Здраво, сакав да ве прашам, дали знаете каде има државно отворена магнетна резонанца? Потребна ми е отворена ради тежината и ширината а приватните се навистина скапи. Ми треба да направам што побрзо за најверојатна дискус хернија. Секоја информација е добродојдена.
Дали некој бил на невролог во Неуромедика? Дали ако закажам преглед и ако има потреба од магнетна ќе ми ја направат одма или ќе треба да чекам друг термин? Истото ако знае некој и за Систина
Читав тука мислења и најопуштено си отидов. Се спремам јас за снимање, во ходник и звуците се слушаа, смешно ми беше. Влегувам внатре, ми објаснуваат дека снимањето ќе трае половина час. Аман си викам, се кај мене мора да е нешто најдолго. И легнувам, ме врзуваат двајца, ми ставаат пернички по рацете, леле кога видов колку е тесен просторот и дека таму треба да лежам половина час, и врзана без најмало поместување, ми се слоши. Најмногу од тесниот простор, фобија имам од тоа. И не можев да си помогнам, избегав ко мало дете. Ми се чуди мајка ми, обично храбра сум била за вакви работи. Не знам што да правам, веројатно некој Хелекс ќе треба да испијам за првпат во животот пред да отидам пак. Ужас!
И мене ми беше страшно снимањето со магнетна. Одвај додржав да не се одерам: Кочи мајсторе, сакам да слезам Чукни еден хелекс.
Се издржва бе... не се опседнувај сеа, да не развиеш анксиозност без веза Напиј се хелекс, победи го стравот, докажи на себе дека можеш. Ќе се осеќаш поубо за себе. Ова од искуство.
Zdravo devojki. Treba da pravam magnetna na hipofiza. Me kazaa deka treba da bidam gladna. Dali toa podrazbira da ne se pie ni tecnost ili samo hrana da ne se vnesuva? Pregledot ke bide na klinika. Slucajno da ne baraat i pcr test?
Здраво да ве прашам дали некој од вас има искусатво со магнетна на глава и цервикален рбет во Поликлиника Чаир? Колку време трае целиот процес, дали е со контраст или без, колку чини и сл?
Дали може да се отиде на магнетна на клиника без упат од специјалист? Дали може матичен гинеколог да ми даде упат?
Не не може мора специјалист,и јас чекам изгледа ке дочекам.Бев на ортопед ми треба упат за мр на кичма ама нема ниеден термин.Што ке се прави не знам и еве ме со болки и апчиња си седам
Здраво. Мојата мајка веке подолго време има главоболка. Пред два месеца правеше КТ на глава и се беше во ред но таа не е сигурна мисли дека има тумор па закажавме и магнетна. Дали има шанси магнетната да покаже нешто
здраво, дали некој ако знае мозе да ми казе колку чини магнетна резонанца на хипофиза со контраст кај др. толовски,фала
На синчето (8месеци) треба да му ја снимаме главата. Ве молам ако некој има искуство со толку мали деца и каде е најдобро на приватно ?
Искуство со толку мали дечиња немам, но би ви препорачала да одите во Систина, точно поскапо е ама ги имаат најдобрите магнети и најдобрите доктори, сепак за бебче се работи.
Ќерка ми ја снимаа во државна имаше 3 месеци ама ние лежевме во државна. Сега треба пак да ја снимаме па се мислам за Систина бидејќи првата снимка не била сигурна па требало сега пак а мислам дека е штетна МР.