Луѓето зад камерата и монструозноста што ја прават

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од KateKane, 20 јануари 2021.

  1. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.386
    Допаѓања:
    59.725
    Пол:
    Женски
    Не знам колку видовте, ама Србија деновиве ја тресе огромен скандал каде актерката Милена Радуловиќ поднесе кривична пријава против професорот по глума и еден од најмоќните луѓе во српската филмска индустрија Мика Алексиќ. Девојката го пријави заради силување, а после неа го пријавија уште 5 други девојки дека ги силувал од периодот 2008 - 2020, од кои една е малолетна. 8 кривични има за силување и 7 за друго сексуално злоставување. Милена повика на сите девојчиња што ги малтретирал да отидат во полиција и да поднесат уште кривични пријави кон него како не би се ослободил за пак да го повтори истото.

    Излезе и видео клип каде се гледа како вреѓа мали ученици, неговиот одвратен однос, како ги малтретира децата и како им го уништува сето достоинство


    Многу јавни фаци ја поддржаа Милена, неколку "пензионирани" актерки кажаа дека ги уценувал со секс, а тие што одбиле ги ставил на црна листа и им ја завршил актерската кариера. Некои не биле толку "среќни", на лице место ги силувал и им се заканувал дека ќе ги уништи ако кажат. Други познати фаци во Србија како Скај Виклер исто потврдија дека знаел често манијачки коментари кон девојчиња да упати.

    Нормално Србија се подели, пола Славици рипнаа да го бранат дека веројатно имале афера па оваа се свети сега, пола кретенковци дека сама си го барала, зошто ќутела до сега и слично. Нив многу убаво им кажа Јелена Обучина, кратко, јасно и концизно:


    Баш пред некое време се погоди да го изгледам и мини серијалот на Нефликс, Холивуд, серија која се занимава точно со ова, односно како познати агенти, режисери и сопственици на студија ги малтретираат актерите и дека можат да уништат човечки живот со едно "пукање" на прстите.

    Што мислите, зошто покрај сите скандали на Харви Вајнстин, овој кретен и уште милион други предатори кои јавно се покажаа како силувачи пак никој не лежи затворска казна? Зошто овие луѓе закон никогаш не ги фака? Што мислите за феноменот да се бранат вакви луѓе кога има цела група на жртви кои кажуваат како било и точно го потврдуваат неговото манијачко однесување?
     
    На Bozica1980, bicycle, Ambitious и 27 други им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.079
    Пол:
    Женски
    Не ме чуди.
    Оти човекот кога ќе го удри “жешкото” по глава си мисли дека некого и нешто поседува.
    Ќе седне, ќе сврзе два муабета и оп како “кафански” човек сите ги познава.
    Ми се гади од вакви луѓе што наводно “помагаат” преку злоупотребување на женско тело ( да не речам секс ) и ќе ја направи светска ѕвезда,што ги уценува и што си зимаат за право да глумат Богови.

    Смртна казна малку би било за овој, па бесилка и камшикување до смрт јавно би биле доволни, сите да гледаат и да не им текне на другите како него да прават такви злодела.
     
    На mode-kristina и KateKane им се допаѓа ова.
  3. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    Ние и Србите имаме сличен, ако не и ист менталитет. Кога ќе ги видам реакциите, сè ми станува јасно. На поголемиот дел од таквите статии реакциите на Фејсбук се 'Цепки'. Средината ни наложува да не пријавиме веднаш. Најдобар лек за таквите е кастрацијата. Тоа е поголема казна за нив од смртната казна. Силувачи се и оние што ја обвинуваат жртвата наместо да ја поддржат. Можеби не го извршуваат тоа дело, ама за мене се силувачи. И тие што на такви чувствителни теми држат лекции за облекување се силувачи.
     
    На Justicija, CameliaMiller, noteforself и 4 други им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.857
    Допаѓања:
    158.139
    Пол:
    Женски
    Најискрено ме интересира и мене. Можеби парите кои ги имаат и можат да си ја купат слободата? Можеби моќта која ја имаат врз институциите? А, можеби и сликата која ја изградиле кај „фановите“ и пошироката маса па луѓето едноставно не можат да си замислат дека баш тој ова би го направил. И можеби најважно, секогаш, ама секогаш, ја криват жената. Од таму иди збор на маж наспроти збор на жена и уште сите фрлаат досетки од типот: „си го барала“, „како мислела да успее“, „сигурно и таа сакала“, „100% провоцирала“ и слични гадости. Секој ден читам, и ми се гади дека ова ни е реалноста. Ама од кога се појави #MeToo прв пат, најискрено колку што ми е тешко да гледам низ што врвеле сите тие жени, толку и ми олеснува дека ете, можеби ќе добијат closure и правда за штетата која им е нанесена и колку толку се крева свест за сексуално вознемирување и силување и иако постојат уште амеби кои оправдуваат, се ситат на ова па дури и пишат и изговараат досетки, голем дел од населението веќе не се смеј, веќе не пиши досетки и на крај памет не му иди да оправда ваков чин.

    Ова ми нема смисла. Стварно сакам да чујам некој шо и покрај ваков горзен чин да поддржва дотичниот професор пример. Сакам да слушнам зошто.

    И за крај, Холивуд, прекрасна серија. Добро што ја спомна стварно е соодветна. Која ја нема гледано - шо чекате?
     
    На Celltica, Ambitious, sia.bella и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.875
    Допаѓања:
    170.955
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.857
    Допаѓања:
    158.139
    Пол:
    Женски
    Реално не се баш дупли. Ова е поќе за продуценти, режисери, луѓето „зад камерата“ иако мотивацијата за темата е дотичниот кој предавал глума. Тука се гледа од аспект на моќен човек во свет на актерство, и завршување кариери и злоупотреба само оти му се можи, а другата тема е од аспект на сексуално вознемирување во училиште, од страна на ученици и професори и реално колку е, или барем беше нормализирано.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  7. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.386
    Допаѓања:
    59.725
    Пол:
    Женски
    Никој од манијачиштата не осудија освен Бил Козби, затоа што има силувано 33 жени. И тоа на 3 - 10 години е осуден, кај да е може да излезе заради добро однесување. Додуша тој актер е, влијателна личност е, ама не ја држи филмската индустрија во рака.

    Харви Вајнстин не е.
    Кевин Спејси не е.
    Луис СиКеј не е.
    Брајан Сингер (режисерот на X-men) не.
    Дени Мастерсон не.
    Брет Ретнер не.

    И тоа ги нема една жена тужено, во сите случаи пишува several women (освен за Кевин Спејси). Значи се изживувале со којзнае колку девојки, запустиле којзнае колку животи. А и искрено не гледам притисок некоја влијателна компанија да им прави, им повлекуваат спонзорства, ги тргаат од работна позиција и толку. Затвор не лежи никој.

    Јас еве стварно не знам што треба да се случи за силувач в затвор да го пикнат. Што докази требаат кога има пријава, раскажување на настанот исто од точка до запирка од повеќе жени, сведоци од вработени во хотели, кај некои дури и снимки има. Го мразам светов во кој живееме.
     
    На Ugly Duckling, smooch, Bezimenka90 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    Тој што се самоубил пак добил мала казна. Џефри Епстин е типот. Очигледно треба да ги убијат за да влезат во затвор. Ако во САД се случува ова, тогаш кај нас ќе помине лесно како што се пие чаша вода.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  9. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.916
    Допаѓања:
    48.052
    Пол:
    Женски
    Имаше една емисија на Хистори, нешто како темната страна на Холивуд, како многу од продуцентите ги наведуваат на секс актерките, па остануваат трудни, па за да не им пропаднат кариерите нелегално абортираат.

    Она што ме чуди е како тоа злоставувал девојки кои последно кажаа дека 20 го пријавиле и никој да не излезе да го обвини, дека сепак се работи за млади девојки кои оделе на приватни часови, зарем родителите не приметиле дека нешто не е во ред со девојчињава, тоа не е нешто што може да се скрие, сепак е огромна траума за нив која не може да помине неприметливо.
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.261
    Пол:
    Женски
    Нели Харви Вејнстин го осудија на 23 години 8-| ?
    Зарем го ослободија ? :o
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.239
    Допаѓања:
    200.251
    Пол:
    Женски
    @KateKane го осудија Вајнстин, на 23 години затвор.
    А за другите, се сложувам.
    Живееме во машки свет каде што правилата на однесување уште ги диктираат мажите, конците ги држат мажите, иако има голем број влијателни жени. Особено луѓето од сенка, како овие зад камерите, од кои зависи нечија кариера, а кои се служат и со смртни закани да добијат што сакаат и да поминат неказнети.

    Една од причините што девојките и жените не пријавуваат е осудата. Осудата од страна на оние што треба да ги поддржуваат, општеството, а не ретко и најблиските. Наместо општеството да се крене против ваквите гнасотии што произлегле од човечкиот род и да ги истреби, ги поддржува и охрабрува, а жртвите ги осудува. Суровата реалност, не само на Балканот, секаде. Можеше Харви Вејнстин да прави што сака, сите молчеа додека една не крена глас, после беше лесно. Можеше и Миќа Алексиќ да прави што сака уште долги години, само ќе речам секоја чест на девојката што го пријави. Никогаш не е доцна, а да се крене гласот од сам почеток, жртвите на овие предатори не би биле толку бројни.
    Најстрашното е што токму жртвите се обвинувани дека сами си го барале, обвинувани дека имаат нечиста совест и дека се неморални. Затоа и не ме чуди што молчат и кријат во себе, и потпаѓаат на себеобвинување токму затоа што истото им го прави околината, сите околу нив, со ретки исклучоци.

    Треба долга, истрајна борба против ова зло во општеството. Тешко е, ама треба да се охрабрат жртвите да зборуваат, што повеќе, што погласно, да им се даде безрезервна поддршка.
     
    На g8lQQk, Ambitious, dunika и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.875
    Допаѓања:
    170.955
    Не ми е решение затвор за силувачи, решение е како да не постојат силувачи, како воопшто да не дојде до тоа? Со повеќе жени на силни позиции можеби?:?: Дали е иста ситуацијата во родово балансирани општества:?:
    Ај да провериме како е состојбата во Исланд...8-|
     
    На g8lQQk, wildxchild и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  13. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.261
    Пол:
    Женски