Јас треба да правам магнетна целосна, правев одамна едвај со сила. Но, ептен сум сензитивна на такви ненадејни и гласни звуци, а од тогаш и ми се појави некаква клаустрофобија и не можам никако да се наканам да одам. Дозволуваат?
Јас го преживеав магнетот на глава, некако. Кажав никад не сакам да се вратам таму ама јбг, во понеделник пак ќе одам. Туку, претходниот пат бев примена во болница па они ми го заверуваа упатот и ич не се испозамарав. Знае некој да ми објасни кај да заверам точно упат на Државна клиника затоа што терминот ми е во 8 саат, да не се акам низ клиники? Фала ви
baram termini za magnetna rezonanca na drzavno nivo ,momentalno samo ima bitola ama so zolto e i pisuva termin so ogranicuvanje , JZU Klinicka bolnica Dr Trifun Panovski nekoj da kaze iskustvo i kvalitetot na magnetnata rezonanca
Здраво, на мајка ми онкологот и даде упат за на 5 јануари да прави магнет на главата на Радиологија. Прашањето ми е дали во истиот ден би ја снимале или таму на шалтер даваат нов термин од нив? Ви благодарам.
Истиот ден. Има ли час во колку треба да биде таму? @Dark-Lady Жан Митрев или Мегамед Др. Дамјановски радиолог
Да во 16 часот пишува на упатот. Значи да бидеме подготвени за снимање, супер. Дали треба некоја претходна подготовка? Јас правев пред 3 години и не се сеќавам дали требаше да бидеш гладен или не.
Да, треба да е гладна ако е со контраст. Метални работи да нема на неа. Со лесно, се да биде во ред дај Боже
Дали знаете во Систина дали уште има попуст на магнет за викенд? Или ако има некој информација колку е магнет на глава?
Девојчиња дали упатот за магнет издаден од специјалист важи 30 дена или важи само во тековниот медец кога е издаден? Имам упат издаден на 18.12 од Онколог, а снимањето е на 05.01.
Како мислиш? Ако имаш закажан термин, нема врска колку е важноста. Туку да прашам, дали за снимање сметаат метални коронки?