1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Магнетна резонанца

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од renata76, 3 ноември 2010.

  1. Aneta92

    Aneta92 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2016
    Пораки:
    551
    Допаѓања:
    2.828
    Пол:
    Женски
    Дали некој бил на магнетна резонанца на глава во ре-медика во струмица? Многу голема има разлика во цените од ре-медика до систина и жан митрев.
     
  2. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Види ако има слика или ако пишува како се вика апаратот. Во Скопје скоро сегде во приватните има од отворениот апарат за магнетна резонанца, а цените секаде се различни исто и ако можеш да дознаеш кој го чита резултатот (кој ќе ти го пишува резултатот).
     
  3. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.150
    Допаѓања:
    168.757
    Пол:
    Женски
    Да
    Мм стално праќа пациенти таму.
    Во Турција ги читаат снимките
    Утредента имаш резз.
    Нема никакви поплаки до сега.
    А цената е скоро на пола
     
    На Mrs. Lovett му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Zorica59

    Zorica59 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2019
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Naj eftino e vo petrovec skoje 7500 a kakva NE znam ..eurohospita mislm
     
  5. Волшебникот

    Волшебникот Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2018
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    Рентген-компјутер е поштетно. Јас на 7-8год во 2008 праев магнетна на државна во СК, страв огромен. Влегуваш во тоа тунелот, ти ставаат шлем како космонаут и ми рекоја сега мисли си дека леташ, а внатре сето жици, кабли, бело, тоа плочките во собата морничави, темна собата, ама дете ко дете се плашев и знам мајками и таткоми ме држеа за рака... И сега да одам ќе одам со страв.. :D(facepalm)
     
    На FancyCinderellla му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.200
    Пол:
    Женски
    Mene mnogu mi pomagase koga me snimaa sto gi odalecuvav mislite ne mislev na snimanjeto tuku na nesto drugo i nemav maka dosega me imaat snimano 6 pati na magnetna rezonanca
     
  7. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.495
    Допаѓања:
    41.643
    Пол:
    Женски
    Сакам да правам кт на абдомен и бели дробови. Се јавив мегамед прават ама само со контраст. Пред две години правев неколку снимања, од контрастот имав како нус појави после ден два. Лошење, тресење на цело тело, повраќање, страшно беше. На алерго тестот ми покажа дека нема реакција. Од мегамед ми рекоа мора со контраст за убаво нели се да се види и во ваква ситуација да барам во некоја од клиниките да сум видела таму со анестезиолози нешто. Што да правам не знам. Ми е страв со контраст, за на клиника додека да биде ќе поминат месеци, а без контраст би имало ли бар малку прегледност да се види дали е се ок или нема да е веродостојно?
     
  8. Zoran_esm

    Zoran_esm Нов член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2020
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Дали некој знае дали и каде снимаат луѓе на магнетната резонанса со поголема телесна тежина , над 150 кг.,зошто секаде каде што прашавме ни кажаа магнетната резонанса е со капацитет до 120 кг.
    Благодарам однапред.
     
  9. Lesni2Niko

    Lesni2Niko Нов член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Машки
    Здраво на сите, ја користам оваа прилика за да ви споделам мои лични искуства и совети околу снимањето со магнетна резонанца, од причина што сум сниман 7 пати, а за некој ден и 8-ми.

    Најпрвин, би сакал да ја демистифицирам вечната догма дека снимањето со МР е штетно на било кој начин, бидејќи не користи јонизирачко зрачење (кое е присутно при рентгенските снимања и Компјутерската томографија), туку напротив, овој тип на снимање ја користи водата која е присутна во нашето тело, која процентуално е застапена околу 70 %, односно ги користи протоните на водородните атоми, кои ротираат околу својата оска и притоа оваа ротација се нарекува магнетен спин.

    Единствена рестрикција за снимање има кај пациенти кои што имаат некаков вид на метал во нив (и во овој случај се имплементира Компјутерска томографија). Штетното кај МР е да не се претера со контрасниот агенс (најчесто хемиско соединение на база на Гадолиниум, чија цел е да го забрза целиот процес на временската релаксација, со чија помош се добиваат поинтензивни сигнали на снимките), бидејќи овој контрасен агенс се таложи во мозокот, а и не се препорачува кај пациенти со дисфункција на бубрезите), но сепак овој контраст се дава во многу мали количини.

    Самото снимање со МР е крајно безболно и безбедно, единствено што треба да правите е да лежите најмирно што можете, со цел да се добијат што е можно побистри снимки. "Незгодното" e само што машината бучи при снимањето, но сепак, влезете на снимање со состојба на умот дека сето ова вие го правите за ваше добро, и тогаш се ќе биде подобро од перфектно!

    Снимањето кај МР се врши со радиобранови, со чија помош се создава електромагнетно поле и притоа протоните на водорот се усогласуваат со насоката на магнетното поле, но не сите протони! Оние протони кои не се усогласени со насоката на магнетното поле, дополнително се насочуваат со помош на радиобранови емитирани од страна на скенерот, притоа овие фотони кои се носители на електромагнетното дејство ги усогласуваат протоните во насока на магнетно поле. При прекин на емисијата на радиобрановите од страна на скенерот, овие протони кои дополнително се насочени во насока на магнетното поле, полека се враќаат во првобитната насока за определено време - кое време се нарекува ВРЕМЕНСКА РЕЛАКСАЦИЈА. При оваа ВРЕМЕНСКА РЕЛАКСАЦИЈА, се емитува енергија која е детектирана од страна на скенерот, каде што со помош на сложени алгоритми се добива визуализација на деловите од нашето тело.

    Постојат 2 типа на апарати за снимање со магнетна резонанца, и тоа:

    - отворен тип (крајно инфериорен во однос на снимките МР од затворен тип, бидејќи користи послабо магнетно поле кое е со јачина до 0.35 Тесла, но има предност кај краустрофобични пациенти, и кај нас магнетна резонанца од отворен тип е застапена во рентген "Толовски" , "Мед-Икс", и "Ре-медика" во Струмица, а цените им котираат околу 7.000 денари).

    - затворен тип (многу супериорен тип за снимање и значително подобар квалитет на снимките, во Скопје застапени се апарати за снимање со јачина на Магнетното поле од 1.5 Тесла во Жан Митрев (цената е околу 14.000 нативна 18.000 со контраст), Еуроиталија (7500 денари некаде нативна), Мегамед (9.000 денари нативна, 12.000 со контраст), Неуромедика, (околу 18.000 денари некаде беше некаде цената), и Систина, кои имаат апарати и од 1.5 и од 3 Тесла, а цените за 3 Тесла МР котира од 19.000 нативна до 25.500 со контраст.

    Јас најискрено би ви ги препорачал д-р. Ѓорѓи Дамјановски од "Мегамед" и д-р. Душко Михајлоски од "Аџибадем Систина" како врвни радиолози професионалци во својата работа.

    Сепак од мое субјективно искуство, секогаш преферирам снимањето да биде со МР од затворен тип, бидејќи сепак се работи за посериозна инвестиција и МР е еден од најкруцијалните резултати. Радиолошките снимки се првото домино во целиот процес, па подобро да се вложи во 1.5 или 3Т МР и да нема никакво промашување, отколку да се имплементира старата народна "Сиромавиот два пати плаќа", и да има погрешна дијагноза базирана на инфериорни снимки. Разликата помеѓу 1.5 и 3 Т магнет котира во однос за делот од телото кој што се снима, така што за некои делови за снимање нема сигнификанто значење ако се врши снимање со 3 Т магнет, така што за оваа проблематика ви препорачувам консултација со самиот радиолог. Кога јас би морал да бирам, би одел со 3 Т магнет, од причина што се добива квалитет, а единствен опортунитетен трошок се финансиските средства, а самото здравје - нема цена!

    Ви посакувам на сите да останете живи и здрави и да продолжите во вашиот долг и макотрпен поход, бидејќи само вие вие сте иницијалната каписла за сите ваши успеси!
     
    На BigGiantHead, Anie93, Пријава и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Далија

    Далија Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    127
    Пол:
    Женски
    Kolku cini magnetna rezonanca na racen zglob i shaka i dali nekoj od vas pravel?
    Postapkata za da stignes do magnetna na drzavno e da napravis prvo Rentgen snimka, da zakazes na ortoped i posle ortopedot da te preprati na magnetna dokolku ima potreba za toa.
    Cena za privatno i drzavno koj znae.Vi blagodaram
     
  11. Simonke

    Simonke Нов член

    Се зачлени на:
    10 март 2020
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво сакам да ве прашам бидејки докторката вели не е страшно ама незнам.
    Пред една недела правев компјутерска томографија на абдомен и за време на снимањето кога го пуштија контрастот ми рекоа да земам воздух да не дишам и во моментот се збунив и земав воздух преку уста така повеке. Не осетив ништо во моментот ама еве една недела мина осеќам уште како печење во грлото, сушење не ми смета во ништо ама ми ствара паника. Докторката вика дека не е страшно дека ми го исушило грлото топлото да не се плашам. Ве молам за мислење ако некој знае. Благодарам.
     
  12. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.435
    Пол:
    Машки
    Дали можеби некој на форумов знае да толкува снимки од магнетна? Докторот ми рече 'ништо немаш' а јас и понатаму имам тегоби.
     
  13. veli4ekate

    veli4ekate Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    547
    Пол:
    Женски
    kde poeftino ovaa snimanje da go naprabime
     
  14. veli4ekate

    veli4ekate Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    547
    Пол:
    Женски
    20200413_142823.jpg
     

    Прикачени фајлови:

  15. LoveRain

    LoveRain Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    1.400
    Пол:
    Женски
    Може ли некој да ми препорача каде да правам магнетна резонанса на глава во Скопје, а да не е многу скапо?
     
  16. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    377
    Мислам дека најевтино е кај Толовски, 7000 денари.
     
    На LoveRain му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LoveRain

    LoveRain Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    1.400
    Пол:
    Женски
    А во државна болница колку е?
     
  18. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    377
    Не знам, сигурно не е скапо воопшто ама ќе се изначекаш ред, со месеци.
     
    На LoveRain му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Pixi5

    Pixi5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2020
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Искуство со магнетна на хипофиза на клиника?
     
  20. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.200
    Пол:
    Женски
    Jas pravev pred nekolku god naklinika mr na hipofiza I treba da si gladna koga ke te snimat inace jas lani go stip za mr na hipofizata plativ900 den
     
    На Pixi5 му/ѝ се допаѓа ова.