Здраво девојки , пред неполн месец имав операција на ногата , раната ми заздрави ама нормално ми остана лузна . Знам дека контратубекс е добро решение за ова , но сакав да ве прашам да не знаете и некоја друга алтернатива која помага при лузни? Фала многу однапред
Не знам искрено друга крема освен Контратубекс.Знам од искуството дека е доста добра,но лузна е лузна и останува засекогаш.Ако е на незгодно место,можеш да размислуваш за пластична операција ама понатаму.
Колку што имам читано, се користат ZERADERM, CONTATUBEX, DERMATIX, а лузна можело да се редуцира и со ласерски третмани или со микродермоабразија. Ама не може да ја снема сосема, може само да се намали.
имам неколку лузни на телото ама највеке во пределот на колената ми е срам да облечам сукња (оти се познаваат) дали би можеле да избледат со ласерски третмани, колку чинат и дали боли додека докторот ги извршува?
Дали Контрактубексот би помогнал за лузни од акни? - ме интересира бидејќи ги имам во пределот на грбот и рамениците и страшно ме нервираат, а иде лето и многу е незгодно носењето на маички со гол грб и рамена при ваков точкест грб Имала ли некоја од вас некакви искуства од користењето на кремата или да си фатам правец - кожно
јас го имам купено контратукбексот ама ич не сум задоволна,од него не поминуваат лузните, само се избледуваат некако и тоа мн малку а јас имам мала лузна од изгорено пробај си па ке видиш
Ve molam pomognete mi..imam luzni od isekotnici ! Jas samata si gi napraviv tie isekotini i sea imam luzni. Ne se mnogu golemi no nesakam da mi se poznavaat. Ve molam kazete nekoj melem ili gel..
има различни препарати во зависност од типот на лузните. свежи или постари и колку се длабоки. келософт крем кој го нема во мк ( грција или бугарија најблиску), дерматиксот е добар и тој го нема овде или од она што го има Епителиале крем ама во тек на 5-6 месеци најмалку дава резултат. И ако се лузнички од поминати акни може да дојде во рпедвид микродермоабразија или хемиски пилинг ( со средна јачина)-за побрз резултат.
Летово се изгорев на шпорет,и тоа бааги,дерматолог од Битпазар ми препорача нов спреј против лузни,за месец и пол ем ми залечи ем сосем избледеа,таков бил спрејот заздравувал рани и лечел лузни,можел и за целулит и стрии и незнам што.Го земав од Зегин најевтин е 505 или 515 ден,инаку се прска 2,3 пати дневно и мене сеуште ми остана.Се викаше Мадикасол или Медикасол не ме фаќајте за збор,темно плаво кутивче е ,прашајте во Зегин.
Сега си направив лузна Се изгорев пред малце, турав сол, ама еве го како бумбар се направив на раката.. Црвено е Инаку не сум имала цело време лузни, обично 3 години еднаш ми траеше едно горење пак, ама исчезна... Т.е кога сум се родила, кај брадата, или како се вика тој дел, имам така како изгребана сум, рапаво е, и неможе да се исчисти ни ништо.. така си останав цело време.. Ако ова се смета за лузна И да, воопшто не ми смета, среќа не се познава многу..
Пред месец дена имав незгода и се исеков на раката, раната ми оздраве, ама сепак се познава лузна. Инаку не беше воопшто длабока раната ама бидејќи е на долната страна од раката таму кожата ми е многу нежна и бела па се познава. Не сакам да давам пари за Контратубекс или други препарати и масти, знаете ли нешто што може да го направам дома? Сум слушнала дека мелем помага при лузни од изгореници може и мене ќе ми помогне. Знае некој како се прави или од каде се набавува?
ЛЕЛЕЕЕ И ЈАСС ГО ИМАМ ИСТИОВ ПРОБЛЕММММ. НЕ ЗНАМ ШТО ДА ПРАВАМ И ТОА ТРИ СЕ.СТРАВ МИ Е ДА ПОБАРАМ ЛЕК ОД НЕКОЈ ОД МОЈАТА ФАМИЛИЈА, НЕ САКАМ ДА ЗАГРИЖУВАМ НИКОГО ОД НИВ.ЛЕЛЕЕЕ КАЗЕТЕ НЕКОЈА ДРУГА КРЕМА ОСВЕН КОНТРАТУБЕКСС ВЕ МОЛАМ ЗА СОВЕТ! ВЕ САКАММ
Крема против лузни ние имаме домашна. Ја купуваме од една жена која ја прави сама од билки, и навистина, помага, со редовно мачкање, зависно колку е длабока и стара лузната. Доколку некој сака нека ми пише лп, ќе се обидам да дознаам каде точно се наоѓа. Инаку доколку некогаш се изгорите, веднаш земете јајце, скршете го и одделете ја жолчката. Намачкајте го местото убаво (со жолчката) и оставете да се исуши. Штом се исуши, измијте го местото со поладна вода, и повторно намачкајте. Така неколку пати, додека да се изгуби црвенилото
Лузните тешко дека целосно ќе се изгубат или ќе исчезнат, освен на пластична хирургија. Може само да се намалат, со тоа што раната уште во рана фаза ќе се третира со чаеви, масти или препарати од невен и кантарион. Не е ништо скапо, а ефектот е и тоа како видлив. Јас дома си правам (има куп рецепти по интернет) маст-микс од кантарион, невен, камилица и жалфија и највеќе го користам при убоди од пчели или некои исекотини. Помага.