1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

МАКЕДОНСКИ ИДОЛ

Дискусија во 'Канта' започната од dragan4eDR, 24 ноември 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Македонски Идол е името под кое за прв пат во македонска продукција ќе се одржува најгледаното музичко шоу во светот Идол. Македонија конечно ја доби лиценцата за продуцирање на шоуто кое секоја недела привлекува милиони гледачи пред малите екрани.

    Кон крајот на летото започнуваат аудициите низ повеќето градови на земјата. Младите музички таленти конечно ќе ја добијат вистинската шанса да се покажат пред публиката. Тричленото жири кое ќе одлучува кој ќе влезе во полуфинале, се уште се држи во тајност.

    Гласовите на гледачите ќе одлучуваат секоја недела кој кандидат ќе ќе отпадне, а кој ќе продолжи во големото финале и ќе биде првиот Македонски Идол.

    Иако досега неколку наши пејачи учествуваа во ова шоу во соседните земји, сепак ова е прва вистинска шанса македонските таленти да се пријават на Македонски Идол.

    Пред неколку години младата Ноне Неделковска влегува во финалето на српскиот Идол, а лани Мјузик Идол во Бугарија го одбележаа нашите машки вокали Бојан Стојков, Александар Тарабунов и Дарко Илиевски.

    Шоуто Поп Идол прв пат се емитуваше на 5 октомври 2001 година и е дело на контроверзниот британски телевизиски и музички продуцент Сајмон Ковел.

    Шоуто набрзо станува едно од најгледаните во светот, а верзии на Идол се создаваат во 42 земји низ целиот свет. Кели Кларксон, Џенифер Хадсон, Адам Ламберт сега светски познати благодарение на Американскиот Идол.

    македонски идол има секоја сабота во 20 часот
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.984
    Пол:
    Женски
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.