Или тој што ја чита снимката е подобар од предходниот доктор. Стварно би било страшно на државно такви утки со погрешни снимки да има. Животи зависат на луѓето. Кај нас една иста снимка бараат да ја видат другите неуролози, на бараат ново снимање. Едноставно да проверат со свое око предходниот колега нешто да не испуштил.
Струмица срц Има во склоп на Ремедика . 6000 ден е . Убедливо најефтино за на приватно . Снимката се чита истиот ден кај исклучително добар радиолог во Истанбул .
Снимките од магнетната ги даваат на цд. Денес сакав копија да направам, ама немаше каде. Немам ниту такво за читање на цд на лаптопов. Логички би ми било фајлот со снимката од магнетната да ми го префрлат барем на усб кога веќе никој не реже. Знае некој дали може вакво нешто?
Кај нас не само со погрешна снимка туку и направија погрешна операција. И ставија пумпица на главата за цистата а таа пумпица се ставала на дечиња мали. Доби јако воспаление на мозокот па пак сечење па вадење пупмпата ја затворија и баравме решение и во странство,но не дозволија тука да дојде доктор од Белград да ја оперира,се нафати само еден доктор па пак сечење и колку толку овозможи да живее. Последиците од сето ова се ужасни и не само за неа туку за сите нас.
Некако да провериш дали има во блиските градчиња. На крај оди во болницата со усб и замолиги да ти ја префрлат снимката.
Има ли некој правено МГ на граден кош на приватно и каде? За Систина знам дека е 18 000. Каде има најубав апарат за тоа.
Да прашам утре точно за цена и ќе ти пишам . Не верувам да е поскапо од 6500 ден . За во Струмица ова . Ова е нов апарат во склоп на Ремедика . И да повторам . Исклучително добар , нов
Најскапо е глава да снимеш на приватно. За Ремедика во Струмица и јас знам дека е 6000 ден. За државна ме извадивте од памет сега. Имам човек со МС кој често прави магнети на глава, и нормално на државно. Во Штип сега ќе прави пак, таму ваљда подобар е. Јас во 8 ми Септември снимив кичма и ми дадоа ЦД. Ај мојава кичма, ама ова другото е посериозно и не трпи грешки.
Мони прашајте за Др Врчаковски он ме снимаше и мене два три пати на државно и го откри проблемот со хипофизата и мајка ми ја снимаше и и откри два тумори на мозокот и Др чапаровски ја оперираше и операцијата беше успешна прашајте дали Др Врчаковски работе уште на радиологија дали снима на магнетна резонанца оти мене и на мајка ми он не снимаше пред 7 год
Ремедика не снимаат туку неуромед и не снимаат како што треба јас се распрашував и не слушнав некое позитивно искуство од таму подобар е магнетот во Штип јас на 22 април сега бев и сум презадоволна од таму а од неуромед еднаш бев така на една консултација со Др Љубинка вета и никогаш повеќе јас бремена шести месец она ми дава да пијам Лексилиум и среќа таа во аптеката што работе женичка ме праша за кого се и и кажав оти се за мене и се крстеше дури на трудна да дава лексилиум боже боже оти нема на кој не даде Лексилиум
Врчаковски можам самп да го плукнам и подот да го избришам со него. Тогаш он беше претседател на комисијата за одобрување друг доктор да дојде да ја оперира тука и не одби.
Како тоа не снимаат како што треба ?! Знаеш каков апарат имаат таму ? Да не зборам за дијагностика . Нашиот невролог секојдневно праќа пациенти таму на снимање глава ,кичма ... Досега утка не е имало . И не зборувам од рекла казала . Магнетот во Штип не може да биде подобар од овој затоа што е постар најмалку 10 год . Да не збориме дека два пати годишно е расипан по 2 месеци
Дали има кај нас магнетна од отворен тип ? Видов т.е прочитав некаде дека има ама не можам да најдам каде. Ако има, дали е исто прецизна како затворената ?