Мислам дека беше накај 20тина минути. Со контраст или без? Ако е со контраст, ќе дојдат негде на средина да те боцнат во вена и пак ќе те снимаат. Само немој да отвораш очи. Затвори ги уште кога ќе те легнат, и пеј некоја песна или решавај задачи. Доста гласно е, со звуци и дрмање, да знаеш што да очекуваш.
Колку време трае зависи од јачината на апаратот и што се снима со новите брзината е голема и просторот во натре е многу поширок.
Мислам дека сама треба да си во просторијата. Еееи не би знаела да ти кажам до кај влегуваш, ти викам што ме легнат затварам очи. Не е ништо страшно, само затвори си очи, случајно да не ти стане клаустрофобично. За звуциве и дрмањето ти кажувам да ги очекуваш за да не те фатат неспремна па да мрдаш.
На деца како им даваат родители да влагаат со нив? Не знам зашо да не смее друг да влезе, нели нема јонизирачко зрачење и не е штетно? И дрма ли чудово? Стварно најзаебана дијагностичка процедура е ова, шо дека не е болна, коа е ептен непријатна.
Глупости кажуваш бидејќи сите останати снимања имаат зрачење. Единствен проблем е што е луксузно снимањето и недостапно за огромен број луѓе тука.
Леле ќути. Брат ми ко дете се снимаше, мозок, мајка ми со него била и толку трауматично го доживеа, уште има фобија од зборот само па и ја иам фобија, иако не сум била. Прегласни звуци имало, за тресење не знам, нејќеше многу да збори шо како, се вознемири ептен. Ај, сеа користат понова технологија, може и помалку да трае, да не бучи толку плус и како што викаат поширок е апаратот и би требало поудобно да му е на пациентот. Ќе издржиш, без гајле. Зошо глупости? Не реков од аспект на корисност и полезност во однос на добивање на клиничка слика, секако дека најсупериона технологија е за откривање и следење на најразлични заболувања, мислев од аспект на тоа што е неудобно, што може да им напраи паники на луѓе, вознемиреност посебно ако се клаустрофобични или осетливи на бучава. Од луѓе што ги знам, ниту еден не рекол дека е пријатно искуство ама јбг за здравје се работи па ќе се издржи.
Луксуз е зошто напредува технологијата новите магнетни од 3 Т се со големи отвори и многу се брзи и сликите се уште подетални. Е сега замисли колку би чинело тоа на приватно што кај нас такви има два во клиника и еден на приватно....
Епа нормално, у Систина кошта ѓавол ипол, а на клиника никад термин нема да се најде освен со врски секако и така ако чоек има потреба, сакал нејќел, ќе лупне иљада и кусур евра, не знам точно колку се. Од шо ни е здравството никакво и џабе плаќаме здравствено осигурување.
Јас мислам дека темиве се повеќе за медицината здравјето и технологијата во медицината отколку за се останато секојдневие.
Ок, како ќе кажеш. Инаку и здравјето нели е дел од секојдневието на еден човек па затоа ни е потребна медицината и примена на технологии во медицината. Рече и сам дека е луксуз користењето на конкретнава технологија па не можам, а да не се надоврзам за нашето скапано здравство кое е криво што дијагностика која е клучна за утврдување на тоа каква ни е состојбата во организмот, да биде луксуз. Ај да не идам оф топик повеќе.
Здраво да прашам дали има некоја правено магнетна на рбет во мед-х драчево или диагностички центар охрид? И дали се добри снимките, мислење... ви благодарам
Да се надоврзам. Ептен ни е скапано здравството. На мајка ми и правевме магнет во приватна болница, 18.000 ден и открија крварење. Итно ја носиме на клиника. Др.таму ни вика, среќа што сте правеле приватно, на нашиот вакво крварење дури по месец дена се покажува. Иако и приватното има куп недостатоци, крвопии
Какви се пациентите такво е здравството. Не се докторите врвот на пирамидата свеста мислам дека почнува од доле ако веќе се зборува за корупцијата на теми на што треба да се зборува за медицината. Синџирот на тоа кој како да мине преку другиот ќе го фрустрира истиот тој што вториот или третиот пат нема да може да мине. Многу доктори се кривично гонети за поткуп додека тие што нудат секако се по разни основи не се гонети. Мислам дека треба да стои темата за медицината и општо здравје.
Мислам дека темата е за медицина здравје и технологија, ако имаш нешто со тоа повели во спротивно навистина пишуваш глупости.