Не верувам дека има некој кој има лошо мислење за себеси, меѓутоа има луѓе со мала самодоверба. Како основно родителите се оние кои први треба да им укажат на самодоверба на децата уште од мали. Иако денес се претерува со тоа, во однос на тоа како се однесуваат денешниве деца. Кое дете ќе има самодоверба ако родителот често го критикува и не му дозволува да направи нешто бидејќи не знае..., а потоа што и да сака да направи ќе се одвраќа мислејќи дека ќе згреши. Додека бев средно имаше професорка која на учениците од својот клас никогаш не им ставаше високи оценки, а еден професор рекол, кога класната не ги цени и не им пишува повисоки оценки како јас да им пишам. Така е и со родителите. Кога ќе ги ценат децата од малечки и имаат доверба во нив... со тоа ќе знаат самите да се ценат и да имаат самодоверба.
Да, постојат луге кои имаат лошо мислење за себе, постојат луге кои кога ќе застанат пред огледало ништо не им се допага, постојат луге кои мислат дека целиот свет е против нив и дека нив ништо не им оди, а притоа ништо не преземаат да го променат тоа. Во принцип за мене тоа се кукавици, кои одбрале целиот живот да го поминат во кукавичлук и за се да ги обвинат другите а не својата мрзливост и не амбициозност. Голем дел во уништувањето на самодовербата кај децата а која потоа се рефлектира и кога тие ќе бидат возрасни луге игра однесувањето на родителите. Постојат родители кои сакаат нивното дете да биде како на комшијата, па често им велат, види го оној како добро прави ова или она, како има талент за ова или она а тебе за ништо не те бива. Тоа за родителите е навидум обична забелешка но кај децата може да остави трајни последици. Затоа треба децата да се прифатат такви какви што се, со сите специфики и посебности што ги поседуваат. Исто така и децата треба да бидат горди на своите родители и да ги прифатат онакви какви што се, а не постојано да бидат незадоволни и да ги обвинуваат родителите зошто они не се успешни како соседот, зошто нивното другарче има ова или она а они неможат тоа да си го приуштат.... Зборот БРАВО навидум, делува како обичен збор но кај децата а и кај повозрасните има волшебна моќ на подигање на моралот и самодовербата. Затоа обидете се да ги пофалите вашите деца секогаш кога ќе направат нешто добро или кога добро ќе извршат некоја задача. Секако доколку грешат треба да им се укаже на грешките, но никако да се обесхрабруваат и да се оди со негирање на се што направиле дека по дифолт нечини, користејки ги збротвите „Тебе за ништо не те бива“. На крајот на краиштата кога ќе пораснеме и созрееме треба да сватиме едно, дека прво ние треба да се прифатиме такви какви што сме а тек тогаш да очекуваме околината да не прифати. Никогаш немојте да посакате да бидете како овој или оној, бидете си свои на свој посебен начин, и верувајте во себе и во своите квалитети, пред се како личност а потоа и се останато.
Многу пати сум била разочарана од личности што многу сум ги сакала..Живот би дала за нив..И додека им требам тогаш јас сум добра за сите,тогаш сите ме сакаат..Нивното дволично однесување ќе те натера да веруваш и да се однесуваш како што им одговара,но откако ќе сватиш некои работи - да речам откако ќе си отвориш очите,и ќе се понашаш по свој став..Веднаш не си корисен,веднаш те критикуваат дека има промени и дека не им одговара тоа што вистината им ја плескаш во лице.Баш поради ова имам лошо мислење за мене,мислам дека во мене е проблемот.Сватив дека премногу добра сум била за таквите,ама барем да беше заслужна нивната дволичност за мене.Некогаш скапувам нервирање и мислејќи да се повлечам во себе.Незнам како да се поставувам кон луѓето а секогаш сакам да помагам,па дури и да дое ситуација пак би помогнала на тие шо ме искористиле.
Јас порано се мразев себеси. Си викав ниска си, таа е поубава, таа има поубаво тело итн. Постојано посматрав убави девојки и запаѓав во лошо расположение сметајќи дека сум нула спрема нив. Тоа се промени, сфатив дека не треба да се споредувам, дека секој има свој квалитет и своја убавина. Сега се сакам себеси, се восхитувам кога ќе се погледнам во огледало, имам преубави очи, го обликував телото, ја видов мојата уникатност и убавина. И денес посматрам други убави девојки но веќе не правам споредби. Знам дека сите сме убави и дека не сум ништо подолу од нив.