Има, има и такви мажи кај нас. Ми текна на еден познаник, пријател на пријатели. Се оженил, 5 години ништо не купил на детето, сметка дома не платил, оти не работи, па уште и се фали жената секој ден му давала пари за пиво и се обидува да се подбива со другите. Прво мислев се зеза за пивото, но жената потоа си потврди дека тој денар дома не донел, а за сметки снаата се договара со свекорот и свекрвата. Македонките се криви што спуштаат критериум до степен некој таков да ги користи и да ги исмева.
Ама оти таков да земеш за маж? Сериозно? За таков да земе некоја треба и таа самата да мисли дека такво понашање е ок.
Тоа да, ама има и такви работат додека не ја земе, откако ќе ја земе, му се заарнува она да работи и се друго да прави низ дома, а он само да легачи. Арно вика Самер, така се научени од мајка им и барат втора мајка во жената.
Ауууу.... Не, фала. Ама некои мажи се супер додека не се оженат. После е друга песна. Не мора се да знае, ама да не очекува од жена му да биде слуга. Ако почнам да пишувам ќе отидам оф топик. Таа личност да ми е маж, не би го трпела. Ако не му е зготвено, оди јаде надвор. Го мрзи да стане чаша вода да си земе.
Istoto go napishav vo drugata tema za domakinjkite i me napadnaa site t.e. deka ako samo mazhot raboti, a zhenata domakjinka, taa nema nishto da mu kupi na deteto. Pa tuka ideshe citiranje od odredeni chlenki za toa deka ne e se vo materijalnoto. Kako ako tatkoto ne raboti i ne mu kupi nishto na deteto ne e prifatlivo, a ako majkata ne raboti i ne mu kupi nishto na deteto e vo red? Taka shto isto e, rabotosposoben chovek shto ne saka da raboti e mrza.
Точно, ама кога пишуваа за тоа жените што не работат, што се грижат за домот и децата, веднаш скокаа, епа мажот ако оди на работа, а жената не, нормално повеќе таа се грижи за домот, нема да го чека мажот од работа да дојде и ручек да направи, е сега кога ќе дојде мажот од работа ќе си мие садови, ќе си чисти, никој дома не му е слуга на никој. Маж што не фаќа по дома ништо, колку и да заработува, џабе е.
Ама мене ми рипнаа кога пишав дека додека чистам, маж ми за тоа време ги шета децата, ми пишаа зошто не било обратно, ете така се договоривме, некогаш заедно чистиме, некогаш еден изнесува деца надвор, еден чисти, и потоа сите заедно одиме некаде. Зависи и од децата, има мирни, има и немирни, и подобро некој да ги изнесе надвор додека едниот чисти. А и за пазарењето не било ништо, сметки плаќање, е како не е, маж ми додека пазари, јас ќе завршам многу работи, некои мажи не сакаат ни во маркет да влезат, некогаш заедно пазариме, некогаш јас, некогаш маж ми, едниот чува и заспива деца по дома. Се е со договор помеѓу партнерите и никој не треба да се меша. И некој треба децата да ги носи и зима од градинка, или заедно или било кој, зависи и од работното време, кој може тој.
Не треба да има двојни аршини. Двете страни треба да си ги извршуваат домашните обврски подеднакво. Но и да придонесат финансиски за да се справат полесно со потешкотии. И кога едниот останува без другиот.
Секоја ситуација е преспецифична за да постои толкава генерализација. Ако двајцата работат 8-4, ај може да збориме за релативно еднаков домаќински придонес, иако може тој да работи седнат пример, а жената на нога да е 8 саати. Ама ако ставиш во математика дека и жени и мажи работат во смени, викенди, ноќе, имаат 24 часовни дежурства, можеби се шофери и со недели ги нема, може е војник пример и по 2 недели се обично во касарна... итн. Нема универзално правило. Универзален е само договорот меѓу двајцата, друго ништо не е. Ако маж ми денес работи до 8 навечер, а јас во 4 сум дошла, сигурно нема да го чекам до 8 да направи јадење или да среди дома, чисто ради еднаквост да докажам. Некогаш читајќи ги темиве мислам дека луѓево влегуваат во брак од погрешни причини. Таа личност ти е партнер, најблиско семејство, најдругар. Ако со таа личност не играш за истиот тим, пиши пропало. Сами си ги бираме партнерите, може да се договориме секако, нема да се водам по браковите на другите, туку според тоа што на нас двајца ни одговара и што е најдобро за нас двајца во тој момент на постоењето. Исто како и другата тема, не разбирам вакво разглабање на туѓи животи и избори. Не бидете со мажи кои се понашаат како да ви се деца.
И за у темава сум Маж ми беше домаќин година и нешто оти заработував дупло од него а детето не знае само да се чува Првиот месец беше ужасен Само за детето, за по дома ништо. Ама и јас бев полабава со работа па ќе готвев за два дена и некако не му стана навика Е после сфативме дека убаво готвел, а јас за кујната бев со папочна врвца врзана И се оправи со готвењето, ама и ден денес машината му е слаба точка. Јбг, не може за сѐ да го бива Сега пак почна да работи ама сега е усогласен со градинката на детето и супер функционираме вака. Делиме домаќинството, јас од сабајле тој поручек додека работам. Иначе домаќин у смисла на пари , е. Многу лета со некои непотребни глупостарии кои што не се баш приоритет, ама седат на wish list и стално ми ги збори Некогаш знае да ми се избаци со филадендрон или како и да се вика, ама тоа му беше апла мерак. А и он ќе си го чува, јас ќе ги умрам сите цвеќиња. Антиталент А да, имаше и еден down период заради некои работи, е тогаш беше малку незаинтересиран за дома, ама има и такви (среќа кратки) периоди Сега е полн ентузијазам дека се врати у "шема" со работата
Јас се згрозив од фактот дека има маж што 5 години денар не донел дома(ама сите пејачи во секоја кафана го знаеле), а има жена и дете за издржување. Ама не е еден, многу такви има. Не да е мрза, екстра мрза. Каква е таа мајка или татко што 5 години нема да купи ништо, ама баш ништо на своето дете? Ако е така, не заслужува тоа лице да биде родител. Жално. И жената е глупава ако се дозволува некое такво мрзливо ѓубре да ја молзе и унакази. Само инвалиди и лица со посебни потреби се за жалење, а за здрави и прави да ми кажуваат како нив 10-20 години не им се посреќило да заработат барем за живот, не мора за јахти, тоа не ми се читаат такви патетики.
точно, во Македонија има многу вакви, ама сите знаат за каков се мажат. јас на пример не можам да се пожалам, маж ми работи две работи, а и моментално бидејќи ја започнав мој бизнис и сум уште на почеток целосно финансиски допридонесува за дома, околу домашните обврски сме поделени, односно тој знае се да прави, готви, чисти, пегла и целосно подеднакво се грижи за детето со мене колку што може, затоа што почесто е отсутен од дома заради работата, кога ќе ме прашаат луѓе од страна како е таков јас им одговарам дека така си го земав воспитан од дома, од мајка му и татко му, јас не го воспитував. живееме во еден двор со неговите и они се свесни колку он придонесува и дека дома готви и чисти и дете чува за ја да излезам со другарки, па никогаш до сега ништо не промрчиле дека ќе му падне круната, напротив, од нив имам целосна подршка.
Според мене, двајцата да си работат и двајцата дома да си средуваат. Тоа се домаќини луѓе, домаќинска фамилија... и пари заработени и дома средено. (кај нас уште вториот дел да го усовршиме, и може ќе ја имаме титулата домаќини ... растуренки сме, децата ни се експерти во тоа, ама и нив ги учиме сега како што растат) Е сега, кој како си милува, јас кажувам како за мене е идеално.
Домаќин порано го користеле за маж кој си ги чува парите ко очите во главата. Денеска таквиот маж, Циција го нарекуваме
Баба ми и порано за таквите мажи велеше дека се скржави, а дедо ми па обратно, дека биле домаќини. Па не е убаво да е скржав, ама па и не е убаво да се расфрла со пари за беспотребни работи, или како некои што има, за дома ништо не купуваат, ама ги трошат парите по кладилници, за алкохол, и по кафани частат се живо, да се покажат пред народ. Еее колку знам вакви.
80% се такви, алкохол, цигари, кладилници, кафани, кафичи секој ден, домаќинлук во вистинска смисла на зборот е умрен, за жал. Капак на се, е ако освен сето ова, седи дома и не работи НИШТО. Арно пишав претходно, со оглед на навиките на населението, овдека има премногу бракови и премногу деца. Реално, со оваа сиромаштија, оваа неодговорност, и таа мала бројка на бракови и деца е превисока. Народов си страда и од лоши навики. Маж што седи само дома, не работи, може да биде лоша куќна помошничка, никаков домаќин.
Дедо ми беше домаќин во вистинска смисла на зборот. Ќе станеше во 5,ќе се напише кафе, ќе напраеше и за баба ми. Ќе се стокмеше и заминеше на работа. За тоа време баба ми исто вистинска домаќинка ќе ги спремаше 3те деца за на школо уште од вечерта. Па ќе станеше ќе заминеше шивачка во фабрика, ќе си дојдеше дедо ми ако требаше низ куќа да се среди нешто мајстролок не го оставаше така. Баба ми ќе спремеше храна и сите среќни. До ден денес ни еден лош збор си немаат речено еден на друг и се бакнуваат
Vo drugata tema ulogata na tatkoto beshe sporedena so ova: koga idesh na shishanje, ne sakash d a te shisha krojach (vo smisla tatkoto ne mozhe da se grizhi i da uchestvuva vo obvrskite okolu deteto kako majkata.) Taka shto tolku od svesta na lugjeto vo ovaa drzhavichka, so taa komparacija se e kazhano.