Пак не ми објасни што има совеста со оформување мислење? Инску за тебе,точно, не знам, ама ти сама си кажа дека не си добра, твои зборови. За останатите со која ја водев дискусијата ги знам и веќе имам оформено мислења.
За мене не е Алиске, на пример да имаш корка леб и да ја фрлиш у канта а не му го дадеш на локалното џуки. Оф топик отиде муабетов убаво пиша Реин, требаше да се задржи темата на тие што не чуваат, зошто и кои се причините.
Чувам папагали. Две машки. Ок моите ги чуваат сега. Дм чува мачки, едната е неподвижна ама маза права. Јас сакам мачиња,здравје во план сум да вдомам едно.
Фали ме усто или ќе те раскинам. Инаку, по социјални експерименти што гледаме на тв или јутуб, па и од лични искуства, кога луѓе се онесвестуваат на сред пат или очигледно е дека им е лошо и им треба помош, од 100тина луѓе одоколу дали еден или двајца ќе помогнат и тоа после одредено време зјапање во човекот. Претпоставувам повеќето од нив имаат миленици пошто процентот е поголем од еден или два, ама види чудо, одминуваат луѓе без око да им трепне.
Какво прашање е ова? Па дури поставено како дилема, дали да се живее без детето или без кучето, сериозно?
Јас знам пак луѓе кои чуваат миленичиња и изјавуваат дека мразат луѓе и дека помеѓу човек и животно, ќе одберат да помогнат на животно, а не на човек.
https://forum.femina.mk/threads/Хранење-на-улични-животни.31837/ сакав да пишам мислење ама неќев да сум офтопик па еве тука да клам да мојт да се продолжи.
А какво мислење имате за луѓето кои не сакаат деца и не сакаат свои? Или тогаш не се прават психолошки анализи. Цел живот трчам по животни и кога можам им давам храна ама дали тоа ме прави подобра личност од некој што не го прави тоа?Не, не би рекла. И се сомневaм дека тука некој постојано донира, на секој бездомник му дава храна и секое гладно куче го храни.
Што ти воопшто пишуваш? Не реков дека сум добра или лоша, не знаеш ништо за мене, а најмалку дали имам емпатија или не.
@Bridget да точно, исто ќе направите и вие тука веројатно, исто го имам видено и у Англија и не знам на што се должи. Јас не сум одминувала и не би ни у иднина, не знам зошто е тоа така. А за оние кои чуваат миленичиња и одбираат да помогнат на животно место на човек е веројатно од причина што знаат колку уствари луѓето се ѓубриња, го сфатиле тоа откако гледаат колку животните се емпатични и не злобни. Јас општо сметам дека како вид на планетата сме ѓубриња, е сега има такви кои пробаат малку да го оправдаат сето зло кое како вид го правиме, има и такви кои мува не ги лази. @burthdaykake ама рече, буквално рече не сум добра, прочитај си го мислењето.
Не се тригерувај, не мора да раниш ни да чуваш животинче океј е. Туку насловот на темата е погрешно поставен, треба да биде луѓе што сакаат/ не сакаат миленичиња пошо не значи автоматски дека ако чуваат и си го сакаат миленикот. Свесни сме какви газди на миленици постојат.
Најсериозно Бриџо. Мислам типов ги пратил жена му и детето во стан (непознат терен, тазе породена жена) он останува во куќата со кучето. Стварно ми заличе како дилема за софтвер за АИ, ама вистинска дилема е. Мислам мене вака тип да ми напраи, знам како ќе ја решам, ама стварно ме интересираат повеќе мислења.
Тешка дилема Биљарке, и кучето е дел од семејството ама кога би дошол у таква ситуација би се потрудил да му најдам некои што навистина би го чувале. Кучето, не детето
Има повеќе опции. Доколку се појави алергија кај новороденче ,кучето треба да се даде кај близок во фамилија или пријател кој ќе ги прифати,за да може сопственикот редовно да го посетува. Но,доколку алергијата е слаба,може да остане и со тек на време ќе се намали.
Ти се тригна, неповикан. Дискусијата беше поради тоа што членката тврдеше дека тие што не ранат кучиња биле "злобни". Насловот е без врска, точно е.