Значи мене одамна ми е покачен пролактинот и се симнува по малку со бромергонот, но пак не доаѓа во граници. Сега на последната контрола кај ендокринологот ме испрати да направам магнетна на хипофизата. Може ли некој да ми го опише целиот процес? Што е со тој контраст што се става? Имам многу проблематични вени . А и голем паничар сум и имам фобија од игли . Плус ми е страв и од тесна просторија и стварно паника ме фаќа. Магнетната ќе ја правам во државна болница. Е сега има и друго нешто што ме буни. Закажана ми е во април и тоа во 15.15 часот. На ливчето кое ми го дадоа со датумот и часот ми пишува ГЛАДНА, значи јас ќе треба да бидам гладна. Е сега тоа значи дека од претходниот ден не треба ништо да јадам? Не дека ќе умрам од глад цел ден да не јадам, ама кога прегладнам почнува да ми се гади и да имам страшни главоболки. Па ако некој знае нека сподели совет. А вода смеам да пијам? Или доколку некоја феминка има телефонски број од онаму кај што се закажува нека ми даде број да прашам таму.
devojce jas dosega tri pati su pravela magnetna na hipoviza i nikogas ne mi rekle da bidam gladna.stom ti rekle ne jadi samo toj den i ne se plasi ne e nisto strasno.
Јас правев магнетна резонанца. Исто поради страшни главоболки и дезориентираност. Не е ништо страшно, околу 10тина- 15 мин. се наоѓаш во посебна просорија. Легнуваш и ти ја ставаат главата во еден ,, калап ''. Потоа те ставаат во скенерот. Предност е што е отворен и нема да се чувствуваш клаустрофобично. И да напоменам дека ќе слушаш цело време глупав звук од скенерот.
ас три години по ред одам да ме синимат нахипофизата и а си гладнае задолжително, вецерта пред да одиш ќе се најадиш и не е страшно, наредната ден ќе изджиш, а вода, можеш да пииш, и не се паничи не е ништо страшно, инекција мора да ти стават дека таков е процесот кога станува збор за хипофиза, снимањето не е многу долго15 - 20 минути се во прашање ќе издржиш. Јас бев пред некој ден, па сегачекам резултати, пздрав и пиши како ќе поминиш. Со среќа!
Има апарат за магнетна во Охрид? Не е важно дали на приватна или државна клиника, ако знае некој нека сподели, ве молам.
Нема апарат во Охрид туку само професор кој чита снимки и тоа приватно. Последниве 2-3 месеци е донесен нов апарат во државната болница во Битола, а на приватно има и во Дијагностичкиот центар во Кравари (моментално е расипан). Има и во Систина.
Правев РТГ на цервикален рбет, и во наодот пишува: Скелетот на ц рбет со сочувана морфологија. Редуцирана цервикална лордоза со стеснување на ив простори ц4/ц5. Бидејќи дури другата недела ми е тука докторот ако може некој да ми каже (ако знае) што значи ова. Многу ме плаши втората реченица- редуцирана цервикална... Вајда не е нешто страшно
пишувате дека МР на хипофиза трае 15-20 мин.јас бев на МР на хипофиза и траеше 40 минути.Незнам зошто толку многу.Ме интересира дали на МР на хипофиза се гледа и целиот мозок за недај боже да имаш нешто дали се гледа????
Девојки, имав едно прашање, воопшто не сум во насока медицина и немам со тоа никаква допирна точка а и со оглед на годините ништо не разбирам од резултатите. Денеска тато се снимал и ништо не ми кажуваат а јас ги пронајдов резултатите, пишува: РТГ на цервиален рбет Цервиален цел од рбетот е со редуцирана лордоза и дегеративни промени на ниво Ц5-Ц6 и Ц6-Ц7 со ункарироза на тие нивоа. Може ли некој, ве молам да ми го протолкува ова? Многу се плашам и загрижена сум за неговото здравје.
^Има народски кажано шилци, не знам дали постои некој конкретен лек за тоа, докторот ќе го упати повеќе. Најверојатно ќе има болки во вратот, рамениците и рацете, ама не е ништо страшно.
значи тој веќе 15тина дена има постојано болки во глава, освен тоа други симптоми се несоница нели предизвикана од болките, повремени нагони на повраќање(но не повраќаше ниту еднаш)... и денеска отиде и му го кажаа ова. Значи не е нешто сериозно? Благодарам многу.
^ Такви болки има и татко ми како последица од тешка сообраќајка и има проблеми при спиење, не може убаво да се намести. Баш пред некое време почна со масажи, вика дека му е подобро од тоа, а конкретен лек за вакви работи мислам дека нема
Koja e најдобра магнетна резонанца во Скопје т.е каде има најдобри радиолози кои знаат да ракуваат со магнетниот скенер.Ве молам за ваша препорака,доколку некој правел некаде и ако е задоволен.
Истото ми се случува и мене, болки во глава, врат, грб... Ама не се сеќирај не се ништо страшно шилците. Веројатно докторот ќе го упати на некакви масажи.
Srcki ja sum nova na forumot pa ne sum mnogu dobra vo koristenjeto.Sepak ako moze nekoj da mi pomogne vo vrska so Zdrvuvanjeto na racete .Imam 18 godini i imam neprekinat problem so toa . Dali moze nekoj da mi pomogne odnosno da mi dade sovet . Zdrvuvanjeto mi trae nekolku nedeli i mnogu mi smeta odnosno mi predizvikuva nervozi. pozz vi blagodaram odnapred
Мегамед нема толку добар апарат како оној што е на Клиника. Има многу пациенти што д-р Дамјановски ги препраќа на Клиника да направат мри, затоа што апаратот таму е многу понов и има многу повеќе опции. Ова од сигурни извори ти го кажувам.
Значи таму е најдобро!За радиологија збориме ако не се лажам така.Колку чини магнетна на глава дали знаете случајно?