата, нешто друго). Инаку, мислам дека крстена вода би ти помогнало во случајов.
    И , прости ми ако грешам, но јас мислам дека нешто се имате скарано со газдите околу условите, плаќањето и сл. па вака им враќаш. :)
     
  13. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.433
    Пол:
    Женски
    Се е до твојот мозок, потсвеста и те како е будна во РЕМ-фазата. Потруди се да мислиш на позитивни работи, да не мислиш на лошо (колку и да звучи тоа тешко и невозможно). Пробај со крстена вода, но ако можеш носи горски кристал како приверзок да ти ја исчисти душата од негативната енергија. Јас носев аметист, кристал на мојот знак Водолија и камен на мудроста. Го чистев со вода и го оставав да се полни на сончева енергија. По некое време, самото се скина и падна, без да се оштети. Го носев околу година и пол дена. Не сум го ставила повторно... Од небрижност.

    Читај романи, излегувај, слушај музика, релаксирај се. Гледај комедии, никако хорори тоа може да ја поттикне твојата потсвест да биде уште побурна.

    Опушти се, не зборувај многу за овие случки. И да: НЕ СЕ ВРЗУВАЈ ЗА ТАБЛЕТИ ЗА СМИРУВАЊЕ!!

    Горскиот кристал е безбоен камен. Основни карактеристики се: Појачувач, рефлектор, приемник. Горскиот Кристал е задолжителен за секоја минерална збирка. Тој во себе го содржи целокупниот спектар на бои и одлично го појачува дејството на сите останати кристали во неговата околина. Тој е основен кристал без кој не може да се замисли изведување на кристалотерапијата. Ја поттикнува спиритуалната пприрода во нас, ја прочистува аурата, ги подобрува менталните и психичките способности и помага во фокусирањето и медитацијата. Терапевтски својства: Единствен Кристал кој може да се употребува во универзални цели. Претставува стабилен резонатор кој во себе ја содржи вродената енергетска вредност на клетката.
    [​IMG]
     
    Последна измена: 17 декември 2016
    На Nicki_N му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nicki_N

    Nicki_N Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2016
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Јас не ни кажав кој се газдите за да би им враќала вака, навистина имам проблем те молам не трескај глупости.
     
    На biGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Nicki_N

    Nicki_N Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2016
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Каде може да најдам ваков камен? И тоа со хороскопскиот знак не те сфатив баш.. Ако не ти е тешко да ми објасниш.
     
  16. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.433
    Пол:
    Женски
    @Nicki_N Можеш да го најдеш кај Деко, дуќанчето им е кај рекорд. Се вика Македонски рубин. Инаку секој хороскопски знак има свој кристал. Работев таму едно време и така знам :)
     
    На Nicki_N му/ѝ се допаѓа ова.
  17. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Машки
    Во ред, извини. :)
     
  18. monnii-4

    monnii-4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    60
    Имав многу сличен случај. Буквално знам како ти е. Мене многу ми помогнаја медитациите. Труди се да ги контролираш мислите. Ако можиш разговарај со парапсихолог односно со биоенергија да те исчисти некој.
    Ти држам среќа и ти посакувам сѐ најдобро!
     
    На Nicki_N му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ники.

    Ники. Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2016
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    1.266
    Пол:
    Женски
    Може некоја од вас да ми опише подетално во ЛП за каде поточно во Охрид и Струга станува збор,за што поточно ...:о
    Бидејќи често пати идам натака..скоро секој 3ет викендс сум..па да знам..да не се залетам и јас негде..о.О
    Уште некои црни мисли ми фалат..:/
     
    На Nicki_N му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    @Nicki_N
    Ништо не е.

    А еве и да е, па рачунај колку духови имаш само од твоите предци, никој не смее да те чепне, ќе се испотепаат таму во тоа меѓупросторот со задгробниот живот и реалноста. Затоа има мир.

    Чиста теолошка параметафизика.
     
    На Nicki_N му/ѝ се допаѓа ова.