Луѓе со џуџест раст

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од inimini, 31 август 2011.

  1. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    Прошетав по форумов и решив да поразговараме малку и на оваа тема и да си поделиме мислења околу тоа. Незнам дали го гледавте велики брат и дали ги видовте Ема и Милан како се прифатени ако несте виделе како се дружат со сите отворете на you tube и ке видите. Браво за сите таму. Кај нас мислам дека не се баш прифатени таквите луѓе а зашто да не бидат не се криви они. Од секогаш имало и секогаш ке има луѓе со физичка, психичка или пак комбинирана пречка.
     
  2. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Дали во вашето друштво би прифатиле луѓе со џуџест раст

    мислам дека кај нас опшеството е такво што ако некој се дружи со човек од понисок раст и него ке почнат да го гледаат чудно
    инаку јас не би имала ништо против да се дружам со такви луѓе, ако се добри по карактерот :!:
     
  3. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Дали во вашето друштво би прифатиле луѓе со џуџест раст

    јас немам прерасуди кон никакви луѓе ама баш кон никакви така да зошто не?
     
  4. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Дали во вашето друштво би прифатиле луѓе со џуџест раст

    Мене не би ми пречело, и покрај тоа што знам какви погледи ќе добијам од околината, тоа е нешто што неможе да се смени. Но до каде ќе стигнеме ако се грижиме само за тоа што мислат другите за нас? Не треба да бидеме полни со предрасуди...
    Пријателите ги бирам според карактерот, според тоа какви се одвнатре, а не според надворешниот изглед. :)
     
    На sanjaж и Trendafilka им се допаѓа ова.
  5. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Немам предрасуди кон никого ни јас, зошто да не би прифатила? И тие се луѓе, баш како што сме ние.
    За пријател е важен внатрешниот изглед, а не надворешниот.
     
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    сите сме луге(некои се нормални, некои двометраши, некои со џуџест раст)
    постојат хормони за растење(секако со одобрение од лекар кои се примаат и даваат ефекти, но не кај сите, зависи од организмот)
    во малечките шишенца се чуваат скапите парфеми, но и отровот :lol: па сега вие видете
     
  7. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Ни јас немам предрасуди кон овие луѓе. Зошто?
    Никој не сака да е толку низок ( или висок за оние со две метра и 20-30 цм) .
    Не гледам никаква причина да бидат грубо отфрлени од нормалниот живот во ова општество.
    А за луѓето да, дури не искоментираат и навредат , душа нивна. Таков им е менталитетот , што да правиме, да се смени тешко е. А да се замислат како би им било да бидат на нивно место?
     
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.819
    Допаѓања:
    122.744
    Немам предрасуди.А впрочем и сите тоа го велат.Како што немаме предтасуди кон ништо,а всушност имаме....
    Ете тоа е вистината.
    Ретко кој се дружи со нив.СЕ бираат и се дружат заедно.Мене ми е многу жал.Па не се криви они.Зар ќе ги делиме заради една висина?
    Но кај нас така е.Менталитет :fubar:
    Не се ниту манијаци,нити крадци,педофили...луѓе се.Исто како тебе,мене,оној,овој...само со пониска висина.
     
  9. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Немам причина зошто би ги одбегнувала тие луѓе.И тие се најнормални личности.Треба да ти фали многу тука :fubar: па да правиш предрасуди за таквите луѓе.Некои сме ниски,некои средни,некои високи,некои со џуџес раст,некои со огромен раст ама сите сме ЛУЃЕ!
    Т.е треба да бидеме луѓе и да ги цениме внатрешните особини на човекот,а не неговата надворешна слика. :!:
     
  10. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Ај сега сите немаме предрасуди |( а колку имаат контакт со нив . И искрено колку од нас би се дружеле со нив.. ? !

    Да не шириме морал и етика сите знаеме како би требало |( ... АМА да да секогаш има АМА состојбата е таква каква што е . Јас не се плашам од нив (зошто ги има и такви ) другарка ми полудуваше кога ќе видеше не од ремет туку навистина се плашеше .
    Колку од вас ама искрено би излегле на кафе или во дискотека со ваква личност .. ?
    Од мене ја имаат сета можна подршка и прифаќање ама не би можела дасе дружам со ваква личност . После ова најверојатно ќе бидам нападната .
    Зошто ?
    Зошто не знам ни како ќе се поставам од средината која ќе зјапа во нас , од љубопитните погледи , можни коментари , вртење со очи ко да е вонземјанин , сожалување итн ...
    Ќе ми биде непријатно а на него или неа уште понепријатно .Би помогнала како знам и умеам тоа е сигурно.
     
  11. A.d.e.l.a

    A.d.e.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    98
    јас би одела и на кафе и во дискотека и секаде и баш ми е гајле што мислат неписмените зјапачи кои од носот подалеку ништо не виделе . а и подобро да зјапаат во мене кога шетам со нормален човек само со низок раст отколку да ме покажуваат со прст кога би шетала со некоја ороспија или со некој глупак кој кога зборува малце ја криви устата џоа голем мангуп е :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
    стојам зад ова и не го пишувам колку да напишам нешто
    поздрав
     
  12. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Некој низок, некој висок, некој џуџе, некој џин мене тоа ми е сеедно. Па не е ли исто со дебели и слаби?? Баш ми е гајле дали некој ќе гледа во нас и дали ќе озборува баш сеедно ми е. Нормално ако ми одговара карактерот на човекот ќе се дружам, ако не ми одговара нема да се држам. Немам никакви предрасуди и не ми пречат луѓето со низок раст. Познавам само едно вакво девојче од мојата околина.
    Едит: Па овие луѓе не се заразни да бегаме од нив.
     
  13. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Леле девојки јас сум ептен нисчичка ама оти сум послаба не изгледам ептен џуџесто шесто одд сум и сум ниска ептен 147цм сум и ја добив првата менструација и ако пораснам максимално 8цм би били 150 и нешто...Некако ептен се одојувам од другите,некои ми имаат кажано дека сум и мила но незнам ептен се чуствувам отцапено од другите...
     
  14. no.name6

    no.name6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    57
    малечко не се секирај и јас кога бев на твои години бев како тебе па сега сум со нормална висина.Дали твоите родители се ниски? Зависи и од генетскиот фактор
     
  15. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Па да, мајка ми и татко ми се ко израмнети со турпија хД
    Мајка ми е нормална,татко ми е малце понисок бидејќи е машко нели па треба да биде поголем.Инаку имам рода и сите братучедки од еден исти бабин сој сме ниски така да...али ајде тоа нека ми биде најмал проблем
     
  16. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Постои разлика помеѓу ниски луѓе и луѓе со џуџест раст :!:
     
  17. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.347
    Херр 150 и нешто не е џуџесто, не му се секирај ти за тоа. Никој Кајли Миног не ја смета за таква а и она е толкава, со зор :)

    На темата, јас всушност се имам запознаено со човек кој има Russell-Silver синдром, RSS. ОК, во голема земја каде се сметаат луѓето како многу слободоумни, прифаќаат се, не дискриминираат демек |( , а кога влезе во ресторан сите го гледаа вака :o Под рака привлечна жена со нормален раст, и се гледаше човеков дека за да го скрие тоа дека му е незгодно од ѕверењето на луѓето, во јавност си фрла шеги сам на негова сметка. Ама ако било кој што го изгледа убаво всушност направеше два реда муабет со него, ќе видеше колку е само харизматичен, колку знае, полн со живот и смисла за хумор, ќе знаеше зошто жена му го избрала него.
     
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.364
    Допаѓања:
    77.727
    Пол:
    Женски
    Годинава во студентскиот дом каде седев имаше еден таков дечко. Јас немам ништо против нив и баш би ми било мило да се дружам со нив. Зошто висината да биде пречка за нешто? Што им фали на тие луѓе? Баш ништо. Секој е убав таков каков што е а оние што ги исмеваат се искомплексирани будали.