Снимката нема да покаже ништо во врска со хормоните. Само ќе потврди или негира присуство на аденом на хипофизата кој може да биде причина за покачениот пролактин. Вредностите на хормоните се испитуваат преку крв, а не со магнетна резонанса. Магнетот е помошно средство за утврдување на физички промени на мозочните ткива.
Здраво ! Дали може некој да ми каже колку е цената на магнетна резонанца на карлица во државна болница, а колку на приватно?
Ана,се извинувам што касно ти реплицирам. Далеку сум од медицинско лице,но знам дека хормоните се испитуваат преку крв. Гледам дека сум избрзала што ги обвинив за одговорот,па уште и што реков немаат никаква стручност муабетот ми беше демек дали покажува и со магнетната колку доволно лачат хормоните од хипофизата и дали ќе покаже каде влијае нивното зголемено или намалено лачење,ама гледам дека сум се избрукала за сите пари Фала ти на одговорот
Здраво јас имам проблем со вртоглавици, ги имам во секој момент, особено од септември, и одев на секакви испитувања! После снимката на ренген докторката ми кажа дека има нешто нејасно па ме пушти на магнетна, тек во февруари ми е терминот, ама бидејќи имам преголеми мачнини, ми предложиа да земам приоритетен во Битола! Да напоменам: немам ни 20 години! Еден другар ми кажа дека било страшно, особено тоа што 30 мин очи не смее да затвориш... Па може некој да сподели искуство со мене?
Немој да се плашиш, не е ништо страшно. Иако мене во првиот момент ме фати паника, успеав некако да се вратам во колосек. Мене очите ми беа цело време затворени, не смееш само да мрдаш. Звукот е малце језив пробај да го игнорираш. Најважно од се е да останеш смирена.
Не е страшно, драматизира непотребно другар ти. Се слушаат звуци од машината, јас за да бидам посмирена ги бројам. Не паничи, брзо поминува.
Ич не е страшно. Јас заради одредени терапии и следење на одредена состојба во период од 10 години имам направено 15-20 магнетни резонанси. Легнуваш на еден медицински кревет и влегуваш во еден како цилиндар и таму во цилиндарот има машина што се врти со цел да ти направи снимки од сите агли. Тоа вртење е звукот што ти го зборат погоре и воопшто не е страшен. Ништо нема да осетиш. Снимањето ќе ти трае 15тина секунди. Немој да одложуваш, земај веднаш приоритетен и оди во Битола. Што побрзо го направиш ова, толку побрзо ќе знаат како да те третираат за побрзо да ти помине ова.
Дали имате искуство со правење на истата кај мало детенце? Секако е под наркоза, но како се одбиваше целиот процес? Успивање/снимање/будење.
Здраво на сите, имам покачен пролактин и ме пратија на магнетна резонанца, може ли некоја да сподели искуство каков е процесот бидејќи многу ми е страв..
Не е. Само е досадно. Треба да лежиш мирна во апаратот и да не мрдаш, ќе слушаш звуци во позадина. Јас ги бројам звуците и пробувам да направам некоја мелодија од нив за да ми помине времето. Ама не се грижи, не е ништо страшно.
Бев јас пред 2-3 недели, и очекував да е многу многу пострашно! Ама времето ми помина прилично брзо. Размислував на убави работи и се изненадив кога излегов од тунелот, мислев дека 10 минути поминале, а не 30...
Како на транс журка да си. Мене ми беше малце језиво кога отворив очи, затворен така и затоа си мижев цело време.
Јас правев магнетна,ама на болница и ме чинеше 1600,инаку снимањето беше околу 10 мин,после ми стави игла во рака(контраст)и уште неколку минути ме снимаа.... @$ophia Како си задремала мене чичкото ми рече ни со очи да не трепкам,се здрвив целата во една точка само гледав и малку језив ми беше цел процес,ама издржав