Имам девојче 7 год. со боли во главата, еег не беше добро, направивме и МР а за пет дена уште една ни побараа со контраст, чекаме резултати а никој не ни кажува зошто поново снимање . Дали некој знае и зошто со контраст? Ако било се во ред не би требало нели? ако некој нешто знае пишете.
Не знам зошто воопшто и правеле МР без контраст. Веројатно за да не ја боцкаат. Арно ама скоро ништо нема да видат без контраст. Веројатно знаеш зошто се користи...
Сакам да прашам што да се прави во случај кога специјалистот не ти дава упат за магнетна резонанца, туку само за еег? Или прво се оди на еег па ако утврдат таму дека има потреба те праќаат на магнетна? Како функционира процесов, и колку пари е на приватно да ти прават магнетна?
И мене ми се случи истото не сакаа да ми дадат упат за магнетна, а ми беше кажано дека морам да идам. Искрено јас се искарав со докторот и ми даде упат за магнетна во 8 септември. Платив некоја минимална цена, а во приватните мислам дека е многу скапо.
Целта на докторот е да не те праќа на повисоки испитувања (зошто се чека повеќе време и се пуштаат само оние за кои постојат сомнежи, и за оние за кои не може да се утврди дијагноза со другите испитувања; тука знам дека се лутат специјалистите кога ќе им доаѓаат банални случаеви, бидејќи луѓето се научија за билошто да трчаат по болници, а на некого реално му треба помош). Значи прво се оди на екг, евентуално компјутерска томографија, и др., а крајно е магнетната резонанца. Доколку во меѓувреме не се открие што е, секако дека докторот без проблем ќе ви закаже термин за магнетната. На приватно е околу 10 000 ден.
Zdravo. Jas sum nova na forumot, i sakam da prasam dali nekoj znae da mi objasni nesto vo vrska so prolaktinot. Imam mnogu pokacen Prolaktin, okolu 66 ,pravev magnetna i se pokaza deka imam Arahnoidalna cista vo glavata, Dali moze od toa da ce pokacuva prolaktinot. Hormonite i tiroidnata mi se vo red.
Дечки, направив ЕЕГ и на наодот само пишуваше дека еег е во граници на нормала. Што значи ова? И зошто немаше наведено некоја дополнителна експликација околу мозочните бранови? Снимањето го извршив во државна.
не знам дали уште чекате резултати ама еве да ти кажам дека и мене скоро ми правеа МР (не на глава и не во МК) и прво докторот сметаше дека контраст не е потребен. После 20 мин ме извадија и ми рекоа дека сепак треба да ми стават контраст затоа што органите не биле убаво разграничи на сликата. Тоа не е ништо страшно. Кај нас може не се така организирани да имаат спремено инекција и сл (ова претпоставка) па ви презакажале.
http://www.megamed.com.mk/services/mr.asp Тука мислам дека е околу 7-8 000. Прашај во Неуромедика,Систина.
Женски колку чини магнетна резонанца во болницата во Битола?и дали има спремни и стручни доктори?апаратот е нов или стар?никогаш не сум се снимала вака,а не сакам да одам на приватно оти периодов се оддадов од пари по приватни болници
Завчера бев на снимање на магнетна резонанца. Уште не влезена во тунелот испаничив,ама се смирив,се молев цело време во себе и си велев упорно јас можам,можам... Леле колку ми беше језив тој звукот и страшен,плус и дека затворена со капак така над глава,си правев филмови како да сум истo во мртовечки сандак Поминаа 5 минути и ме извадија од таму,јас цела пресреќна дека брзо се заврши,ама среќата траеше кратко оти ме извадија да ме боцнат да ме снимаат со контраст,и после уште пострашно ми се виде влегувањето вториот пат,па ме болеше и раката,цело тело ми се здрви почнаа да ми лутат и солзат и очите,сакав да ги затворам,ама не смеев,предтходно ми рекоа да не ги затворам очите никако. Вкупно 10-15 минути траеше се,ама мене ми изгледаше како 2 саати да бев внатре. Инаку хипофизата ја снимав,оти пролактинот ми е многу покачен,ме чинеше 900 денари во државна болница. На крај ги прашувам тие таму,дали ќе покаже снимката за сите хормони од хипофизата се детално,ми велат ништо нема да покаже. Останав зачудена Глупости живи,никаква стручност. Едвај ги чекам резултатите.