Мегамед нема толку добар апарат како оној што е на Клиника. Има многу пациенти што д-р Дамјановски ги препраќа на Клиника да направат мри, затоа што апаратот таму е многу понов и има многу повеќе опции. Ова од сигурни извори ти го кажувам.[/quote] Значи таму е најдобро!За радиологија збориме ако не се лажам така.Колку чини магнетна на глава дали знаете случајно?[/quote] мр на глава на клиника со плав картон чини 700денари
Ако не дај Боже имате потреба да се снимате на магнет (особено ако се работи за глава), ви препорачувам психички добро да се припремите, затоа што прегледот е трауматичен. Јас се имам снимано еден куп пати на магнет (и тоа на стариот апарат на клиника за кој викаат дека бил пострашен), ама не се сеќавам толку да сум имала проблем. Пред точно 9 години прв пат ме снимаа и воопшто не ми беше страшно да си лежам 10тина минути. Ама денес... се шекнав луѓе, се шашардисав скроз! Си влегувам јас најнормално во таа просторијата, легнувам на масата, ми ја местат таа „кацигата“ на глава со пластични шипки и ме пуштаат внатре во апаратот. И убаво си мижев, ама не знам кој ѓавол ме натера да отворам очи. Кога видов дека сум скроз затворена и дека никого не можам да видам, ме фати паника! Затворив очи пак, си реков ќе издржам, ама не можев! Ги фатив шипките со раце и успеав да се извлечам од внатре. Буквално изрипав, узбуна направив! Ме седнаа да се смирам, го убедував татко ми друг ден да дојдеме или анестезија да ми стават, ама после неколку пациенти пак легнав. Овојпат ми ставија огледалце над очите за да можам да ги гледам вработените, татко ми ме држеше за едната рака, а негова колешка за другата и ми правеа муабет. Како некое мало бебе се осеќав... Отсекогаш сум била послушен пациент и никогаш не сум била плачка, ама ова бре луѓе мава на психа! Јас како што си имам некоја клаустрофобична жичка, па уште и тоа звуците од самиот апарат - се шекнав! Едвај чекав да излезам, на моменти ме фаќаа кризи и си викав пак ќе изрипам од внатре. Некако издржав, а после тоа седев саат време надвор да воздух за да се соземам.
Да баш е трауматично.Јас правев магнетна на целиот рбет,што значи со цело тело те внесуваат во капсулата.Мислам дека е паметно пред снимање да се испие некое апче за смирување.Јас и онака си имам страв од тесен,затворен простор ,и ова за мене беше страшно.Мислам ме предупреди сестрата дека ќе има бучава и се,ама чувството внатре ми беше .Мислам толкава жена се стресов кога мало дете.И после уште 2 дена ми бучеше во ушите.И плус едно влакно од косата ми се пикна во увото,ме чешкаше цело време,почувствував дека ме фаќа грч во ногата,а треба да бидеш апсолутно мирна.. Совет за тие кои допрва ќе одат.Испијте апче ,бидете мирни и со затворени очи.
Девојки јас имам едно смешно прашање Кога се прави мр голи ве легнуваат таму? Прашувам кога се снима рбет, карлица и сл., не за глава Јас одамна имам болки во кичмата па сакам да одам да се снимам па ме интересира зошто пред некое време читав нешто исто некој имаше поставено вакво прашање ама не обрнав внимание на одговорите а еве сега ми треба и мене Фала и извинете на глупово прашање
Здраво дојдов овде читајќи ја темата за магнетна резонанца!Прочитав неколку страни наназад и ме интересира следново.Дали некој правел магнетна во Ремедика или НеуроМедика и како е задоволен! т.е како поминало снимањето итн?Исто така ме интересира дали има Магнет во болница Букурешт и ако има дали има некој што правел таму? Треба да одам кај докторот и по резултатот од еег претпоставувавм дека ќе ме прати на магнет,па поради тоа прашувам.Малку ми е за брзање а претпоставувам дека во државна се чека и по 4-5 месеци што не би можел да го направам.Сакам ако е можно да добијам повеќе мислења т.е од повеќе членови.Благодарност однапред.
Здраво сакам јас да ве прашам видов VITASOL.MK има квантна магнетна резонантна анализа да испиташ цело тело болести и со еден апарат го ставаш прстот и се држи 1 минута и потоа излава на комјутер цело тело и ти кажува со проблеми имаш дали некој е запознат со ова да ми каже искуство.позз
Може ли некој да ми објасни подетално дали е иста МР кај деца и возрасни(снимање на хипофиза) и како оди целиот процес на снимањето?
Хипофиза снимаше една моја роднина пред некој месец, рече дека си поминала прилично трауматично. А на деца обично ставаат анестезија, ама колку што знам има одредени денови за тоа.
slucajno sega go procitav vasiot post. I jas imav vakvo loso iskustvo. Ama ne uspeav da se izvlecam od aparatot. Mislam deka vratnava arterija ke mi prsnese. A nemav nikoj do mene da me utesi. I na kraj mi dadoa cd koe e prazno i potpis od nekoj doktor kao se e vo red. Ama zosto cd- to so snimkata e prazno
Здраво, сакам да прашам дали некој правел магнетна на глава во државната болница во Штип ме интересира колку пари чини и дали истиот ден ги даваат резултатите ?
I mene mi se zdrvuvase rakata i kaj mene stanuva zbor za pocetna faza na multipleks skleroza, no osven rakata i imav maten vid na ednoto oko koj sto potoa mi se rascisti. Idi na nevrolog i kazi gi siptomite ako misli deka treba napravi magnetna rezonanca toa najasno ke ti dade odgovor za se. Ne se plasi
На татко ми пред 3 недели му се пронајдени малигни клетки во простата. Докторот го испрати во државна болница за да му направат скен на коски, но таа (не)одговорната му рекла демек немале слободен термин во наредните 6 месеци (што е долг период за проширување на ракот) Ме интересира дали знаете каде на друго место се врши магнетна резонанца на коски и колку чини? Поздрав
Мој совет за магнетна само во Мегамед. Снимање на цел рбет мислам дека беше 8500. Ама кога се работи за здравје парите се помалку важни. Подобро да се види што е и одма да се почне со лечење отколку да се чека и се може да се случи за толку долго време.
Здраво на сите. Ве молам за мислење. Пред 2 недели правев МР на хипофиза. Денес конечно ги земав резулататите. Пишува микроаденом од 6 мм и дека наодот не е целосно јасен поради движење додека сум се снимала. И на крај пишува дека се препорачува МР на мозок. Бев на читање кај мојот ендокринолог и ми рече дека тоа немало врска и дека немало потреба да го снимам мозокот, а иначе само го прочита извештајот и не ги ни погледна снимките. Сакав да ве прашам дали некој имал сличен случај како мојот, при нејасен наод на МР на хипофиза да му препорачаат да прави МР на мозок, или е нешто пострашно? Фала ви.
Не знам конкретно за случајов твој ама мн е важно кој ги чита снимките,како можел само да прочита извештај без да види снимки.Знам мн пациенти кај кои три различни Др.даваат различни дијагнози и мислења,така да ти препорачувам да одиш кај друг за да ги види,не се плаши уште сега голема е веројатноста и ништо да немашсекое око различно гледа и не се баш сите специјалисти во своите области за жал,има многу неспособни ама ај да не отварам друга тема.Среќно
Фала ти многу kala21, јас ќе одам обавезно и на друго мислење, ама од сабајле не можам да престанам да мислам на тоа и се исплашив ептен, а сакав да ве прашам за мислење и совет, додека да стигнам на второ мислење. Како и да е, ќе пишам после тоа што ќе му кажат. Фала уште еднаш.
Здраво девојки. Малку глупаво прашање, но за закажување ми треба упат од матичен или може директно во Државна да закажам? Ви благодарам однапред.