Па јас не кажав дека Врчаковски оперира туку дека беше директор на одборот за дозвола друг доктор од Странство да оперира тука.
Ај некој што по се разбира ако знае да ми каже, дали има разлика во квалитетот на снимањето меѓу магнетна резонанца од отворен и затворен тип ? Фала
Да, има разлика. Магнетна од затворен тип нуди поквалитетна слика, а од отворен тип магнетна е за луѓе кои патат од клаустрофобија или се полнички, но генералниот квалитет на слика е подобар кај магнетната од затворен тип
Дечки колку чини магнетна на рбетен столб во државна болница? Колку трае снимањето? Уште од сега се спремам психички, не знам како ќе издржам
околу 700 - 900 ден најмногу за 15 мин е готово се ништо не е страшно не се плаши баш не е страшно коа може мали деца да издржат можеш и ти без никаков проблем
Фала ти на одговорот Се имам еднаш снимано на хипофизата, и ми се виде бајаги језиво, едвај издржав бидејќи сум анксиозна, ама и сега ќе издржам некако
језиво е оти е ладно и бучи машината ништо друго не се стресирај без потребно ,запомни дека тоа е апарат и ништо повеке машина и дека тоа е за твое здравје ништо не е страшно
Јас сум седум пати снимена на магнетна резонанца хипофизата ми ја снимаа оти се ширеше првите три пати и кога легнував да ме снимаат си мислев на нешто убаво и ги одалечував мислите од тоа дека сум во затворен простор сега последен пат ме снимаа во Штип на 22 април и платив 900 ден
За рбетен столб плати 900? Или општо за магнетна што и да снимаш е иста цената? Јас пред две години ја снимав хипофизата, сега прашував за рбетен столб, морам да се снимам поради болка во кичмата... Ќе издржам некако, ќе стиснам заби, тоа е...
Дечки колку време се чека за закажување магнетна резонанца наа рбет во државна Маж ми бил кај др. толовски имал некој проблем со рбетот му се појавуваат болки јаки е сеа според вас подобро е да се снима кај докторов или државна?
Е свашта. Зошто не праќаат на обичниот ренген ондак кога не е меродавен? Ем трошок плус ем малтретирање. 2 недели едвај одев а ренгенот покажа перфектна снимка. Дури не се ни потрудија на магнетна да ме пратат, ништо не ти е, одмарај.
кај внук ми еве пред два месеца обичниот ртг покажа се во ред.Магнетот покажа скинати тетиви поради кои ке се оперира