Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мажи домаќини

Дискусија во 'Брак' започната од Mrs. right, 5 март 2024.

  1. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.350
    Допаѓања:
    22.038
    Пол:
    Женски
    Пичкождерачи :D
     
    На halfasoul и Anyshka им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    125.079
    Пол:
    Женски
    Да, има мажи кои седат дома.
    Имав вакви во фамилија. Им беше привремена ситуација.
    Сепак, животот им јави потреби за повеќе финансии во домот.
    Јас би прифатила само привремено мажот да биде дома без работа доколку има оправдана причина. Како што не сакам да бидам товар на мажот, така не сакам и мажот да ми биде товар. Ама и додека мажот седи, да не дреме џабе. Да има некакво хоби и да си ги извршува домашните обврски.
    Па, да. Мажот ќе се најде во подредена положба со самата зависност од парите на жената. Исто како и во обратната ситуација.
    Да, и мажите се фрустрираат како и жените. Кога финансиите се тенки и партнерите мора да дадат приоритет на една потреба над други, неизбежно е да дојде до расправија бидејќи се случува да не ги подредат исто.
     
    На Lady D ❤️, LadyR, Just.do.it и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.170
    Допаѓања:
    8.877
    Пол:
    Машки
    Зашо се тригернавте?
    Не знам зашо ме разбирате погрешно.
    Ниту правдам некој ниту бранам.

    Само велам дека ако на некој на балканов му кажете "тој и тој е домаќин" ќе рече браво бе, се знае кој е газда во куќа и сите ги држи под ред.

    "Домаќин човек" во Македонија е комплимент за традиционален маж.
    Не се однесува на некој што готви и чисти - туку баш спротивното.
     
    На VDT2906 и Anyshka им се допаѓа ова.
  4. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    541
    Пол:
    Женски
    Овде членката напомена што мисли за домаќин маж и дека ја отвора како инспирација од жена домаќинка но во овој случај мажот да е на тоа место.
    Таму инаку домаќинкава беше нај ругана од други жени претприемачи и најсреќни на свет,па сеа мажов да не е нешо поќе затоа те прашав :whew::rofl::rofl:
     
    На Anyshka и Ajronmen им се допаѓа ова.
  5. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.170
    Допаѓања:
    8.877
    Пол:
    Машки
    Па немаме збор со такво значење...
    Мора описно...

    Јбг, јазик...
    Не сум го измислил јас.
     
  6. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    13.018
    Пол:
    Женски
    Домашари можда? :?:
     
    На nextredstyle, Чанта и Just.do.it им се допаѓа ова.
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    125.079
    Пол:
    Женски
    Не, бе.
    Само прашав. :D
    Инаку, до перцепциите е.
    Како е воспитан, така и ќе гледа на нештата. Освен, ако не го сменат животните околности.
    Можеби и папучари. :D
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    541
    Пол:
    Женски
    Дедо ми покоен викаше : еххх каков домаќин е тооој од еден денар два прави!!!
     
    На Anyshka и Ajronmen им се допаѓа ова.
  9. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.170
    Допаѓања:
    8.877
    Пол:
    Машки
    На англиски имаат stay at home dad и househusband.

    Ама кај нас зборот домаќин на англиски се преведува или со head of household или со host.

    Со домаќин не се опфаќа дека не работи а седи дома. Туку баш и обратното - дека тој заработува.

    Додека концептот за домаќинка е обратно.

    Теоретски ни папучар не е, бидејќи папучар не значи дека не работи туку дека ја слуша жена му за све по дома.
     
    На VDT2906, elenaklasik, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.806
    Допаѓања:
    34.615
    Пол:
    Женски
    Па на тоа и @Ajronmen мислеше, постарите така велеа за сите, и баба ми кога ќе кажеше за некој дека е скржав, дедо ми е велеше "не е скржав, туку домаќин", демек не се расфрлал со пари беспотребно.
    Сите постари со тоа мислат дека се домаќини, а не седеле дома, работеле, а дома ниту чистеле, ниту ручек правеле, со чест на исклучоци.
     
    На Adidas888, Ajronmen и Чанта им се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    125.079
    Пол:
    Женски
    Ќе се снаоѓаме според насловот за да не зајдуваме во оф-топици. :D
    Има за што да се дискутира, е сега колку ќе се одржува тонот и во оваа тема... :wasntme:
     
  12. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    541
    Пол:
    Женски
    Дааа сфатив на што мислеше, малце се пошегував инаку членката на почетокот кажа во кој контекст мисли на домаќин.
     
    На Anyshka и Ajronmen им се допаѓа ова.
  13. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.170
    Допаѓања:
    8.877
    Пол:
    Машки
    За ова зборев (fingers)
    Ако се водиш по насловот, цела дискусија вклучително и воведниот коментар се off topic :rofl:
    Тоа велам...
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.350
    Допаѓања:
    22.038
    Пол:
    Женски
    Помина тоа време. Сега и ќе оди на работа и ќе пере и ќе чисти и деца ќе гледа, се мора да прави ако сака жена дома :D.
     
    На zence, mssuniquee и Anyshka им се допаѓа ова.
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    125.079
    Пол:
    Женски
    Не.
    Си пиша членката на што мисли.
    При гуглање на дигиталниот речник излегува под број еден дека е лице што управува со домот.
    Не секое лице што управува со домот е вработено лице.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.806
    Допаѓања:
    34.615
    Пол:
    Женски
    Eпа штом живеат заедно во куќата/станот, и двајцата се домаќини. :D
    Никој не му е слуга на некој. :)
     
    На mssuniquee и Adidas888 им се допаѓа ова.
  17. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.170
    Допаѓања:
    8.877
    Пол:
    Машки
    Добро.
    Како ќе кажеш ти, така е
     
  18. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.045
    Допаѓања:
    55.394
    Пол:
    Женски
    А јас за терминот „домаќин човек“ отсекогаш мислев дека значи човек/маж кој се разбира од работи во домот: да зготви, да исчисти, да испере и слично. Без разлика дали е вработен или не. Спротивно од некој што само скита, пие и троши пари без врска. Кога ми кажува мојот дека цел ден се занимавал со работа низ дома му викам аа домаќин човек, и многу му е интересен тој израз на македонски. :D
    А терминот жена домаќинка поинаку се сфаќа, односно некоја што само врши работи по дома, не е вработена и се грижи за децата. Барем јас така имав сфатено. :tmi:

    Инаку секако дека сакам таков домаќин, што има поубаво од маж што знае да ти зготви. :makeup: А за работа ко работа во оваа економија секако мораме двајцата. :D
     
    На VDT2906, Gosh, Zumbulche и 7 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.820
    Допаѓања:
    266.956
    Оh boy, пред да ја заклучат и оваа :D
    1. и 2. Јас познавам двајца, од кои едниот беше околу 15 години домаќин, односно стеј ет хоум фадр. Кога им се роди детето остана дома, кога детето беше средно запиша факултет и тој, тогаш и почна да работи, работи се' уште. Вториот не е од мк, од ЕУ земја е, жена му заработува неспоредливо повеќе, тој околу 3-4 години намерно не работеше и чуваше деца дур појдат на училиште (одеа и во градинка, неговите обврски си беа и разнесување деца и домаќинство).
    3. Моето мислење е дека секое семејство треба да одлучи за себе, без доминирање и препукување, тоа што е најдобро за нив - тоа.
    4. Хм, да, ако сум таа што заработува далеку повеќе, може. Не ми е несвојствено, само не сум имала партнер, ниту деца, меѓутоа да дојдеме до таква ситуација да е еден дома, ќе пресуди веројатно тој што заработува помалку да остане дома и да си преземе домашни обврски.
    5. Ако некој не е вработен, не значи дека "дреме". За мене е се' ок, ако меѓу двајцата е ок.
    6. Не знам за глава на семејство, не потекнувам од семејство во кое татко ми бил глава - не е, никогаш не бил. Еднакво и на маса се решавале битните работи, така е и денес иако се 30+ години во брак. Двајцата се цел живот со работа, двајцата и дома сите обврски си ги имаа(т) поделено, за мене е тоа нормално.
    7. Можеби, ако се воспитани дека тој треба да е "глава". Ако знае дека нема еден капетан туку се двајцата, дека со разговор се наоѓа средината, не би било проблем. Ако е задрт, ќе биде проблем и двајцата да работат, а таа да заработува повеќе.
     
    На VDT2906, Kolache na mama, Anyshka и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.320
    Пол:
    Женски
    Овде ако изнесеш мислење значи мора да те тригерне нешто :D Не смееш свое гледиште да дадеш на одредена тема.

    На темата, познавам двајца.
    Првиот (возрасен пар се сега, пред пензија) музичар, жена му водеше огромна фирма и тоа подразбираше прекувремено, носење работа дома, патувања во странство. Принуден бил веројатно да ја батали и музиката, остана дома со децата, како пораснаа децата остана тој низ дома зимници со комшики да прави, да пазари, ручек и останати домаќински работи. Во меѓувреме жена му изгради сопствена фирма, децата си ја преземаа, а тие шетаат. Од секогаш слушав приказни за нив (пошо реално во тоа време да бидеш ‘домаќин’ беше ‘пичкарски’) како папучар итн. ама мене од секогаш ми биле фасцинантна фамилија.

    Вториот случај, млад брачен пар одат во странство, жената со еу документи и познавање на јазик, мажот ништо од тоа. Им се роди бебе и жената по 2 месеци тргна на работа зашто далеку повеќе можеше да заработи од мажот. Изгубив контакт и не знам сега во каква ситуација се, кој работи, кој не.

    И во претходната тема беше тоа поентата, дека секое семејство си ја прави економијата дома и најдобро за себе си знае.
     
    На VDT2906, Zumbulche, LiquidLuna и 6 други им се допаѓа ова.