Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Магнетна резонанца

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од renata76, 3 ноември 2010.

  1. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    Мислам дека терапијата со Бромергон не е грешка (за ана -банана), и јас сум пиела такви, меѓутоа што се однесува до снимањето за пролактинот (за Рузмаринка), сигурно се препорачува заради хормоните, да се види убаво дали е проблемот во главата или не... јас барем мислам дека е така, оти и јас заради хормоните ме тераа на магнетна,за да можат после слободно да ти пишат терапија,

    и да ви кажам дека М.Р. ја направив кај Толовски, 7500 денари ме кошташе без контраст, бидејќи немаше потреба од тоа, самиот доктор ќе ти каже...
    среќа
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  2. angelu

    angelu Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Магнетна резонанца во Битола ќе ве чини 7,500 ден,но не е се во снимањето,туку во читањето на снимките,а во Дијагностички Центар Св.Спас Битола снимките ги чита Докторка која е едуцирана во Англија.Контакт за во тој центар можете да најдете на мејл.www.dcsvetispas.com.mk или на тел 047/237 379. :call:
     
  3. ruzmarinka

    ruzmarinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    137

    бромергонот и јас го пијам.Случајно на гениколошки преглед поради каснење на менструација ми се сврте во главата и докторката се посомнева дека може би ми е покачен пролактинот и така се откри,а јас мислев дека сум анемична.Почнав со бромергон,по 2 месеци пролактинот се среди, :( ми ја намали дозата и стана многу полошо.Од вртоглавици не можев да станам од кревет а не пак да одам на магнетна.Сега се среди малце и следната недела ке мора да одам на магнета.Па ке видим што е,иако паника ме фака од овие вртоглавици. :( :(
     
  4. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    47.998
    Пол:
    Женски
    Рузмаринка и Ана Банана

    Постои замена за бромергон,Dostinex-грчки лекови се, кои не покажуваат вакви негативни појави како при терапија со Бромергон.И овие лекови се инхибитори на пролактин и се пијат на секои 4 дена по една таблета.Прашај го твојот гинеколог сигурно ги знае.Ги имаше порано во Виола,но единствена маана е што се малку поскапи(Околу 2000 ден-4 аблети).Бромергонот има многу лоши ефекти,а за овие гарантирам сум ги пиела,немаат НУС појави.
    Обавезно консултирајте лекар,пред употреба(доколку се решите).
     
  5. ruzmarinka

    ruzmarinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    137
    Вртоглавиците ми се појавија пред да почнам со бромергонот.Кога почнав да го пијам се средија,а кога се намали дозата вртоглавиците пак се појавија.Значи не се од бромергонот.А за несакани ефекти знам дека има многу.Мене притисокот ептен ми го снижуваат плус вртоглавиците......
     
  6. Tabi

    Tabi Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    7
    девојки гледам дека темата е друга ама јас видов дека повеќе од вас пишале дека пијат бромергон. Пролактинот ми е покачен и ми ги препишаа и мене ама ме предупредија дека се тешки и јаки. Страв ми е да не ми отворат апетит и да се направам прасееее. Хеееееелп!!!
     
  7. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    Магнетна резонаца на хипофиза секогаш се прави со контраст, а тоа воопшто не е опасно и не трреба да те плаши, во вена во раката ти ставаат. Контрастот слижи за да ја "обои" хипофизата, таа нема крвни садови и со контрастот убаво може да се види секоја нејзина промена. Резултатите од магнетна на хипофиза секогаш ги чита Проф.Д-р Врчаковски... кој е најдобар во тоа ... :)
     
    На Saraa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    Далеку од тоа дека погрешно те лечат, кога некој од хормоните кои ги лачи хипофизата се покачени( се дознава преку крвта) или се во врска со хипофизата, ( се смета дека хипофизата претставува "диригент" на сите други жлезди со внатрешно лачење, т.е се под нејзино раководство), тогаш се претпоставува дека има некои промени на хипофизата, аденом на хипофиза.Туку да не ве бунам и плашам, ако има аденом и ако е тој причина за покачувањето на хормонот, се дознава само со магнетна... е сега ако аденомот е мал не е страшно,,, може со лекови, бромергон,, достинекс... но ако аденомот е голем над 5 мм тогаш има други начини на лекување.... да не должам не е лоша магнетната резонанца ако таа решава некој поголем проблем.... мој совет направи магнет...позз
     
  9. yes

    yes Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    18
    Јас сум снимана на магнет најмалку 10 пати,тоа е најнештетното снимање (мислам за разлика од другите снимања) и поради тоа е и толку скапо а и се чека долго.Малку е непријатно кога ке ве внеста во апаратот за да ве снимаат,бидејки е малку тесно а меѓудругото и многу бучи,ама не сте мали деца,ке издржите...
    Извинете што ви се обратив вака,ама што се мора се мора...
    Поздрав :hai:
     
  10. ruzmarinka

    ruzmarinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    137
    Ете бев на магнетна резонанца и...аденом на хипофиза 7мм.
    Препорака на др Врчаковски беше под хитно да одам на ендокринолог да ги проверам хормоните.
    А контрастот не успеаа да ми го стават не можеа да ми најдат вена.
     
  11. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    :hug: Се ќе биде во ред ... кажи што ќе ти кажат и кај кој ендокринолог си била....
     
  12. euforia

    euforia Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Zdravo,na 11 treba da pravam magnentna rezonansa na hipofiza radi visok prolaktin,me interesira dokolku moze nekoj da mi kaze dali e steten samiot proces i dali mora dase vrsi so kontrast odnapred vi blagodaram na site.

    [mod-kirilica:29iui756][/mod-kirilica:29iui756]
     
  13. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    дали има магнента резонанца случајно во приватната клиника систина во скопје?
     
  14. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    го најдов одговорот да не се мачиме има во систина и е над 11000денари овие не се нормални :o
     
  15. Lizza

    Lizza Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    17
    Вака сега. Имам едно прашање но не знаев во кој тема да го сместам, мислам дека не погрешив.
    Се работи за мајка ми, од левата града има исцедок како кафеавкаста течност, докторот рече дека тоа било некоја течност помешана со крв, пред некој ден се сними, ја испративме течноста на испитување и резултатите беа дека нема присуство на малигни клетки. Е сега прашањето ми беше, дали некој знае дали овие симптоми укажуваат на тумор и дали треба да се прави магнетна резонанца, докторот ни препорача МР, меѓутоа скапо е, на приватно е 11 600 ден. Ние сепак ќе се консултираме со доктор, но сакав да знам дали имал некој вакво слично искуство???
     
  16. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    29.307
    Пол:
    Женски
    Треба да одам на магнетна резонанца на главата поради големи мигренозни болки и несвестици, ама многу ми е страв бидејќи сум клаустрофобична, а ќе морам да го направам прегледот.Да не знае некој случајно колку време би траело одприлика?
     
  17. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153
    Дали знае некој колку пари е да се напрај магнетна резонса во систина и за читање...ве молам многу ми е важно.Фала ви однапред
     
  18. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153
    Ве молам ако не некој има искуство ок Свети Спас клиниката во битола да ми одговори,за во однос на читање на резултатите...колку пари е точно,знам дека во Неуромедика е 6000 денари ама мислам дека во свети спас е поскапо ама важно ми е некој да ми ги прочита точно резултатите...да ми постави дијагноза...имам проблеми со нервот на главата и постојано ми игра бев на очно во охрид и ми рекоја дека окото ми е ок дека од нешто друго така ми се прај...в крај паничам не знам шо можи да имам... :( :(
     
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    И јас правев МР на главата, и тоа често одев затоа што мораше да правам редовни прегледи.
    А и јас сум клаустрофобична, ама после 3-4 преглед некако навикнав да се контролирам.
    Проблем ми беше тоа што во просторијата беше ладно, а јас морав да лежам сосема мирно за снимките да бидат успешни. Апаратот брчеше како трактор и мене тоа ми беше многу смешно, а не смеев да се смеам. :lol: Со оглед на тоа дека треба да правиш преглед на главата, не би требало да имаш проблем, затоа што во „прстенот“ ќе влезеш само со главата, не со цело тело. Така што, ќе можеш да ја смириш таа клаустрофобична жичка :) Инаку прегледот трае 5-6 минути.
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Имам микро аденом на хипофизата првиот пат кога ме снимаа на магнетна резонанца на извештајот пишуваше не поголем од 4мм, од таму ме испратија на ендокринолог, ми ги проверија хормоните и човекот ме испрати да ми направат периметрија на очи, периметријата покажува дали е оштетено видното поле и ако е колку е оштетено. Ендокринологот ми рече дека морам на секои 3 месеци да ги следам хормоните, и кон тоа се придржувам. По една година повторно ме снимаа на МР и во извештајот пишуваше микро аденом со големина од 6мм, кога бев кај ендокринологот ми рече дека ќе видиме како ќе бидат наредните резултати и ако повторно е порастен ке требада ме оперираат...не ми дадоа никакви таблети ми рече дека немало потреба од Бромергон...па еве во фецруари ми е закажана МР па ќе видам шо ќе излезе само ме интересира дали веќе микро аденомот со големина од 6мм мора да се оперира??????