Традиционално, домаќин маж и домаќинка жена се мажот кој работи и придонесува за домот и жената која седи дома (со децата). Погрдниот збор, најчесто кажан од други мажи, е "папучар". Неважно. Во контекст на прашањата јас го држам истиот став како во другата тема, да не речам, јас сум од ✨подосадните✨ мислења. Сметам дека ако имаат услови и партнерите се договорат на одреден начин - нивно е дали и кој ќе остани дома и колку време. Дали сметам дека е одржливо (за мене) - не.
Интересна тема. Не познавам вакви мажи. За да седне некој дома треба да не му се скрши гордоста, инаку како така. А и домот не е лесно да се одржува, ова мислам го можат само мажи што се перфекционисти. Не е само да се зачисти ради-реда или да се испазарува. Сеедно.
Е добра тема сте отвориле. Убаво е маж да знае да готви, ама маж за дома не е, никако. На работа и маж и жена, попладне домаќини.
Он топик. Познавам вакви примери. Едниот зеде породилно, од толку месеци колку што беше дозволено, јер жената не можеше да земе комплет породилно. Другиот се грижеше за детето подолго, јер жената имаше не флексибилна и подобро платена работа, отколку што можеше тој да најде. И двата пара во мк, и двата се сеуште заедно. Ниту некој бил во потчинета состојба, ниту сум сведочела на конфликти. Луѓето се приспособуваат на дадените прилики или неприлики, и тоа е тоа.
Јас во другана тема кога спомнав за вакви жени, ми рипнаа дека ако така си се договориле со мажот она да си ја лади, нема шо ја да се мешам. Жена што се излежава е принцеза и ценета, маж што се излежава е балканска мрза. Инаку којзнае колку се осакатени децата во вакви фамилии кај што мажот седи дома јер нели, мајката е битна само, ама кутрите таткото ги гледа.
Се чудам колку сте "благи" во однос на овој концепт,во смисла ако функционира семејството така,зошто да не, нека си живеаат како сакаат, а во другата тема ги распнавте жените што седат дома. Двојни стандарди или жена на жена-најголем непријател?
Мојот маж е извесен период дома, јас работам, секој ден сум одсутна по 10 часа, сам се грижи за две мали деца од 6 год и 1.5 година, плус сите домашни обврски и готви, и се снаоѓа супер, дури боље и од некои жени што ги знам вклучувајки ме и самата мене.Предходно беше во странство и доста пропушти со првото дете, па сега има можност да го надокнади тоа, јас не гледам ништо лошо, не значи дека ако некој е дома лежи и чека друг да го издржува. Кога ке се вратам од работа децата се лепат за мене моментално и пак не сум од некоја голема помош значајна,ке потсоберам нешто, ке се поиграм со децата и ги носам на спиење, за викенди обично земам да зачистам да средам алишта ама и тогаш ми помага да завршиме порано за да може да излеземе некаде со децата.Маж како мојот е вистинска реткост и среќна сум што го имам.Плус е супер татко, се игра со децата, ги шета, поубаво ги чува од 5 баби заедно.
Многу поретка ситуација е маж да не работи и да седи дома да се грижи за домаќинството, да прави ручек и да чисти. Од блиска околина познавам еден денгубитник кој откако се врати дома од работење на брод не му одговораше ни работа ни плата тука и не работеше ништо.Жена му го толерираше 2 год и потоа се разведе бидејки додека беше на брод и на работа таа одеше и деца гледаше сама. Не толерира секој неработници. Друг што знам ,а ми беше во друштво порано цел живот е неработник,поработи еден месец некаде следен месец остани дома ништо не му одговара на принцот мајкин и низ град, а жена му мед.сестра во смени. И тие се разведоа. Не познавам позитивен пример со маж кој не работи,освен една докторка која работеше и приватно, а маж и остана дома зошто му се затвори фирмата, а тој веќе повозрасен 55+ . На маж му е потребна работа во животот, односно јас не би толерирала маж кој е неработник.
Јас мојот маж не го доживувам воопшто како неработник, во нашиот случај тој има заработено десет пати повеќе од некоја моја годишна плата и повеќе, зошто да не помине некој период со децата?Значи за жена е оправдано да избере да остане дома и да се грижи за домот за и децата ама маж ако е дома одма е неработник и жена го издржува, или е недоволно маж зашто прави ручек.Епа не е така да ви кажам , мојот маж е поголем маж од мажи на мои блиски пријателки кои работат и кои сакаат да ги чека ручек на маса, и да им се најдат гаќи за да се избањаат, и кои никогаш не си ги однеле децата во парк или па направиле нешто за сопругата.
Ох, апсолутно. Овие последни години од корона навака сум пола пола со работа. Кога подработував (од дома) кога гледав бебиња. Во меѓу време научив и уште учам странски јазици и завршив повеќе курсеви кои не сите беа поврзани еден со друг, оти се барав себе си. Следна недела завршувам со последниот и веќе имам нов во кошничка чека попуст. И тоа се со поддршка од маж ми. Утре да ми рече ај маче поработи неколку години јас да одморам, без да трепнам ќе го заменам. Впрочем и тој почна да работи скроз неповрзано со струката и мислеше дека брзо ќе менува, ама се пронајде и за скоро ќе почнува дополнителна обука, тоа значи дека тој ќе скрати на работни часови, а јас ќе зголемам. Бу ху! Голема работа. Правите биг дил од ништо. Живееме во време на многу слободи и многу избор. Со правилен избор на партнер, сите избори понатака во животот се полесни. Дали, кој, кога и колку ќе седи дома ќе зависи исклучиво од интерен договор меѓу партнерите, а другите ќе можат само да го пеат по форуми личното незадоволство, што пак на крајот, не е ваш проблем. Иначе да, познавам џаболераби и бараби што не се грижат ни за домот ни за семејството додека жената се растегнува на сите страни, и познавам и такви што жените им земаат високи плати и се на повисоки функции, а тие супер се вклопени во улога на партнерот кој одговара на сите потреби на домот и семејството во меѓувреме. И обратно. Што требаше да научиме до сега? Дека има секакви луѓе, со некои ќе растеш, со други ќе вегетираш. Бирајте умно кого пуштате во животот.
А кој пишуваше за твојот маж? Ја тие што ги напишав воопшто не се ни блиску до твојот маж како што го имаш опишано. Туку баш неработници.
Конечно со Косми да се согласиме. Точно, азгн ги фаќа дома и само глупости може да праат, ништо паметно. Бившиот не работеше и клоцата му ја дадов. Мажите со нивното неработење и сите пороци си ги повлекуваат. А дома се понашаат бетер од 4 захтевни мали деца.
А јас пак не разбирам, зошто човек кој се грижи за домаќинството, односно главно и првенствено децата е неработник. Пошто не знам случаи некој да седи дома и само станот да го гледа. А ако останува дома, ради деца, па макар носење-земање од градинка, активности со дете, хранење, облекување- не е неработа. Не велам дека не постојат неработници, само јас не познавам такви, ни мажи ни жени. А кога мажот и жената живеат сами, без баби, тетки, стрини во близина, еден мора да се посвети повеќе на деца, еден повеќе на работа. Колешка одеше на работа од 6, мажот и носеше деца во јасли во 8, за таа да ги земе во 2 и пол. Ко ќе се разболат, еден мора да земе боледување, и тоа е обично тој што заработува помалку, јер така помалку се во загуба. Ете толку е едноставно, никој не е будала да тера инат заради лични каприци или општествени рекла-казала. Пс. Твојот бивш е приказна за себе, нит бил домаќин, нит за нешто се грижел, така што ти го разбирам ставот, ама има и поинакви мажи.
Добро де, има, значи не генсрализирам на темава. Јас незнам како немаш запознаено, кога се повеќе и повеќе ги има шо не сакат да работат ама не сакат и дома да чепнат нешто оти им е испод мушката чест. За тие јас зборам, а за домаќините свака част.
Види, маж што не сака дома да чепне, не ми треба, ни работник ни неработник. Основна животна вештина е да знаеш домаќинство, а немам ни намера да се објаснувам со некој дали треба да усиса или не. Се подразбира дека исто како и јас, и тој треба. Единствено што не може тој е да му даде цицка на бебето ако го имаме, се останато може и треба, не ми е на гости дојден. А во ситуација кога едниот е дома - независно кој од двајцата, логично е да си преземе повеќе домаќински обврски на себе.
Ваљда оти завршив со запознавање мажи пред 20 години. Тие беа мејд ин сфрј, безделничење со закон било забрането.
Така се научени од дома. Мамичка не им дава да се понижат пред жената. Ќе им падне круната ако измијат садови.
Има доста жени кои свесно се лепат за такви мажи, имам блиски пријателки што секогаш бирале такви пропалици, тоа според мене е едно потсвесно непочитување кон самата себе, и таман ке се откачат од еден си наоѓаат одма сличен и се вртат во круг.Ако на почеток не отвориш очи после се џабе е.За мене мажот е партнер во се, стабилен, да ти биде и поткрепа и подршка, и љубовник и пријател, и ако ги делите обврските не значи дека ти помага, туку е нормално да е свесен дека сте еднакви во секој поглед.Мене често знаат дека мажот ми ми ги чувал децата и дека ми помагал, им велам грешка сте, тој ги чува неговите деца, не ми се донесени мене децата од дома па он да ми ги чува,не чувба туѓи деца, и не ми помага мене готвејки или чистејки зашто никаде не пишува дека тоа се стрикно мои обврски.