Zdravo Sakam da Ve prasam, da mi preporacate kade e najdobro za snimanje i doktor za citanje na magnetnata, drzavno ili privatno. Blagodaram odnapred
Магнетна резонанца е најпрецизна дијагностика и не зрачи за разлика од томографија и ренген. Јас се имам снимано двапати колено и кичма во лумбален дел. Ако се снимате на приватно немојте никако да се снимате кај некои локалци каде цените се ниски и да се излажете еве зошто: 1. Тие магнетни се со јачини под 1.5 Т и од доктор од странство што ми има кажано не се гледа ништо. 2. Ќе ви ја утнат дијагнозата не само ради слабиот апарат него и зашто немаат врска не се професионални и сериозни. Магнет во Скопје на приватно ви препорачувам само во големите болници кајшто имаат јак кадар и магнети со 1.5 и 3 тесла. Препорачувам Неуромедика кај др. Врчаковски најдобар радиодијагностичар за кичма и глава. После Систина и Жан Митрев за било какво снимање на магнет на пример зглобови тие се со најдобар кадар и најјаки апарати и затоа се најскапи. Можете и во италијанската приватна болница во Петровец Еуроиталија таму имаат исто јак апарат 1.5 Тесла и цената е пониска од другите со иста јачина. Немојте во никој случај да се лажете со снимање за ефтини пари ако одите на приватно. Зашто ќе се снимате двапати и на крај може ќе платите и поскапо.
Vrcakovski doaga i vo strumica vo drzavnata bolnica da gi cita snimkite od mr toa so sigurnost go znam oti on mi ja snimase prethodno nekolku pati hipofizata na mr na klinikata za radiologija
Уште еднаш да напоменам за магнетна резонанца. Се работи за снимање на кое освен коските, се гледаат меките ткива што се и најважи структури што не е случај со ренген. Значи меки ткива. На пример Мозок во глава, дискови во кичма - вратен, торакален и лумбалносакрален дел. После тоа во зглобови тетиви, лигаменти и рскавици на пример во колено, колк или рамо. Сите тие се меки ткива. Во абдомен се дава целосен приказ и на шупливите органи што не се гледаат ни на ехо, како дебело црево и желудник плус сите останати органи. За жал во нашава земја поради високите цени за приватни снимања постои голема неукост на оваа тема и се гледа како луксуз ова снимање. Пример ако имате проблем со болки во кичма или колено се препорачува само магнет, ренген нема врска ништо да покаже. Друга и најважна работа што ја пишав погоре е квалитетот на снимка. Во Скопје одредени локалци имаат застарена апаратура со ниска јачина под 1.5 Тесла, и ја рекламираат дека била отворен тип што во пракса е лага за неукост поради квалитетот и цената. Затворен тип е многу поквалитетна и подобра опрема и само ова се препорачува. Зависно од што ќе снимате на пример во странство ако е колено не се влегува со глава во целиот отвор туку само долните екстремитети влагаат или тука кај нас ако снимате половина обично главата ви е излезена надвор од тунелот што е полесно за тој што се снима. Поранешните магнети не вклучуваа ни цд или овие со слаба јачина што уште потешко се дијагностицира на обична пластична снимка.
Таму во Чаир во поликлиника има магнетна резонанца и знам пријатели што од ортопедија им беше даден упат за таму. За јачината не знам ама ти препорачувам да го прашаш специјалистот затоа што ако е слаба магнетната можр да ти ја промашат дијагнозата и да треба да се снимаш двапати. А знам дека на радиологија набавија два нови јачини од 3 Т што дијагностицира и најрани проблеми во најситни детали таков има на приватно само во Систина.
Дали треба да си гладен и жеден за време на магнетна резонанца на хипофиза и колку време трае снимањето?
Opusti se misli na nesto drugo jas 7 pati sum snimena na magnetna rezonanca 7 pati ja imam snimano hipofizata ja pratat oti mi se adenohipofizata dr nekni na 22 Feb me pratija bev I na nevrohirurgija za nea ama odtamu mi rekoa samo za 1 god kontrola da napravam novi snimki na mr nisto drugo ne kazaa
Супер поминав, кратко траеше околу 20 мин. Резултатите за 10 дена. Се изненадив на Радиологија, нов, најсовремен апарат.
Нови апарати имаат и тоа три ми се чини ама не кажуваат зошто толку се чека за термини со месеци. Ако ништо друго мој термин страната е јавно достапна и убаво се гледа дека се им е пополнето