1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Магнетна терапија

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од ragazzagirl, 8 февруари 2011.

  1. ragazzagirl

    ragazzagirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    14
    Е па драги ми феминки не најдов слична тема па решив да ја отворам.Пред извесно време дознав една информација која сакам да ја споделам овде со вас.Имено барајќи работа како студент која ќе биде добро платена а ќе ми дозволи да имам флексибилност во времето почнав да работам во една фирма во мрежата за продавање на магнетен накит и природна козметика.Значи нешто како овие познативе Оriflame,Avon функционира.Од дома си работиш кога сакаш со кој сакаш како сакаш.да преминам на главното.
    Од почеток ни самата не верував во придобивките на магнетите.Кога ќе нудев на некој мислев дека му сум досадна, дека што имам сега јас луѓето да ги замарам со накит некој си..ако сакам обетки ќе одам ќе си купам од продавница кога ми треба и какви што ми требаат.Но со тек на време почнав да ги користам производите и сама ..бидејќи се многу естетски и модерни почнав полека полека да си купувам и да стануваат дел од моето секојдневие.И од тоагаш верувајте многу работи ми се променија.Се чувствувам како ослободена од негативни влијанија во мојот организам...покрај тоа имаат и детоксамин прашак направен од зеолит кој кога го пијам ми се чини како се лошо да фрлам од мене, па и магнетизирана вода заедно со тоа.Јас би сакала да знам кој колку верува во оваа и дали некој имал слично искуство? еве ви ја страната да се информирате доколку сакате..:) energetix.com.mk а ако некој е истовремено заинтересиран за да работи со мене пишете на маил кој го имам отворено само за ова што го работам и ќе ви објаснам energetixinfo@yahoo.com.
     
  2. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    368
    МАГНЕТНА ТЕРАПИЈА

    Знам вакво нешто мајка ми користеше...во вид на срценце го ставаше во пределот на стомакот. Ги имам гледано каталозите и има стварно убави работи : )
     
  3. ragazzagirl

    ragazzagirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    14
    И Емче што кажува мајка ти?Можеш нешто да ја прашаш да ни пренесиш и ти?Јас додека не ја побарав оваа фирма не ни знаев дека постои а сеуште кога на некој ќе му споменам се чуди не ни знаеле дека воопшто има такво нешто кај нас.Од искуство гледам дека кај нас тоа и е малку подценето а не сме ни свесни колкаво позитивно влијание може да има на нас.Кога ги читав статиите на интернет за магнетна терапија дури и се изненадив колку имаат многу пишувано и научни истражувања правено.Делува на главоболка,стрес, синуси, несоница, артритис, мускулна болка, недостаток на енергија..да не бројам :o а сум се изнасемала кога читав за тоа дека некое си истражување покажало дека го подобрува и моралот.http://webcache.googleusercontent.com/s ... google.com Дајте да ги намагнетизираме сите наши политичари и осуденици :D едноставно ја подобрува циркулацијата , а штом крвта циркулира правилно тогаш организмот се доведува во рамнотежа и ред. Клеопатра носела бакар и магнетeн камен под перница да се заштити од предвремена старост...или е ова маркетиншки трик што секаде го споменуваат за било кој производ за убавина во светот :D ..штом Клеопатра го користела мора да е убаво. :rofl:За порелигиозните :) индијците верувале дека при смрта телото и душата ќе се одморат со таков камен.Вилијам Гилберт дворскиот физиотерапвет на Елизабета ја има извадено првата книга за ова терапија...итн.
     
  4. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    368
    Ја прашав и и викам за што е тоа ми вика за се : )) Она го носеше за дијабетис, на почетокот кога и беше мн висок, потоа и се стабилизира..па едно време не знаеше кај и е..ама си го најде во перница хехехехе значи пак имало влијание и од таму, ама сега мислам дека не го носи.
    Инаку јас верувам во тоа, а и стварно има многу убав накит, знам и за тие стапчињата во вода што седат :D
     
  5. mimozamime

    mimozamime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    7
    Апослутно се сложувам со тебе кај нас не е толку многу познато луѓето не се сеуште свесни.И јас сум ги користела овие производи навистина им се интересни:) Порано пред да ги знам нив морав да носам некои старомодни ланпчиња кои ми ги пушташе баба ми од Австралија и изгледав како жена па се лутев на мајка ми што ме тера да ги носам.Сега место не го сакам ова не го сакам тоа преминав во леле го сакам ова го сакам она.Јас имав често главоболки и несоница па со магнетиве како да се преродив.И откако ги користам ако немам нешто магнетно на мене од самата помисла можи и да ми е ама како дел од телото да ми нема.А од оваа ти што ја кажуваш имам купено стапче за во вода такво...па сите дома пиеме магнетизирана вода.Забележав за некој месец и целулитот ми се намали.Едноставно ме полнат со позитивна енергија :rofl: ТОП СЕ!!!
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Јас носев алка за да ми ја зголеми циркулацијата. Рацете и нозете ми се секогаш ладни. Нешто ефект не видов. Незнам дали имаат рок на употреба па мојата беше со излезен рок или на мене тоа чудо не влијае. А сум слушнала од други кои се задоволни од тие производи.
     
  7. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Мене не ми ја отвора страната :shake:
    Ми пишува :
    Could not connect to MySQL
    Кај сите така или кај мене се губи компјутерот? :?:
     
  8. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Еве и официјален доказ од ново научно истражување кое докажало дека магнетните алки, белегзии и други магнетни помагала немаат ефект врз артритис, реума, потекување, болки и други проблеми.

    http://www.sciencedaily.com/releases/20 ... 204222.htm

    Значи за џабе трошење пари. Докторот кој го правел истражувањето пишува дека наместо да даваат пари за ова, подобро било да си купат некои омега 3 капсули кои можеле вистински да помогнат.
    И објаснува зошто пациентите кои ги користат алките може да мислат дека им помагаат, прво заради сугестија, мислат дека штом ги носат треба да се чувствуваат подобро, и второ затоа што алките ги ставаат во периодот кога имаат најголеми болки и најголема жестина на симптомите и потоа кога болката ќе дојде во период кога стагнира, мислат дека тоа им е од алката.
     
  9. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Уште од времето на дедо ми ги знам овие алки. Нему му носеа од Австралија, Америка...
    И беа многу познати и популарни, ама тешко се наоѓаа за купување.
    Пред се знам за реума ги носеа старите...Но, и за разно разни проблеми... :)

    Јас имам носено, ама не воочив некоја разлика...Можеби зошто и немав некој конкретен проблем.. :lol: